Членовите на мрежата СТЕП од регионите Полог и Елбасан ја организираа првата заедничка работилница за креирање заеднички туристички пакети

На 04 и 05 Март 2019, во Хотел Скардус, Попова Шапка, Тетово, во рамките на „СТЕП – проект за зајакнување на иновативен туризам” се одржа дводневна работилница за креирање на заеднички туристички пакети од регионите Полог и Елбасан.

На работилницата присуствуваа повеќе од 50 субјекти што се занимаваат со туристички дејности, туристички агенции, хотели, хостели, ресторани но и лица кои поседуваат сопствени сместувачки капацитети во полошкиот регион и регионот на Елбасан. Како резултат на дводневната работилница беа поставени основите за развивање на на  туристички пакети кои подоцна ќе бидат презентирани на специјализирана дигиталната платформа за промоција на туризмот – Itopa.

Четири одделни групи работеа на развивање на различни туристички пакети кои се главно фокусирани на содржини кои се интересни за туристите токму во овие региони и тоа: – авантура и екологија, рурален туризам и историја, култура и гастрономија. Неколкудневните заеднички пакети од двете страни на границата ќе служат како основа за развивање на на  подпакети кои пак ќе  може да се користат од страна на туристички агенци или други профилирани субјекти за обезбедување на вакви услуги.

Проектот го спроведува Фондацијата Метаморфозис со партнерите, Центар за развој на Полошкиот плански регион и Советот на округот Елбасан, и е финансиран од страна на Европската унија 

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на проектот: “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), започна со реализација на Регионални форуми за идентификација на проектни идеи во регионот.

На 07.03.2019 година, со почеток во 12:00 часот, во ресторан Дриада, с.Гајре, Тетово, се одржа третата регионална форумска сесија во рамки на програмата Регионални форуми во заедницата.

На третата форумска сесија се направи краток осврт на претходните форумски сесии, се презентираа уште еднаш петте проектни концепти и се објасни начинот на гласање. Првите три предлог-проекти кои добија најмногу гласови од работните маси ќе се претстават пред Советот за развој на Полошкиот плански регион и истите ќе бидат предложени на донаторот – Швајцарската Агенција за развој и соработка, за финансирање.

Работните маси одлучија за трите приоритетни проекти во Полошкиот регион, односно:

1. Паметни Инфо и Промо Центри (Smart Tourist Info and Promo Offices);

2. Основање на бизнис инкубатор во Полошкиот регион; 3. Уредување на планинско рекреативни патеки на Шар Планина и Сува Гора.

The Center for Development of the Polog Planning Region has started with the realization of Regional forums for identification of project ideas in the region, one of the activities within the project: “Sustainable and Inclusive Balanced Regional Development” financially supported by the Ministry of Local Self-Government and the Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC).

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на проектот: “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), започна со реализација на Регионални форуми за идентификација на проектни идеи во регионот.

На 18.02.2019 година, со почеток во 12:00 часот, во хотел Скардус, Попова Шапка, се одржа првата регионална форумска сесија во рамки на програмата Регионални форуми во заедницата.

Првата форумска сесија беше отворена од страна на Министерот за локална самоуправа, г-дин Сухејл Фазлиу, Претседавачот на Советот за развој на Полошкиот плански регион, г-ѓа Теута Арифи и Директорот на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, г-дин Фатмир Саити. Меѓу присутните беа и останатите Градоначалници на општините од Полошкиот плански регион, Претседателите на општинските Совети, претставници од Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), претставници од Бирото за регионален развој и останати претставници од јавниот и приватниот сектор. Во рамките на оваа програма предвидени се четири форумски сесии преку кои ќе се одберат приоритетни проекти и ќе бидат предложени на донаторот – Швајцарската агенција за развој и соработка, за финансирање.

По завршувањето на форумскиот процес, Швајцарската агенција за развој и соработка ќе одобри еден проект кој Центарот за развој на Полошкиот плански регион ќе го реализира во текот на 2019 година.

Преку партиципативен пристап, претставници од единиците на локална самоуправа од Полошкиот плански регион, бизнис секторот, невладините организации и граѓаните од Полошкиот плански регион, дискутираа за приоритетните проблеми кои го засегаат регионот и за истите предложија приоритетни решенија.

Учесниците на првата форумска сесија идентификуваа проблеми и решенија од областа на животната средина, туризмот, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија, кои воедно се дадени како приоритети за финансирање од страна на донаторот.

Согласно предложените приоритетни проблеми и решенија за истите, беа идентификувани 5 прифатливи предлог концепти, и истите ќе бидат презентирани за време на втората регионална форумска сесија која ќе биде организирана на 26.02.2019 година. .

ПОКАНА

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА


Центарот за развој на Полошки плански регион во рамките на проектот: ”Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од страна на Министерство за локална самоуправа и Швајцарска Агенција за развој и соработка (SDC), започнува со реализација на Регионалните форуми за идентификација на проектни идеи во регионот. За таа цел ќе ни претставува особена чест и задоволство да присуствувате на форумските сесии. Првата форумска сесија ќе се одржи во понеделник на 18.02.2019 година во Хотел Скардус, Попова Шапка, со почеток во 12:00 часот.


Центар за развој на Полошки плански регион Раководител,
Фатмир Саити