Биланс на приходи и трошоци

 Биланс на приходи и трошоци

Линкот за 2019 Биланс на приходи и трошоци:2019 Биланс на приходи и трошоци

Линкот за 2020 Биланс на приходи и трошоци:2020 Биланс на приходи и трошоци

Линкот за 2021 Биланс на приходи и трошоци:2021 Биланс на приходи и трошоци

Линкот за 2022 Биланс на приходи и трошоци:2022 Биланс на приходи и трошоци:

Линкот за 2023 Биланс на приходи и трошоци: 2023 Биланс на приходи и трошоци

ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2024 ГОДИНА

ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2024 ГОДИНА

Одржувањето на првата форумска сесија на 10.11.2023 година го најави започнувањето на процесот на Регионални форуми во заедницата во Полошкиот плански регион, на кој учествуваа околу 50-тина претставници од деветте општини од Полошкиот плански регион (невладини организации, претставници од бизнис секторот, советници од Советите на општините), кои активно дискутираа, презентираа реални проблеми, а воедно предлагаа и решенија како да се надминат проблемите со цел да се подобрат условите за живот на сите жители во регионот, што е од особено значење за успешна реализација на регионалниот форумски процес. Процесот е поддржан и финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ, преку проектот ,,Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј’’ – 2 фаза, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Полошкиот плански регион.

На оваа сесија учесниците предлагаа проектни идеи за Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година, каде на располагање се околу 55 милиони денари за имплементација на проекти од регионално значење.

Во периодот кој што следува, врз основа на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија ќе се развијат концептни решенија кои понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Полошкиот плански регион, како и пред присутните учесници на втората форумска сесија, која е планирана да се одржи на 01.12.2023 година.

Работилница од областа на урбано и транспортно планирање -за проектот План за одржлива урбана мобилност

Работилница од областа на урбано и транспортно планирање за проектот План за одржлива урбана мобилност

 

На ден 20.12.2022 година се одржа работилница организирана од страна на Центарот за развој на Полошки плански регион со тема: „Просторната трансформација на регионот, во однос на урбаниот развој на општините и мобилноста во и меѓу општините во регионот“, на која присуствуваa градоначалниците на општините, претставници на општините од секторот урбанизам и сообраќај, претставници на Министерство за внатрешни работи и засегнати страни од Полошкиот регион. На работилницата извршена е презентација за развој на урбаната мобилност од страна на консултанти на општина Тетово претставници на фирмата, Open Urban Practice- OUP, како и презентација на од извршената анлиза на постојна состојба и транспортен модел (base scenario) од страна на консултантот на ЦРППР, 24 ИНГ дооел Битола – APPIA doo Ljubljana, Slovenia.

VII- Сотанок на Советот за развој на Полошки плански регион

 

VII– Сотанок на Советот за развој на Полошки плански регион

На 15.12.2022 година во салата за состаноци на УЕЈЛ се одржа седмата седница на Советот за развој на Полошки плански регион.

На оваа седница се разговараше за многу значајни прашања поврзани со развојот на планскиот регион Полошки, каде како точка на дневен ред беше изборот на нов директор на Центарот за развој на Полошки плански регион за периодот јануари 2023. – јануари 2027 година, каде со гласање на сите градоначалници беше избран досегашниот директор Фатмир Саити.

Исто така на оваа седница беше одлучено претседтел на Советот за развој на Полошки плански регион за втората година да биде избран градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

На овој состанок беше одобрен и проектот за грантовата шема, кој беше приоритизиран на вториот регионален форум од учесниците на форумот.

ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2023 ГОДИНА

ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2023 ГОДИНА

На 13.12.2022 (Вторник) со почеток во 11:00 часот во просториите на „Ресторан Електра Гарден“ во с.Брвеница се одржа втората (последователна) сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“- II фаза, што се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој е подджан на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ.

На оваа форумска сесија беа презентирани 5 (пет концепт решенијата за предлог проектите за Грантова шема и презентација на 5 (пет) концепт решенија од листата на предлог проекти за Програмата за рамномерен регионален развој на БРР/МЛС за 2023.

На втората форумска сесија се образложија критериумите за избор на проекти како и начинот на гласање од Грантова шема. По презентирање на проектите се изврши избирање т.е рангирање на концептните решенија од грантовата шема.

Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.

Одржана обука за подобрување Комуникациските Вештини

Одржана обука за подобрување Комуникациските Вештини

 

На 29.11.2022 година, Центарот за развој на Полошки плански регион, го организираше работилницата за ефективно комуницирање и подигнување на видливоста на регионалниот развој на која учествува вработените од Центарот заедно со претставници од општините, невладиниот сектор и бизнис заедницата каде меѓу другото имаа можност да се запознаат со креирање на ПР план и бриф, како и тренининг за јавни настапи.

Беше истакнато и беа донесени заклучоци дека сите засегнати страни со подобрување на личните и на заедничките комуникациски вештини заедно можат да придонесат кон подобра транспарентност и промоција на регионалниот развој и развојните ресурси.

Работилницата беше дел од предвидените активности во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2, финансиски поддржан од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа.

ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2023 ГОДИНА

ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2023 ГОДИНА

Одржувањето на првата форумска сесија на 16.11.2022 година го најави започнувањето на процесот на Регионални форуми во заедницата во Полошкиот плански регион, на кој учествуваа околу 50-тина претставници од деветте општини од Полошкиот плански регион, невладини организации, претставници од бизнис секторот, советници од Советите на општините, кои активно дискутираа а воедно предлагаа и решенија како да се надминат проблемите со цел да се подобрат условите за живот на сите жители во регионот, што е од особено значење за успешна реализација на регионалниот форумски процес. Процесот е поддржан и финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ, преку проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – 2 фаза“

Првата форумска сесија беше поделена во два дела, се предлoжија проектни проблеми и идеи и по две Програми и тоа:

  • Програма за проекти преку Грантова шема на МЛС/СДЦ и
  • Програма за рамномерен регионален развој за 2023 година со

Во првиот дел по Програмата за Грантовата шема за Полошкиот плански регион предвидено е да се доделат средства околу 20 милиони денари. За таа цел присутните на форумот имаа можност да идентификуваат и дефинираат приоритетни регионални проблеми за секоја од претходно утврдените приоритетни области.

Во вториот дел од денот учесниците предлагаа проектни идеи и проблеми по Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година, каде на располагање се околу 55 милиони денари за имплементација на проекти од регионално значење.

Во периодот кој што следува врз основа на идентификуваните предизвици од првата форумска сесија ќе се развијат концептни решенија и по двете Програми кои понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Полошкиот плански регион како и пред присутните учесници на втората форумска сесија, која е планирана да се одржи кон крајот на месец ноември, почеток на месец декември 2022 година.

  Покана за првата форумска

 

Покана за првата форумска

Центар за развој на Полошки плански регион во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој II-фаза“ кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Бирото за регионален развој во соработка со Центарот за развој на Полошкиот регион, почнува со реализација на новиот циклус на  Регионални форуми 2022.

Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на првата форумска сесија која ќе се одржи на 16.11.2022 година со почеток од 11 часот, во просториите на Ресторан Електра Гарден с.Брвеница.

На овој форум ќе се работи со две програми: Програмата за инвестициски проекти со дигитална компонента од грантовата шема и Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година.

Бараме од општините за да испратат максимум 7 (седум) претставници, и тоа (2 претставници од општината, и 5 (пет) од другите засегнати страни: општински советници, претставници од невладини организации, претставници од бизнис секторот, преставници од месните заедници, претставници од стопанските комори, претставници од општински јавни претпријатија.

При изборот на претставниците треба да имате во предвид структурата да биде минимум 40% жени и најмалку 20% млади.

 

Во прилог Ви ја испраќаме Поканата и  Агендата за форумот.

1.Покана за првата форумска сесија 

2.ДНЕВЕН РЕД

Повторена објава на ЈАВЕН ОГЛАС

Центарот за развој на полошки плански регион  (ЦРППР) и Центарот за истржувања (innovative Center for Applied Research and Education – iCARE-)  во рамки на проектната апликација “Стратешко планирање (истражување и развој на студии) и креирање на пакет проекти за регионален развој на Полошкиот регион согласно критериумите за регионалност на БРР”, при Бирото за регионален развој во програмата за регионален развој за 2022-2023, со цел реализирање на проектната активност “Управување на знаењeто,информацииите и податоците произлезени од студиите, преку iCARE”, објавува:

Повторена објава на ЈАВЕН ОГЛАС

за ангажирање на следните експерти

 

  1. Експерт во Анализа на Податоци – ГИС/ Просторни податоци 

Работни задачи:

  • Спроведување на работните задачи зададени од дата науникот (Дата анализа на простор)
  • Иницирање на истражувања од областа на просторното планирање
  • Координација со чинителите: Дата научник и дата аналисти, ЦРППР Општини, Академија
  • Насочување на истражувањата и анализа на податоците за просторот
  • Кооридинација на истражувањата на iCARE во областа на просторното планирање
  • Надгледување на истражувањата во областа на просторното планирање

Критериуми:

  • ВСС Информатички науки/ ГИС/ Архитектура 240 ЕКТС
  • Магистер на науки 120 ЕКТС – (Предност)
  • Минимум  3 години работно искуство
  1. Експерт во Анализа на Податоци – Бизнис Анализа 

Работни задачи:

  • Спроведување на работните задачи зададени од дата науникот (Бизнис анализа, дата анализа на бизнис опкружување)
  • Иницирање на истражувања за развој на бизнисот и условите
  • Координација со чинителите: Дата научник и дата аналисти, ЦРППР Општини, Академија
  • Насочување на истражувањата и анализа на податоците за бизнисот
  • Кооридинација на истражувањата на iCARE во областа на бизнис анализата, развој на бизнисот, развој на услови за бизнис
  • Надгледување на истражувањата во областа на бизнис анализа

Критериуми:

  • ВСС Информатички науки/ Бизнис Информатика / Бизнис / Економија / Технички факултети 240 ЕКТС
  • Магистер на науки 120 ЕКТС – (Предност)
  • Минимум  3 години работно искуство

 

 

  1. Експерт во Анализа на Податоци – Животна средина

Работни задачи:

  • Спроведување на работните задачи зададени од дата научникот ( Дата анализа на влијание врз ж.средина)
  • Иницирање на истражувања за подобрување на животната средина (воздух, вода, отпад, бучава и метеж)
  • Координација со чинителите: Дата научник и дата аналисти, ЦРППР, Општини, Академија
  • Насочување на истражувањата и анализа на податоците за ж.средина на територија на општинте и регионот
  • Кооридинација на истражувањата на iCARE во областа на јавна капитална инфраструктура од областа на ж.средина
  • Надгледување на истражувањата во областа на ж.средина

Критериуми:

  • ВСС Информатички науки/ Градежништво/ Архитектура 240 ЕКТС
  • Магистер на науки 120 ЕКТС – (Предност)
  • Минимум  3 години работно искуство

 

Исполнувањето на критериумите се докажува со соодветна документација од релевантни организации

 

Напомена: Ангажманот е условен со потпишување на Договор за спроведување на проектот, помеѓу ЦРППР и Министерството за Локална Самоуправа, односно Бирото за Регионален Развој на РСМ

 

Сите позиции се за една година од денот на потпишување на договор.

Сите позиции се хонорарни со 4 часа работно време 

Бруто износот кој ќе се исплаќа изнесува 38.437 МКД 

Пријавувањето е електронски на следните е-мајл адреси: info@rdcpolog.mk, manager@rdcpolog.mk или во хартиена форма преку архивата на ЦРППР.

Пријавата треба да содржи: Кратка биографија и Мотивациско писмо

Огласот е објавен на веб страната на ЦРППР: www.rdcpolog.mk

Краен рок за пријавување е 09.11.2022

 

 

 

АНКЕТА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАВИКИТЕ ЗА ПАТУВАЊА ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН

 

АНКЕТА ЗА ИСТРАЖУВАЊЕ НА НАВИКИТЕ ЗА ПАТУВАЊА ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН

 

Komuna e Tetovës / Општина Тетово

Komuna e Gostivarit – Општина Гостивар

Општина Брвеница / Komuna e Bërvenicës

Jegunovce Municipality

Komuna e Tearcës / Општина Теарце

Општина Маврово и Ростуше

Želino Municipality

Komuna e Vrapçishtit

Komuna e Bogovinés

 

линк: https://forms.gle/NLvFTvFTcMZMunNg9

 

На анкетата повикани се да одговорат сите жители на Полошкиот регион.

Ви благодариме на соработката