ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2023 ГОДИНА
На 13.12.2022 (Вторник) со почеток во 11:00 часот во просториите на „Ресторан Електра Гарден“ во с.Брвеница се одржа втората (последователна) сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“- II фаза, што се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој е подджан на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ.
На оваа форумска сесија беа презентирани 5 (пет концепт решенијата за предлог проектите за Грантова шема и презентација на 5 (пет) концепт решенија од листата на предлог проекти за Програмата за рамномерен регионален развој на БРР/МЛС за 2023.
На втората форумска сесија се образложија критериумите за избор на проекти како и начинот на гласање од Грантова шема. По презентирање на проектите се изврши избирање т.е рангирање на концептните решенија од грантовата шема.
Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.
No comment yet, add your voice below!