Општина Боговиње

Градоначалник: АЉБОН ЏЕМАИЛИ

Општина Боговиње е општина во северозападниот дел на Северна Македонија. Центар на општината е село Боговиње.

Општина Боговиње, која зафаќа површина од 141,65 км2, се граничи на север со Општина Тетово, на исток со општина Брвеница, на југ со општина Врапчиште и на запад со Република Косово.

Според новата територијална организација од 2004 година (припојување на Општина Камењане), општина Боговиње брои 28.997 жители.

Линк до веб страната на општината: http://komunabogovine.gov.mk/

Градоначалник: ЕНВЕР ПАЈАЗИТИ

Општина Брвеница е општина во северозападниот дел на Северна Македонија. Центар на општината е село Брвеница.

Општината, која зафаќа површина од 164,3 км2, е формирана во 1996 година со Законот за територијална организација на Р.С. Македонија. Пред 1996 година, територијата на општина Брвеница беше составен дел од општина Тетово. Брвеница е рурална општина и граничи со општините: Тетово, Боговиње, Желино, Гостивар, Врапчиште и Македонски Брод. Низ општината поминува реката Вардар. Покрај реката Вардар, значајни географски форми во општината се Полошката Котлина и планината Сува Гора, која се протега низ целата општина. Во рамките на општината е и дел од езерото Козјак.

Според пописот на население од 2002 година, општината брои 15.855 жители.

Линк до веб страната на општината: http://www.brvenica.gov.mk.aspx

Градоначалник: ИСЕН ШАБАНИ

Општина Врапчиште е општина во западниот дел на Северна Македонија. Центар на општината е село Врапчиште.

Општина Врапчишта се наоѓа помеѓу градовите Тетово и Гостивар, во долината на Шар Планина, во северозападниот дел на Република Северна Македонија, која вклучува голем дел од полето Полог. Се граничи со општина Боговиње, Бервеница, Гостивар, а на запад со Република Косово. Како рурална средина, зафаќа површина од околу 192 км², со 28.100 жители.

Линк до веб страната на општината: https://komunavrapcisht.gov.mk/mk/

Градоначалник: АРБЕН ТАРАВАРИ

Општина Гостивар е општина во северозападниот дел на Република Северна Македонија. На територијата на општината извира најголемата македонска река Вардар. Седиште на општината е градот Гостивар.

Гостивар е општина која зафаќа околу 650 километри квадратни површини. Градот претставува административна, политичка, деловна и културна средина за околу осумдесетина илјади жители, од кои во самото градско јадро живеат речиси 36 илјади. Типична мултикултурна средина. Тука живеат Македонци, Албанци,Турци, Роми и други. Град кој претставува навистина убаво место за живеење, зашто нуди пријатна клима во сите периоди од годината извонредна местоположба, комуникации, услови за стопанисување, школување.

Старата општина Гостивар која опстојувала до 2004 година имала 49,545 жители, но сегашниот број на жители на општина Гостивар е 81,042.

Линк до веб страната на општината: http://gostivari.gov.mk/mk/pocetna/  

Градоначалник: БЛЕРИМ СЕЈДИУ

Општина Желино е општина во Полог, Тетовско, западен дел на Северна Македонија. Седиште на општината е село Желино.

Општина Желино зафаќа површина од 201,04 км2.

Според проценка од 2016 година, општина Желино брои 28.044 жители.

Линк до веб страната на општината: https://zhelina.gov.mk/  

Градоначалник: ДАРКО БЛАЖЕСКИ

Општина Јегуновце е општина која се наоѓа во северозападниот дел на Долни Полог, западниот дел на Северна Македонија. Седиште е село Јегуновце.

Преку неа води и регионалниот пат Р-1203 кој што има меѓународно значење. Исто така тука поминува и железничката пруга Скопје – Тетово – Кичево. Се граничи со општините: Теарце, Желино и Сарај, како и со државната гранична линија со Република Косово. Општина Јегуновце зафаќа површина од 174 км².

Според пописот од 2002 година, општината брои 10.790 жители.

Линк до веб страната на општината: https://opstinajegunovce.gov.mk/

Градоначалник: МЕДАТ КУРТОВСКИ

Општина Маврово и Ростуше е општина во западниот дел на Република Северна Македонија. Формирана е во 2004 година со спојување на општините Маврови Анови и Ростуша. Центар на општината е селото Ростуше. На југ се граничи со Општина Дебар, на исток со Општина Кичево, а на север со Општина Гостивар. Општината зафаќа површина од 663,19 км2.

Согласно последниот попис од 2002 година, општината брои 8618 жители.

Линк до веб страната на општината: http://www.mavrovoirostuse.gov.mk/?page_id=48

Градоначалник: ИСЕН АСАНИ

Општина Теарце е општина во северозападниот дел на Северна Македонија. Центар на општината е село Теарце.

Општината, која зафаќа површина од 136,55 км2, се наоѓа во областа Долни Полог, северно од градот Тетово. На исток и југоисток граничи со Општина Јегуновце, на југ со Општина Тетово, додека на северозапад допира до македонско-косовската државна граница.

Според пописот од 2002 година, општината брои 22.454 жители.

Линк до веб страната на општината: https://www.tearce.gov.mk/

Градоначалник: ТЕУТА АРИФИ

Општина Тетово е општина во западниот дел на Р.С. Македонија. Центар на општината е градот Тетово.

Тетово се наоѓа на северозападниот дел на Република Северна Македонија, на падините на Шар Планина, односно на Долната Полошка Котлина. Денеска општината Тетово зафаќа простор од 261, 89 км2, а заедно со новосоздадените општини произлезени од неа и кои и до ден денеска гравитираат кон неа, таа површина изнесува 1.053 км2.

Тетово се наоѓа на 460 – 500 метри надморска височина и има умереноконтинентална котлинска клима со просечна годишна температура од 11,6 °C.

Гледано од демографски аспект, Општина Тетово е мултиетничка средина со 86.580 граѓани и претставува една од најголемите општини по број на жители во Северна Македонија.

Линк до веб страната на општината: https://www.tetova.gov.mk/default.aspx?lan=2