Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион (ЦРППР) е основан во Мај 2008год. според Законот за рамномерен регионален развој. Центарот за развој на Полошки плански регион е правен субјект кој што го основаат сите единици на локална самоуправа кои што влегуваат во состав на Полошкиот плански регион.
Центарот е регистриран пред компетентните државни институции според Законот за рамномерен регионален развој.
Центарот за развој на Полошки плански регион ги врши следниве активности:
- Подготвува предлог-програма за развој на Полошкиот плански регион,
- Подготвува предлог-акционен план за имплементација на програмата за развој на Полошки плански регион,
- Подготвува предлог-проекти за развој на Полошкиот плански регион,
- Ги координира активностите кои што се поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на Полошкиот плански регион,
- Подготвува годишен извештај за реализација на програмата за развој на Полошкиот плански регион,
- Обезбедува информаци до заинтересираните странки во текот на реализација на Програмата за развој на Полошки плански регион,
- Обезбедува професионална и техкнична поддршка за сите единици на локалната самоуправа во Полошкиот плански регион во текот на реализација на Програмата за развој на регионот,
- Поттикнува меѓуопштинска соработка во рамките на планскиот развој,
- Обезбедува професионална помош за заинтересираните организации за подготвување на проекти од областа на регионалниот развој,
- Ги промовира развојните можности на регионот и
- Врши професионална техничко-административна работа за потребите на Советот за развој на Полошкиот плански регион.