Skip to content

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

ДАТУМ

март 12, 2019

Категории

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на проектот: “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), започна со реализација на Регионални форуми за идентификација на проектни идеи во регионот.

На 18.02.2019 година, со почеток во 12:00 часот, во хотел Скардус, Попова Шапка, се одржа првата регионална форумска сесија во рамки на програмата Регионални форуми во заедницата.

Првата форумска сесија беше отворена од страна на Министерот за локална самоуправа, г-дин Сухејл Фазлиу, Претседавачот на Советот за развој на Полошкиот плански регион, г-ѓа Теута Арифи и Директорот на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, г-дин Фатмир Саити. Меѓу присутните беа и останатите Градоначалници на општините од Полошкиот плански регион, Претседателите на општинските Совети, претставници од Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), претставници од Бирото за регионален развој и останати претставници од јавниот и приватниот сектор. Во рамките на оваа програма предвидени се четири форумски сесии преку кои ќе се одберат приоритетни проекти и ќе бидат предложени на донаторот – Швајцарската агенција за развој и соработка, за финансирање.

По завршувањето на форумскиот процес, Швајцарската агенција за развој и соработка ќе одобри еден проект кој Центарот за развој на Полошкиот плански регион ќе го реализира во текот на 2019 година.

Преку партиципативен пристап, претставници од единиците на локална самоуправа од Полошкиот плански регион, бизнис секторот, невладините организации и граѓаните од Полошкиот плански регион, дискутираа за приоритетните проблеми кои го засегаат регионот и за истите предложија приоритетни решенија.

Учесниците на првата форумска сесија идентификуваа проблеми и решенија од областа на животната средина, туризмот, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија, кои воедно се дадени како приоритети за финансирање од страна на донаторот.

Согласно предложените приоритетни проблеми и решенија за истите, беа идентификувани 5 прифатливи предлог концепти, и истите ќе бидат презентирани за време на втората регионална форумска сесија која ќе биде организирана на 26.02.2019 година. .

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram