|
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2025
|
| за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЗЈП “Русино / Полог |
| 1) Центарот за развој на Полошкиот плански регион на предлог на Директорот на ЗЈП “Русино/ Полог, на веб страницата на ЦРППР https://rdcpolog.mk/ и на веб страницата на јавното претпријатие www.rusinolandfill.mk, објавува јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на управен одбор и 1 (еден) член на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЗЈП “Русино”– Полог, со седиште на Сушица, Гостивар. |
| 2) За член на управниот одбор на јавното претпријатие, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: |
– финансиското работење – правните работи – – техничките науки |
| 3) За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: |
– областа на дејноста на јавното претпријатие ЗЈП Русино/Полог – финансиското работење – правните работи. – технички науки |
4) Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
|
| 5) Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Центар за развој на Полошкиот плански регион или по пошта на адреса: ул.Илинденска бр. 335 Објект 602 1200 Тетово, со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен одбор/ надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење со назнака за позицијата за која се аплицира и јавното претпријатие за кое се аплицира“ |
| 6) Членовите на Управниот одбор/ надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува Советот за развој на Полошкиот плански регион
7) Член на управен/ надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор. 8) Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија. 9) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни денови, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 10) Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Центарот за развој на Полошкиот плански регион и на веб страницата на јавното претпријатие. 11) Краен датум за пријавување е 06.08.2025 година до 16.00h. 12) Кандидатите кои аплицираат за членови на повеќе управни/надзорни одбори за контрола на материјално – финансиско работење, потребно е да поднесат поединечно пополнета пријава за секоја позиција за која аплицираат. 13) Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. |
Информациски систем за регистрирање и управување со инфраструктура (подземен катастар)
Информациски систем за регистрирање и управување со инфраструктура (подземен катастар)
Проектот има за цел имплементација на напреден информациски систем за регистрирање и
управување со подземната инфраструктура на водоводните претпријатија во Полошкиот
регион. Системот ќе биде интегриран сите постоечки апликации и системи на водоводните
претпријатија најпрвин во Тетово и Гостивар и ќе создаде ефективен регистар кој ќе обезбеди
постојано ажурирање и поддршка за управување со подземните инфраструктурни елементи,
како и подобрено планирање на трошоците и замена на средствата.
Главна цел на проектот е да се изгради функционален и одржлив систем кој ќе ги регистрира и
управува со подземните инфраструктурни елементи, како и ќе обезбеди процес за нивно
одржување, замена и надгледување во реално време. Со ова, проектот ќе овозможи
поефикасно користење на ресурсите, ќе ја зголеми продуктивноста на тимовите и ќе го намали
ризикот од неочекувани дефекти или хаварии.
Активности:
1. Изработка на база на податоци – Првично централна база на податоци која ќе
складира информации за подземната инфраструктура, вклучувајќи ги податоците за
типот на елементи, материјалите, димензиите и датумите на изградба.
2. Регистар за управување со средства –Регистарот ќе биде основна алатка за ефикасно
собирање и организирање на податоци за инфраструктурата. Ќе опфаќа и
метаподатоци кои ќе овозможат идентификација и следење на сите елементи од
подземната инфраструктура.
3. ГИС компонента – Ќе се развие ГИС систем кој ќе овозможи просторни анализи на
инфраструктурата, како и изготвување на извештаи со клучни показатели (KPI) за
мониторинг на состојбата на средствата.
4. Систем за означување на инфраструктура (Tagging System) – Со овој систем ќе се
поставуваат уникатни ознаки на подземните инфраструктурни елементи, што ќе
овозможи лесно следење на нивната локација и состојба. Овие ознаки ќе бидат
поврзани со географски податоци и информации за локацијата на инфраструктурата.
5. Обуки за персоналот – Обуките ќе бидат обезбедени за крајните корисници на
системот и техничкиот персонал за максимално искористување на системот.
6. Мерни шахти и мониторинг – Проектот ќе имплементира модернизација и
рехабилитација на мерните шахти во општините Тетово и Гостивар за полесно
управување со водоснабдувањето.
Резултати:
1. Значително подобрено управување со подземната инфраструктура.
2. Поевтина и поефикасна замена и одржување на инфраструктурата.
3. Намалување на ризиците и време на реакција за дефекти.
4. Оптимизација на работните процеси и намалување на човечките грешки.
5. Зголемена продуктивност и подобрено задоволство на крајните корисници.
6. Подобрување на законската усогласеност со регулативата за подземната
инфраструктура.
Извор на финансирање: Финансирањето на проектот се обезбедува од програмата за
рамномерен регионален развој, преку БРР и МЛС).
Имплементацијата на овој проект ќе го подобри управувањето со подземната инфраструктура
на водоводните претпријатија во Полошкиот регион. Со воведување на напреден
информациски систем, ќе се овозможи поефикасно следење, одржување и планирање на
замената на инфраструктурата, намалувајќи ризици и трошоци. Проектот ќе обезбеди подобра
евиденција, зголемена продуктивност и поголемо задоволство на корисниците, додека ќе ги
исполнува законските регулативи за инфраструктурните ресурси.

Паметно ЛЕД Осветлување
Паметно ЛЕД Осветлување
Центар за развој на Полошки плански регион реализираше проект за подобрување на јавното осветлување „Паметно ЛЕД Осветлување“.
Центар за развој на Полошки плански регион активно работи на подобрување и унапредување
на инфраструктурата во Општините: Врапчиште, Теарце и Јегуновце преку спроведување на
проектот за Паметно ЛЕД Осветлување.
Главна цел на проектот: Ефективно осветлување за енергетско ефикасен регион
Што е опфатено со проектот?
Замена на старите и поставување на нови енергетско ефикасни светилки и тоа:
Општина Нови светилки
Теарце 889
Врапчиште 323
Јегуновце 200
Вкупно 1412
Проектни резултати: Со овој проект се создаваат подобри услови за јавното осветлување,
намалување на емисија на CO2, Заштеда на електрична енергија и трошоци за одржување,
зголемување на оперативната ефикасност за управување со осветлувањето, ефикасност во
планирање на идни заштеди на енергија
Извори на финансирање: Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада во соработка со
МЛС преку програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој Фаза – II.
Имплементацијата на проектот "Паметно Лед Осветлување" овозможи поставување на
иновативни светилки кои се енергетски ефикасни и поврзани со интелигентни платформи за
управување. Овие светилки имаат можност за автоматско прилагодување на осветленоста во
зависност од времето и условите во околината, која директно влијае врз намалувањето на
потрошувачката на електрична енергија и обезбедува поефикасно осветлување. Со далечинско
управување и мониторинг, се подобрува одржувањето и се зголемува сигурноста. (Проектот е
целосно реализиран)

Паркови за социјална инклузија во Полошкиот регион
Паркови за социјална инклузија во Полошкиот регион
2022- извршување на градежните работи и поставување на урбана опрема во сите девет општини на ППР

Подигање на техничките капацитетии на Регионаленото Претпријатие за управување со отпад РУСИНО
Подигање на техничките капацитетии на Регионаленото Претпријатие за управување со отпад РУСИНО
2024-Набавка на моторни Возила-Опрема за транспорт и помошна опрема за пренесување

Спортска сала во с.Врапчиште
Спортска сала во с.Врапчиште
Финансиран од Општина Врапчиште
Износ во МКД 20,000,000,00
Износ во УСД 340,000,00
Времетраење на проектот 2 години
Главни резултати на проектот Нова спортсска сала
Кеј Маздрача
Кеј Маздрача
Финансиран од Биро за Регионалер Развој, Министерство за транспорт и општина Врапчиште
Износ во МКД 12,000,000,00
Износ во УСД 200,000,00
Времетраење на проектот 1 година
Асфалтирање на локален пат во село Галате
Асфалтирање на локален пат во село Галате
Финансиран од Министерство за транспорт и Врски
Износ во МКД 12,000,000,00
Износ во УСД 200,000,00
Времетраење на проектот 2 години, завршено
Главни резултати на проектот Подобрување на локална патна инфраструктура
Асфалтирање на локален пат во село Зубовце
Асфалтирање на локален пат во село Зубовце
Финансиран од Министерство за транспорт и врски
Износ во МКД 12,000,000
Износ во УСД 200,000
Времетраење на проектот завршено
Главни резултати на проектот Нов Асфалтиран пат, подобрување на локална патна иунфрсатруктура
Заедничка противпожарна единица за општина Врапчиште и Боговиње
Заедничка противпожарна единица за општина Врапчиште
и Боговиње
Наслов на проектот: ЕУ Проект ИПА-Прекугранична соработка
Прекугранична заштита од пожариFIRESHEILD
Заедничка противпожарна единица за опстина Врапчиште
и Боговиње
Финансиран од EU
Износ во МКД 52,840,500,00
Износ во УСД 927,030,00
Времетраење на проектот Во тек на реализација 2021-2024
Главни резултати на проектот Формирање на меѓуопштинска противпозарна единица за oпштина Врапчиште и Боговиње
