Информациски систем за регистрирање и управување со инфраструктура (подземен катастар)
Проектот има за цел имплементација на напреден информациски систем за регистрирање и
управување со подземната инфраструктура на водоводните претпријатија во Полошкиот
регион. Системот ќе биде интегриран сите постоечки апликации и системи на водоводните
претпријатија најпрвин во Тетово и Гостивар и ќе создаде ефективен регистар кој ќе обезбеди
постојано ажурирање и поддршка за управување со подземните инфраструктурни елементи,
како и подобрено планирање на трошоците и замена на средствата.
Главна цел на проектот е да се изгради функционален и одржлив систем кој ќе ги регистрира и
управува со подземните инфраструктурни елементи, како и ќе обезбеди процес за нивно
одржување, замена и надгледување во реално време. Со ова, проектот ќе овозможи
поефикасно користење на ресурсите, ќе ја зголеми продуктивноста на тимовите и ќе го намали
ризикот од неочекувани дефекти или хаварии.
Активности:
1. Изработка на база на податоци – Првично централна база на податоци која ќе
складира информации за подземната инфраструктура, вклучувајќи ги податоците за
типот на елементи, материјалите, димензиите и датумите на изградба.
2. Регистар за управување со средства –Регистарот ќе биде основна алатка за ефикасно
собирање и организирање на податоци за инфраструктурата. Ќе опфаќа и
метаподатоци кои ќе овозможат идентификација и следење на сите елементи од
подземната инфраструктура.
3. ГИС компонента – Ќе се развие ГИС систем кој ќе овозможи просторни анализи на
инфраструктурата, како и изготвување на извештаи со клучни показатели (KPI) за
мониторинг на состојбата на средствата.
4. Систем за означување на инфраструктура (Tagging System) – Со овој систем ќе се
поставуваат уникатни ознаки на подземните инфраструктурни елементи, што ќе
овозможи лесно следење на нивната локација и состојба. Овие ознаки ќе бидат
поврзани со географски податоци и информации за локацијата на инфраструктурата.
5. Обуки за персоналот – Обуките ќе бидат обезбедени за крајните корисници на
системот и техничкиот персонал за максимално искористување на системот.
6. Мерни шахти и мониторинг – Проектот ќе имплементира модернизација и
рехабилитација на мерните шахти во општините Тетово и Гостивар за полесно
управување со водоснабдувањето.
Резултати:
1. Значително подобрено управување со подземната инфраструктура.
2. Поевтина и поефикасна замена и одржување на инфраструктурата.
3. Намалување на ризиците и време на реакција за дефекти.
4. Оптимизација на работните процеси и намалување на човечките грешки.
5. Зголемена продуктивност и подобрено задоволство на крајните корисници.
6. Подобрување на законската усогласеност со регулативата за подземната
инфраструктура.
Извор на финансирање: Финансирањето на проектот се обезбедува од програмата за
рамномерен регионален развој, преку БРР и МЛС).
Имплементацијата на овој проект ќе го подобри управувањето со подземната инфраструктура
на водоводните претпријатија во Полошкиот регион. Со воведување на напреден
информациски систем, ќе се овозможи поефикасно следење, одржување и планирање на
замената на инфраструктурата, намалувајќи ризици и трошоци. Проектот ќе обезбеди подобра
евиденција, зголемена продуктивност и поголемо задоволство на корисниците, додека ќе ги
исполнува законските регулативи за инфраструктурните ресурси.
No comment yet, add your voice below!