Информациски систем за регистрирање и управување со инфраструктура (подземен катастар)

Информациски систем за регистрирање и управување со инфраструктура (подземен катастар)

Проектот има за цел имплементација на напреден информациски систем за регистрирање и
управување со подземната инфраструктура на водоводните претпријатија во Полошкиот
регион. Системот ќе биде интегриран сите постоечки апликации и системи на водоводните
претпријатија најпрвин во Тетово и Гостивар и ќе создаде ефективен регистар кој ќе обезбеди
постојано ажурирање и поддршка за управување со подземните инфраструктурни елементи,
како и подобрено планирање на трошоците и замена на средствата.
Главна цел на проектот е да се изгради функционален и одржлив систем кој ќе ги регистрира и
управува со подземните инфраструктурни елементи, како и ќе обезбеди процес за нивно
одржување, замена и надгледување во реално време. Со ова, проектот ќе овозможи
поефикасно користење на ресурсите, ќе ја зголеми продуктивноста на тимовите и ќе го намали
ризикот од неочекувани дефекти или хаварии.
Активности:
1. Изработка на база на податоци – Првично централна база на податоци која ќе
складира информации за подземната инфраструктура, вклучувајќи ги податоците за
типот на елементи, материјалите, димензиите и датумите на изградба.
2. Регистар за управување со средства –Регистарот ќе биде основна алатка за ефикасно
собирање и организирање на податоци за инфраструктурата. Ќе опфаќа и
метаподатоци кои ќе овозможат идентификација и следење на сите елементи од
подземната инфраструктура.
3. ГИС компонента – Ќе се развие ГИС систем кој ќе овозможи просторни анализи на
инфраструктурата, како и изготвување на извештаи со клучни показатели (KPI) за
мониторинг на состојбата на средствата.
4. Систем за означување на инфраструктура (Tagging System) – Со овој систем ќе се
поставуваат уникатни ознаки на подземните инфраструктурни елементи, што ќе
овозможи лесно следење на нивната локација и состојба. Овие ознаки ќе бидат
поврзани со географски податоци и информации за локацијата на инфраструктурата.
5. Обуки за персоналот – Обуките ќе бидат обезбедени за крајните корисници на
системот и техничкиот персонал за максимално искористување на системот.
6. Мерни шахти и мониторинг – Проектот ќе имплементира модернизација и
рехабилитација на мерните шахти во општините Тетово и Гостивар за полесно
управување со водоснабдувањето.
Резултати:
1. Значително подобрено управување со подземната инфраструктура.
2. Поевтина и поефикасна замена и одржување на инфраструктурата.
3. Намалување на ризиците и време на реакција за дефекти.
4. Оптимизација на работните процеси и намалување на човечките грешки.
5. Зголемена продуктивност и подобрено задоволство на крајните корисници.
6. Подобрување на законската усогласеност со регулативата за подземната
инфраструктура.

Извор на финансирање: Финансирањето на проектот се обезбедува од програмата за
рамномерен регионален развој, преку БРР и МЛС).
Имплементацијата на овој проект ќе го подобри управувањето со подземната инфраструктура
на водоводните претпријатија во Полошкиот регион. Со воведување на напреден
информациски систем, ќе се овозможи поефикасно следење, одржување и планирање на
замената на инфраструктурата, намалувајќи ризици и трошоци. Проектот ќе обезбеди подобра
евиденција, зголемена продуктивност и поголемо задоволство на корисниците, додека ќе ги
исполнува законските регулативи за инфраструктурните ресурси.

 

 

Паметно ЛЕД Осветлување

Паметно ЛЕД Осветлување

Центар за развој на Полошки плански регион  реализираше проект за подобрување на јавното осветлување „Паметно ЛЕД Осветлување“.
Центар за развој на Полошки плански регион активно работи на подобрување и унапредување
на инфраструктурата во Општините: Врапчиште, Теарце и Јегуновце преку спроведување на
проектот за Паметно ЛЕД Осветлување.
Главна цел на проектот: Ефективно осветлување за енергетско ефикасен регион
Што е опфатено со проектот?
Замена на старите и поставување на нови енергетско ефикасни светилки и тоа:
Општина Нови светилки
Теарце 889
Врапчиште 323
Јегуновце 200
Вкупно 1412

Проектни резултати: Со овој проект се создаваат подобри услови за јавното осветлување,
намалување на емисија на CO2, Заштеда на електрична енергија и трошоци за одржување,
зголемување на оперативната ефикасност за управување со осветлувањето, ефикасност во
планирање на идни заштеди на енергија
Извори на финансирање: Проектот е финансиран од Швајцарската амбасада во соработка со
МЛС преку програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој Фаза – II.
Имплементацијата на проектот "Паметно Лед Осветлување" овозможи поставување на
иновативни светилки кои се енергетски ефикасни и поврзани со интелигентни платформи за
управување. Овие светилки имаат можност за автоматско прилагодување на осветленоста во
зависност од времето и условите во околината, која директно влијае врз намалувањето на
потрошувачката на електрична енергија и обезбедува поефикасно осветлување. Со далечинско
управување и мониторинг, се подобрува одржувањето и се зголемува сигурноста. (Проектот е
целосно реализиран)

Центар за развој на Полошки плански регион (ЦРППР)