Соопштение Одржана прва конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот плански регион

Соопштение

Одржана прва конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот плански регион

 

Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР) сака да ја информира јавноста дека на 14 Декември 2021, во Тетово се одржа првата конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот регион.

 

На седницата беа верификувани мандатите на Градоначалниците во својство на членови на Советот за развој на полошкиот плански регион за периодот 2021-2025. За нов претседател на Советот за развој на полошкиот плански регион беше избран Градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами.

Советот за развој на полошкиот регион донесе одлука за утврдување на цена по тон за одлагање на отпад во депонијата Русино. Исто така се донесе одлука  со која се предлага и одобрува идентификација на две локации за трансфер станици за отпад, во територијата на општина Тетово, Боговиње, Брвеница и Желино, како и нивно оперативно ажурирање во Регионалниот план за управување со отпад во полошкиот регион.

Пред присатните, од страна на претставници на консултантите во проектот “Управување со цврст отпад во полошкиот регион – Фаза 1” беа презентирани постигнатите резултати од имплементацијата на проектот како и активностите кои што претстојат во иднина.

 

Исто така Градоначалниците беа информирани за текот на имплементацијата на проектот за управување со кучиња скитници во полошкиот регион.

 

Со почит,

Центар за развој на Полошки плански регион – Тетово

 

Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија

Во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ кој Институт за демократија го спроведува со поддршка од Обединетото Кралство, се организираше дискусија посветена на локалните капацитети за управување со кризи во Република Северна Македонија.
Проектот цели кон зајакнување на стратешкото управување со кризи во осум избрани општини, и прикажување на процесот на развој на локални стратешки планови за намалување на ризици од несреќи и катастрофи.
Ендру Бренд, Раководител на програма во Британската Амбасада во Скопје рече:
„Ова лето бевме сведоци на големи шумски пожари во Северна Македонија. Toa има долгорочни ефекти и врз климата и врз егзистенцијата на локалното население. Националните влади треба однапред да планираат и да се подготват за вакви итни ситуации. Локалните власти треба да планираат стратешки и да можат брзо да одговорат на овие кризи. Начинот на кој јавноста реагира на криза има значително влијание врз нејзиниот исход. Граѓаните треба да бидат информирани и свесни, а ефективната координација помеѓу националните и локалните власти е од клучно значење кога се справуваме со кризи“.

Инфо сесија за споделување на искуства и научени лекции од пилотирањето на конституирањето на Советот за социјална заштита во еден плански регион

 

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Швајцарската Конфедерација и Министерството за локална самоуправа, организираше инфо сесија за споделување на искуствата и научените лекции од пилотирањето на конституирањето на Советот за социјална заштита во еден плански регион. Формирањето на Совети за социјална заштита е предвидено да се реализира во сите плански региони во државата, согласно Законот за социјална заштита. На инфо сесијата присуствуваа претставници од секоја општина во рамките на планскиот регион, како и  директори на центрите за социјална работа од подрачјето на Полошкиот плански регион. Инфо сесијата имаше за цел да ги презентира начините и чекорите кои ќе претходат на формирањето на регионалниот совет за социјална заштита, да ги претстави потребните документи кои ќе треба да бидат изработени, како и да ги запознае засегнатите страни со одговорностите и задачите за формирањето и функционирањето на ваквиот совет.

 

ИНФОРМАЦИЈА

ИНФОРМАЦИЈА

 

Почитувани,

Бизнис центарот при Центарот за развој на Полошкиот плански регион продолжува со обезбедување на менторска поддршка за аплицирање на тековниот Јавен конкурс на Фондот за иновации и технолошки развој, за инструментот за поддршка: “Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”.

Ги покануваме сите заинтересирани компании од Полошкиот регион кои планираат да аплицираат на објавениот Јавен конкурс на ФИТР, да се пријават за менторска поддршка на следниот линк:  https://forms.gle/9PfCoj512gtWsK7m6

Со пополнувањето на апликацијата на горенаведениот линк, компанијата се здобива со можност за добивање на бесплатна менторска поддршка при процесот на изработка на апликацијата за Јавниот конкурс на ФИТР.

Напомена: Бидејќи средствата за менторската поддршка се ограничени, редоследот на компаниите корисници на истата ќе се определуваат по принципот прв пријавен, прв услужен.

Детални информации за повикот можете да најдете на следниот линк:https://fitr.mk/komercijalizacija2021/или да се обратите до Центарот за развој на Полошкиот плански регион преку е-пошта на info@rdcpolog.mkили на телефон 044/618-062.

 

Со почит,

Центар за Развој на Полошкиот Плански Регион

Повик за проекти за меѓуопштинска соработка

Повик за проекти за меѓуопштинска соработка

УНДП во соработка со Бирото за регионален развој објавува повик за доставување апликации за грантови, во рамки на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“.

За потребите на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“, канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува повик за проекти за меѓуопштинска соработка (МОС).

Општата цел на проектот е да се обезбеди регионален и локален развој кој е инклузивен, родово-сензитивен, заснован на докази и целосно одговара на развојните потреби на најнеразвиените општини чии заедници се најпогодени од пандемијата со КОВИД-19.

Целта на повикот за проекти е зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа преку поддршка на иновативни модели на соработка утврдена во Законот за локална самоуправа како и/или постоечките законски облици на МОС како алатка за спроведување на политиката за регионален развој и подобрена испорака на услуги кон граѓаните. Дополнително, со цел да се подржи најавеното подобрување на целокупната законска рамка за МОС, преку воспоставување, функционирање и анализа на постигнатите резултати на иновативни модели на МОС, ќе се придонесе кон подготовка на сеопфатна оценка за можноста за проширување на постоечкиот број на облици на МОС како и измена и дополна на другите релевантни елементи на Законот.

Повикот за проекти за меѓуопштинска соработка ќе даде поддршка на општините во воспоставувањето и функционирањето на меѓуопштинската соработка во следниве области:

  • финансиско управување,
  • заштита на животната средина,
  • транспортот,
  • намалување на ризикот од катастрофи и
  • други области што традиционално се предмет на политиката за регионален развој на ЕУ.

Исто така, во рамки на овој повик, општините можат да аплицираат и ќе бидат поддржани да спроведуваат пилот-проекти кои се однесуваат на родовата еднаквост и проблемите идентификувани на инклузивен и партиципативен начин. Посебен фокус ќе се стави врз иновации при испораката на локални услуги на технолошко ниво, што ќе придонесе за искористување на можностите создадени со дигитализацијата и ќе ги подигне меѓуопштинската соработка и придобивките од ефикасноста на ново ниво. Дополнително, иновативни и традиционални облици на меѓуопштинска соработка ќе бидат подржани и во останатите области кои се во надлежност на единиците на локалната самоуправа.

Времетраењето на еден проект во рамките на оваа грант шема изнесува 9 (девет) месеци. Вкупниот износ за овој повик изнесува 350.000 УСД. Општините може да поднесат апликации за грантови за проекти за МОС во висина од 30.000 до 50.000 УСД (изразени во МК денари). Финансиските средства кои избраните ЕЛС ќе ги добијат во рамки на овој повик административно ќе се управуваат од страна на УНДП.

Општините кои изразуваат интерес да аплицираат на овој повик, на следните веб страници можат да ги превземаат Оперативните насоки заедно со Формуларот за апликација, образец за буџет како и потребните документи поврзани со пополнување на Индексот за општински развој:

Пријавите се примаат најдоцна до 13 август 2021 година, до 14:00 часот. Ниедна пријава нема да биде примена по истекот на рокот. Со цел за детално презентирање на оперативните насоки и формуларот за аплицирање, во периодот од 19 до 23 јули 2021 година, ќе се оддржат 8 инфо сесии на ниво на планските региони.

Симнете ги потребните документи

Јавен Повик

Јавен Повик

За постојан развој на руралните средини и руралните заедници потребно е здружување на сите
засегнати страни кои преку своите можности и активности можат да допринесат на развојот на
руралните средини посебно и на регионот поопширно.
Едно такво здружување е и здружението за рурален развој Локална Акциона Група Полог Лидер
Тетово кое се организира и делува на подрачјето на територијата на Општините Тетово, Желино и
Брвеница.
Центарот за развој на полошкиот плански регион – како носител на иницијативата на јавните
институции, покрај општинa Тетово, Желино и Брвеница, сега веќе членки на Локалната Акциона
Група Полог Лидер Тетово, ги охрабрува сите бизнис ентитети како и невладини организации од
подрачјето на овие три општини, да се приклучат кон здружението и да дадат свој придонес во
развојот на руралните средини.
Се објавува овој Јавен Повик со цел приклучување на сите заинтересирани страни на јавниот,
приватниот и невладиниот сектор кон Локалната Акциона Група Полог Лидер Тетово.
За зачленување во здружението може да не контактирате преку емаил адресата –
info@rdcpolog.mk, преку телефонскиот број – 044/618062 или директно во просториите на
Центарот за развој на полошкиот плански регион на ул. Његошева бр. 2 / кат I.
Јавниот повик ќе биде отворен до 08.06.2021.

Информација

Почитувани,

 

Бизнис центарот при Центарот за развој на Полошкиот плански регион продолжува со обезбедување на менторска поддршка за аплицирање на тековниот Јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, за финансирање под Инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф – СТАРТАПУВАЈ 3“.

Ги покануваме сите заинтересирани компании од Полошкиот регион кои планираат да аплицираат на објавениот Јавен повик на ФИТР, да се пријават за менторска поддршка на следниот линк:  https://forms.gle/wak9Yjw5e3MWTbGA7

Со пополнувањето на апликацијата на горенаведениот линк, компанијата се здобива со можност за добивање на бесплатна менторска поддршка при процесот на изработка на апликацијата за Јавниот повик на ФИТР.

Напомена: Бидејќи средствата за менторската поддршка се ограничени, редоследот на компаниите корисници на истата ќе се определуваат по принципот прв пријавен, прв услужен.

Детални информации за повикот можете да најдете на следниот линк: https://fitr.mk/startapuvaj3/   или да се обратите до Бизнис центарот при Центарот за развој на Полошкиот плански регион преку е-пошта на info@rdcpolog.mk или на телефон 044/618-062.

 

Со почит,

Центар за Развој на Полошкиот Плански Регион

Takim për realizim të bashkëpunimit mes Qendrës për Zhvillim të Rajonit Planor të Pollogut dhe Universitetit të Europës Juglindore

 

Sot, në hapësirat e UEJL, Qendra për Zhvillim të Rajonit Planor të Pollogut së bashku me Byronë për Zhvillim Rajonal të RVM, zhvilluan takim me rektoratin e Universitetit të Europës Juglindore, ku u diskutuan mundësitë e bashkëpunimit mes institucioneve publike dhe akademike, me qëllim të përpilimit dhe implementimit të projekteve për zhvillim rajonal të Pollogut dhe zhvillimin lokal të komunave të rajonit. Në takim prezent ishin Rektori i UEJL, Dr.Prof. Abdylmenaf Bexheti, Drejtori i Byrojosë për Zhvillim Rajonal, z. Ramiz Rexhepi, Drejtori i Qendrës për Zhvillim të Rajonit Planor të Pollogut, z. Fatmir Saiti, Pro-Rektori për Planifikim dhe Sipërmarrje Dr.Prof. Besnik Fetahi, si dhe Sekretari i Përgjithshëm i UEJL, z. Xhevair Memedi.

 

Милевски: Гостивар, Маврово и Попова Шапка добија три ПИП- Центри за туристички развој

Три паметни инфо и промо центри (ПИПЦ) во вредност од 6.437.054  денари се опремени во рамки на Полошкиот плански регион со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Тие ќе овозможат во иднина полесен пристап до информации и развој на туризмот во овој регион, зголемување на вработувањата како и инвестициите рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Воспоставувањето на трите нови, вмрежени ПИП Центри се готови и ќе бидат во функција во Гостивар, Маврово и Попова Шапка, кои што ќе работат и нудат услуги засновани на централна дигитална платформа, базирана на стандардизирани работни процеси и ефективно ќе собира податоци за однесувањето и преференциите на туристите, трансформирајќи ги во информации и знаење за ефикасно опслужување на туристите, појасни Милевски.

Според него најуспешен начин за подобрување на туристичката понуда е директна, лице-в-лице комуникација со туристите. Ова би се постигнало преку вкрстување на расположливите податоци и информации од сите канали на комуникација, како и преку дигитална платформа која овозможува размена на податоци во реално време за посетителите на туристичкото место. Проектот директно засега околу 176 илјади граѓани од овој регион.

– Како дел од проектот беше изградба и опремување на три ПИП Центри кои се поврзуваат со Дигитална платформа, која би била ажурирана со најнови релевантни податоци за туристички, авантуристички, угостителски, хотелски, музејски и сличен вид податоци, придружени со маркетинг и промотивни материјал и достапни во Центрите, како и обуки за опслужување, односи и комуникација на службениците кои ќе бидат вработени во центрите, рече Милевски.

Тој предвидува дека со овој проект ќе се зголеми бројот на инв

естиции преку стартап иницијативи за околу 6 проценти од вкупната туристичка понуда, зголемување на вработувањата во регионот за 1-2 проценти во првите 18 месеци, како и зголемување на бројот на туристи до 12 проценти.