Презентација за легислативата и методологијата за изработка и донесување на ППРСМ од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање

Презентација за легислативата и методологијата за изработка и донесување на ППРСМ од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање

 

Денеска во рамки на отпочнатите активности од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на нов Просторен план на Република Северна Македонија за развојниот период од 2020 до 2040 година, денес во Универзитет на Југоисточна Европа во конференциска сала во Ректоратот, во Тетово се одржа Презентација за легислативата за изработка и донесување на ППРСМ од страна на Министерството за животна средина и просторно на која учествуваа на Министерот за животна средина и просторно планирање г-дин Насер Нуредини, Директорката на Агенцијата за просторно планирање Андријана Андреева, Претседателот на Советот за развој на ППР на градоначалниците на општините од Полошки плански регион, Директорот на Центар за развој на Полошки плански регион, работната група за следење, водење и насочување на процесот за изработка формирана од страна на МЖСПП.

На состанокот беше презетирана легислативата и методологијата за изработка на нов просторен план, исто така од страна на општините од Полошкиот плански регион беше побарано да бидат назначени контакт лица за понатамошна размена на податоци и информации кои ќе бидат неопходни за успешно реализирање целите на задачите при изработка на новиот просторен план на Република Северна Македонија за развојниот период од 2020 до 2040 година.

ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

Одржувањето на првата форумска сесија на 16.03.2022 година го најави започнувањето на процесот на Регионални форуми во заедницата во Полошкиот плански регион, на кој учествуваа над 50-тина претставници од деветте општини од Полошкиот плански регион, невладини организации, претставници од бизнис секторот, советници од Советите на општините, кои активно дискутираа а воедно предлагаа и решенија како да се надминат проблемите со цел да се подобрат условите за живот на сите жители во регионот, што е од особено значење за успешна реализација на регионалниот форумски процес. Процесот е поддржан и финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ, преку проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – 2 фаза“

Првата форумска сесија беше поделена во два дела, се предлoжија проектни идеи и решенија по две Програми и тоа:

  • Програма за проекти преку Грантова шема на МЛС/СДЦ и
  • Програма за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година на МЛС/БРР

Во првиот дел по Програмата за Грантовата шема за Полошкиот плански регион предвидено е да се доделат средства околу 20 милиони денари. За таа цел присутните на форумот имаа можност да идентификуваат и дефинираат приоритетни регионални проблеми за секоја од претходно утврдените приоритетни области  и предложија проектни идеи.

Во вториот дел од денот учесниците предлагаа проектни идеи по Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023, каде на располагање се околу 55 милиони денари за имплементација на проекти од регионално значење.

Во периодот кој што следува врз основа на идентификуваните предизвици од првата форумска сесија ќе се развијат концептни решенија и по двете Програми кои понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Полошкиот плански регион како и пред присутните учесници на втората форумска сесија, која е планирана да се одржи кон крајот на месец април 2022 година.

Агенда:

 

Работилница за Паметна Специјализација

Работилница за Паметна Специјализација

 

Центар за развој на Полошки плански регион во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој II-фаза“ кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), реализираше воведна работилница за Паметна Специјализација, која се одржa на 14.03.2022 година со почеток од 10:00 часот, во Ресторан Електра Гарден с.Брвеница.

Целта на работилницата беше да се информираат засегнатите страни во регионот, дека ќе се подготви Стратегија за Паметна Специјализација и вклучување на бизнис секторот во овој процес, стратегија која во иднина ќе му служи на бизнис секторот да користи различни фондови за поддршка на бизнисите.

 

Во прилог: Агенда-Agenda.Smart.Specijalizacija.MK-AL

 

Презентирана Студијата за оценка за влијанието врз животната средина за изградба на санитарна депонија во Русино

Презентирана Студијата за оценка за влијанието врз животната средина за изградба на санитарна депонија во Русино

 

Систематско подобрување на управувањето со цврстиот комунален отпад во Полошкиот регион, создавање на прописна санитарна депонија во блиска иднина во Русино и развој на постапка за нејзино затворање, се главни цели на Проектот за интегрирано управување со отпад, преку кој треба да се подобри управувањето со цврстиот отпад во Полошкиот регион. За таа цел, во општина Гостивар беше одржана јавна расправа на Студијата за оценка на влијанието врз животната средина за изградба на санитарна депонија за цврст неопасен комунален отпад во Русино, во организација на Министерството за животна средина и просторно планирање, како надлежна институција.  Студијата за оценка на влијанието врз животната средина за изградба на санитарната депонија во Русино, како преодно решение, изврши идентификација и предвидување на можните влијанија од проектот, идентификација на основната состојба на животната средина, како и основните социо-економски услови во подрачјето каде ќе се спроведува проектот. Во овој  документ извршени се и предвидувања на предлог мерките за спречување, намалување и компензација на влијанието на депонијата.

Согласно наодите, идентификувани се мерки за спречување, намалување и компензација на влијанието од проектот и подготвен е акционен план за заштита на животната средина кој ги утврдува мерките и одговорностите. Со цел да се обезбеди правилна и ефикасна имплементација на спроведувањето на мерките, подготвен е мониторинг план, кои заедно со акциониот план треба да бидат обврска за идниот изведувач и оператор на депонијата.

Заклучоците на студијата покажуваат дека со создавањето на санитарна депонија во Русино, како преодно решение, идентификуваните влијанија врз животната средина можат да се избегнат со спроведување на соодветни мерки и соодветна контрола. Врз основа на стручен пристап, Студијата констатира дека реализацијата на овој проект не претставува закана за животната средина, туку неговата реализација ќе донесе придобивки за заедницата. Покрај тоа, изградбата на санитарна депонија во Русино ќе го реши проблемот со комуналниот отпад. Временската рамка за работа на депонијата Русино, како станитарна депонија, по имплементирање на предвидените мерки, се проценува на најмногу 10 години, а Студијата предвидува и план за нејзино затворање. Паралелно со овој процес ќе отпочне постапка за изнаоѓање на нова локација за регионална депонија.  Вкупната површина на локацијата е 117.850 м2, а има капацитет за прием на вкупно количество на отпад од 1.050.000 m³ или 90.000 – 100.000 тони годишно.

На јавната расправа, на која присустуваа претставници на деветте општини од полошкиот регион и претставници на институциите, претставници на невладиниот сектор и граѓани, беа презентирани и алтернативните решенија за депонијата Русино. Според наодите, затворањето на постоечката депонија и нејзино дислоцирање во овој момент е скапа и несоодветна алтернатива и ќе чини над 16 милиони евра, а за изнаоѓање на нова локација се потребни најмалку пет години. Во таа насока, се препорачува изградба на санитарна депонија во Русино, а во истовреме отпочнување на постапка за изнаоѓање на нова локација. На јавната расправа, заинтересираните имаа можност да ги искажат своите ставови во врска со проектот, а исто така беа одговорени и сите прашања поставени од присутните.

На јавната расправа беа презентирани и веќе преземените активности за подобрување на состојбата во депонијата Русино и забрзување на процесот на создавање на санитарна депонија. Неодамна сет мерки беа реализирани сет активности, чија реализација ќе придонесе кон подобрување на состојбите во Русино. Во рамките на овие активности изграден е систем за управување со исцедокот, со кој се оневозможува негово истекување надвор од локацијата преку собирање и рециркулација назад во телото на отпадот, со што значително се намалува негативното влијание врз околината. Покрај ова, инсталирана е вага со која точно се утврдуваат количините на отпад што пристигнуваат на локацијата, што е голем исчекор во создавање на подобри стандарди во депонијата. За да се подобри состојбата со цврстиот отпад и со цел  да се намали нивото на прашина што се генерира при транспорт, Центарот за развој на полошкиот регион, со поддршка на Министерството за локална самоуправа и Бирото за рамномерен развој, спроведе проект за реконструкција на  пристапниот пат до Русино. Поставена е и ограда по должина на патот за да се спречи нелегално фрлање на отпад покрај патот, а се разгледуваат и нови сообраќајни решенија.

Исто така, формирано е меѓу-општинско регионално претпријатие за управување со отпад, кое почна со работа. Неговата работа ќе биде финансирана од сите општини во Полошкиот регион и од јавните и приватни компании за собирање на отпад кои ќе дефинираат надомест за депонирање на отпад на депонијата.

Проектот за интегрирано управување со отпад, преку кој треба да се подобри управувањето со цврстиот отпад во Полошкиот регион е инициран од Центарот за развој на Полошкиот плански регион, поддржан од сите девет општини во регионот и од Министерството за животна средина и просторно планирање, а целта е подобрување на состојбата во депонијата Русино. Проектот ќе се имплементира во две фази. Првата фаза, која речиси е завршена ги вклучува горенаведените мерки и е финансирана од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (СЕКО). Во првата фаза се направени и подготовки за втора фаза, вклучувајќи и изработка на техничка и тендерска документација за изградба на санитарна депонија во Русино, за набавка на соодветна опрема и за зајакнување на капацитетите на општините и регионалните институции, како и за активности за подигање на јавната свест.

Во текот на првата фаза од проектот подготвен е Регионален план за управување со отпад во Полошкиот регион кој е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање и усвоен од Советите на сите општините во регионот. Со усвојувањето на овој документ, општините во Полошкиот регион покажаа силна волја и заложба во напорите за обезбедување соодветно собирање и отстранување на отпад во следните 10 години. Усвојувањето на овој план е основа и предуслов за обезбедување на финансиски средства потребни за реализација на инвестициите планирани во втората фаза.

Студијата за оценка на влијанието врз животната средина е јавно достапна на интернет страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање, како и на интернет страниците на Општина Гостивар и на Центарот за развој на Полошкиот плански регион.

 

Избрани нови членови на Советот за развој на Полошки плански регион

Избрани нови членови на Советот за развој на Полошки плански регион

По спроведувањето на Јавниот повик  за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата, интерес за аплицирање покажа само едно здружение и тоа:

  • Планинарски клуб „Љуботен“-Тетово

Мандатот на избраниот член – преставник од здруженијата г-дин Јован Божиноски и мандатот на г-дин Авни Арифи член– претставник од бизнис заедницата, кој беше номиниран од страна на Центарот за Бизнис и Иновации од УЈИЕ, Тетово ќе бидат верификувани на наредната седница на Советот за развој на Полошки плански регион

Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

До:

Планинарски клуб Љуботен-Тетово, ул. Кузман Јосифоски Питу бр.6 Тетово

Врз основа на член 21 став 13, 14 и 15 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ број 24/21 и 174/21 ) и член 6 од Одлуката за распишување на јавен повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата бр. 08-409/7 од 14.12.2021 годинаПретседателот на Комисијата за спроведување на јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата, упатува: 

Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

Почитувани,

Како апликанти по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Полошкиот плански регион, Ве покануваме на состанок на ден 07.03.2022 година (понеделник) во почеток во 12:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Полошкиот плански регион на адреса УЈИЕ, објект 701.07, 1200 Тетово.

На состанокот може да учествува само овластено лице на здружението или лица ополномоштени од нив кои се должни да достават:

  • полномошно за учество на состанокот за здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик, но не ги исполнуваат критериумите назначени во повикотво оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице или
  • полномошно за учество и одлучување за здруженијата кои се пријавиле и кои ги исполнуваат условите од Јавниот повикво оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице.

На состанокот, пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Полошкиот плански регион, како член – претставник од здруженијата, без право на глас, со мандат од 4 (четири) години.

Здружението која ги исполнуваа критериумите од Јавниот повик е:

1.Планинарски клуб Љуботен-Тетово

 

Со почит,

03.03.2022 година

Комисија за спроведување на Јавниот

повик за избор на член во Советот за развој

 на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

Претседател,

Ирфан Одаи

Покана за состанок:

1.Pokana za sostanok-Ftes per takim

 

Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

Согласно член 21 став 7 – 15  од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/21 и 174/21), Советот за развој на Полошкиот плански регион распишува:

 

Јавен повик

за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

Основни критериуми за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Полошкиот плански регион се:

  • правните лица, апликанти да бидат регистрирани најмалку две години, со седиште и делување на подрачјето на општина во состав на планскиот регион,
  • правните лица, апликанти согласно со Статутот на организацијата да делуваат во областа на локалниот и на регионалниот развој и
  • правните лица, апликанти да имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.

 

Членот – претставник од здруженијата во Советот за развој на Полошкиот регион се избира со мандат од 4 (четири) години и нема право на глас.

Рок за пријавување: Јавниот повик е отворен до 24.02.2022 година.

 

Заинтересираните правни лица/ апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик и тоа задолжително:

 

  • Пријава по Јавниот повик во која се наведени податоци за правното лице/апликант (полн назив и контакт податоци) и контакт податоци за овластеното лице, со потпис на овластено лице и печат на правното лице, во оригинал;
  • Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци сметано од крајниот рок за аплицирање по јавниот повик наназад, во оригинал;
  • Статут на организацијата, фотокопија;
  • Копија од Договори со кои се докажува дека правните лица – апликанти имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.

 

Пријавите по Јавниот повик со потребните документи да се достават до Архивата на Центар за развој на Полошкиот плански регион – Тетово, на адреса ул. „Његошева 2“ кат-1, 1200 Тетово, со назнака:

 

„Пријава по Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата“.

 

Пријавите испратени по електронска пошта или факс нема да бидат земени во предвид.

 

Нецелосната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Лице за контакт за јавниот повик: Енес Синани тел: 076/479-210 и 044/618-062.

Врз основа на јавниот повик, комисија за спроведување на Јавниот повик ги разгледува доставените пријави и составува листа на здруженија кои ги исполнуваат критериумите од огласот.

 

Пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Полошкиот плански регион, на состанок организиран од претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик во рок од 15 дена од денот на завршување на јавниот повик.

 

Претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик упатува официјална покана до здруженијата кои се пријавиле на јавниот повик.

 

Поканата се објавува на веб-страницата на Центарот за развој на Полошкиот плански регион (https://rdcpolog.mk/) најмалку три дена пред датумот на одржување на состанокот.

 

 

 

            Совет за развој на Полошкиот плански регион

                                                             Претседател,

        Биљал Касами

 

 

Целосниот текст на Јавниот повик како и пријавата може да се превземат од следниве линкови:

1.Јавен повик

2.2.1.ПРИЈАВА-на-здружение-апликант-Aplikacion-i-shoqatës-aplikant-MK-AL (1)

Информација

Информација за Студија  за оцена на влијание врз животната средина за проектот: “Проект за изградба на санитарна депонија за неопасен цврст комунален отпад, Русино “  во општина Гостивар

 

Врз основа на член 90 став 1 алинеја 3 од Законот за животна средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/2014, 44/2015 ,129/2015 , 39/2016 и 99/18) и член 4 од Правилникот за содржина на објавата на известувањето за намерата за спроведување на проект, на решението за потребата на оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина, на извештајот за соодветноста на студијата за оцена на влијанието врз животната средина и на решението со кое дава согласност или се одбива спроведувањето на проектот, како и начин на консултирање на јавноста („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/06), Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Центар за развој на Полошки плански регион, со седиште на ул. “Његошева 2” кат- I од Тетово, ја достави Студијата за оцена на влијание врз животната средина за Проектот: “Проект за изградба на санитарна депонија за неопасен цврст комунален отпад, Русино во општина Гостивар“.

Со проектот се предвидува санитарна депонија за полошки Плански регион да биде изградена над постојното тело на нестандарднта депонија Русино и ќе биде намената за одлагање на неопасен цврст комунален отпад.

Студијата е достапна за увид на веб страната на Министерството за животна средина и просторно планирање www.moepp.gov.mk , и  во општина Гостивар.

Секое лице, органите на државната управа, градоначалниците на општините, на градот Скопје и на општините во градот Скопје, можат да го достават своето мислење, во писмена форма, до органот на државната управа надлежен за работите од областа на животната средина, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на Студијата за оцена на влијанието на проектот врз животната средина.

Координативен состанок во врска со проектите за алтернативен пристап до депонија Русино

Координативен состанок во врска со проектите за алтернативен пристап до депонија Русино

 

Денеска во просториите на Центарот за развој на Полошкиот плански регион се одржа координативен состанок со претставници од економските оператори кои се ангажирани за изработка на проектите -“Изработка на техничка документација за Пробивање и изработка на алтернативен пат магистрала Гостивар-Кичево до депонија Русино, Општина Гостивар” и “Изработка на идеен проект за кружен тек кај крстосница со регионалниот пат Р29279 (кон Вруток) до крстосницата со Р1202 (кон Маврови Анови)”. На состанокот беше дискутирано за прогресот на работите и за изборот на оптимални технички решенија.

 

 

 

Соопштение Одржана прва конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот плански регион

Соопштение

Одржана прва конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот плански регион

 

Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР) сака да ја информира јавноста дека на 14 Декември 2021, во Тетово се одржа првата конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот регион.

 

На седницата беа верификувани мандатите на Градоначалниците во својство на членови на Советот за развој на полошкиот плански регион за периодот 2021-2025. За нов претседател на Советот за развој на полошкиот плански регион беше избран Градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами.

Советот за развој на полошкиот регион донесе одлука за утврдување на цена по тон за одлагање на отпад во депонијата Русино. Исто така се донесе одлука  со која се предлага и одобрува идентификација на две локации за трансфер станици за отпад, во територијата на општина Тетово, Боговиње, Брвеница и Желино, како и нивно оперативно ажурирање во Регионалниот план за управување со отпад во полошкиот регион.

Пред присатните, од страна на претставници на консултантите во проектот “Управување со цврст отпад во полошкиот регион – Фаза 1” беа презентирани постигнатите резултати од имплементацијата на проектот како и активностите кои што претстојат во иднина.

 

Исто така Градоначалниците беа информирани за текот на имплементацијата на проектот за управување со кучиња скитници во полошкиот регион.

 

Со почит,

Центар за развој на Полошки плански регион – Тетово