Skip to content

Милевски: Гостивар, Маврово и Попова Шапка добија три ПИП- Центри за туристички развој

ДАТУМ

декември 22, 2020

Три паметни инфо и промо центри (ПИПЦ) во вредност од 6.437.054  денари се опремени во рамки на Полошкиот плански регион со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Тие ќе овозможат во иднина полесен пристап до информации и развој на туризмот во овој регион, зголемување на вработувањата како и инвестициите рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Воспоставувањето на трите нови, вмрежени ПИП Центри се готови и ќе бидат во функција во Гостивар, Маврово и Попова Шапка, кои што ќе работат и нудат услуги засновани на централна дигитална платформа, базирана на стандардизирани работни процеси и ефективно ќе собира податоци за однесувањето и преференциите на туристите, трансформирајќи ги во информации и знаење за ефикасно опслужување на туристите, појасни Милевски.

Според него најуспешен начин за подобрување на туристичката понуда е директна, лице-в-лице комуникација со туристите. Ова би се постигнало преку вкрстување на расположливите податоци и информации од сите канали на комуникација, како и преку дигитална платформа која овозможува размена на податоци во реално време за посетителите на туристичкото место. Проектот директно засега околу 176 илјади граѓани од овој регион.

– Како дел од проектот беше изградба и опремување на три ПИП Центри кои се поврзуваат со Дигитална платформа, која би била ажурирана со најнови релевантни податоци за туристички, авантуристички, угостителски, хотелски, музејски и сличен вид податоци, придружени со маркетинг и промотивни материјал и достапни во Центрите, како и обуки за опслужување, односи и комуникација на службениците кои ќе бидат вработени во центрите, рече Милевски.

Тој предвидува дека со овој проект ќе се зголеми бројот на инв

естиции преку стартап иницијативи за околу 6 проценти од вкупната туристичка понуда, зголемување на вработувањата во регионот за 1-2 проценти во првите 18 месеци, како и зголемување на бројот на туристи до 12 проценти.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy