Милевски: Гостивар, Маврово и Попова Шапка добија три ПИП- Центри за туристички развој

Три паметни инфо и промо центри (ПИПЦ) во вредност од 6.437.054  денари се опремени во рамки на Полошкиот плански регион со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка.

Тие ќе овозможат во иднина полесен пристап до информации и развој на туризмот во овој регион, зголемување на вработувањата како и инвестициите рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

– Воспоставувањето на трите нови, вмрежени ПИП Центри се готови и ќе бидат во функција во Гостивар, Маврово и Попова Шапка, кои што ќе работат и нудат услуги засновани на централна дигитална платформа, базирана на стандардизирани работни процеси и ефективно ќе собира податоци за однесувањето и преференциите на туристите, трансформирајќи ги во информации и знаење за ефикасно опслужување на туристите, појасни Милевски.

Според него најуспешен начин за подобрување на туристичката понуда е директна, лице-в-лице комуникација со туристите. Ова би се постигнало преку вкрстување на расположливите податоци и информации од сите канали на комуникација, како и преку дигитална платформа која овозможува размена на податоци во реално време за посетителите на туристичкото место. Проектот директно засега околу 176 илјади граѓани од овој регион.

– Како дел од проектот беше изградба и опремување на три ПИП Центри кои се поврзуваат со Дигитална платформа, која би била ажурирана со најнови релевантни податоци за туристички, авантуристички, угостителски, хотелски, музејски и сличен вид податоци, придружени со маркетинг и промотивни материјал и достапни во Центрите, како и обуки за опслужување, односи и комуникација на службениците кои ќе бидат вработени во центрите, рече Милевски.

Тој предвидува дека со овој проект ќе се зголеми бројот на инв

естиции преку стартап иницијативи за околу 6 проценти од вкупната туристичка понуда, зголемување на вработувањата во регионот за 1-2 проценти во првите 18 месеци, како и зголемување на бројот на туристи до 12 проценти.

Објава за јавни консултации на документи за заштита на животна средина и социјални аспекти во рамки на проектот “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог”

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на
„Проектот за локална и
регионална конкурентност“ поддржан од страна на
ЕУ, администриран од Светска Банка
и спроведуван од Кабинет за Заменик Претседател на Владата задолжен за Економски Прашања
– КЗПВЕП, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура
и поврзувања во дестинациите“
изготви проект “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог”
каде што главната цел
е зајакнување на економскиот развој со зголемување на конкурентноста на Полошкиот регион како туристичка дестинација со ефикасно прилагодување на барањата на домашниот
и на странските пазари и
придонесување во создавање на нови работни места.

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на апликацијата,
изготви План за управување со животната средина за проектот “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог”  со цел навремено да се идентификуваат
и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности.
Планот содржи и мерки за спречување,
минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

Електронската верзија од Планот за управување со животна средина за проектот е достапна на:

Печатена верзија од Планот за управување со животна средина е
достапна на следните локации:

  1. Единица
    за спроведување на проектот (ЕСП)

Проект за локална и регионална
конкурентност (ПЛРК)

Адреса:  Ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 60/1, Скопје

Телефон:
02 32 53 818

Експерт
за животна средина: Љубомир Петковски   

E-маил:
ljubomir.petkovski@lrcp.org.mk

  • Центар
    за развој на Полошкиот Плански регион – Тетово

Адреса:
ул. Његошева бр.2 Кат-1 1200 Тетово

Телефон:
044/618-062

Одговорно
лице: Славко Костоски

Е-маил:
info@rdcpolog.mk 

Ве молиме
доколку имате коментар/сугестија или дополнување на предложените мерки од
Планот за управување со животната средина доставете го до назначените одговорни
лица во период од 14 дена по денот на објавување на Планот за управување со
животната средина

(дата на
објава: 13.03.2020).

Ве молиме
Вашите коментари за подобрување на Планот за управување со животната средина за
проектот “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог”
да ги доставите на наведените е-маил адреси или во Центарот за развој на
Полошки плански регион и/или Проектот за локална и регионална конкурентност.

Однапред Ви благодариме

Важно известување:

Поради прогласената вонредна
состојба во државата, рокот за доставување на коментари и сугестии  за подобрување на Планот за управување со
животна средина на проекот “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните
подрачја на Полог” е продолжен до 24 Април 2020. Имајќи ги во предвид
вонредните мерки на Владата,Ве молиме Вашите коментари да ги поднесете со
пополнување на приложениот формулар и истиот испратете
го исклучиво по електронски пат на
е-маил адресите наведени погоре.

(Последна измена: 15 Април 2020)

Однапред Ви благодариме

Членовите на мрежата СТЕП од регионите Полог и Елбасан ја организираа првата заедничка работилница за креирање заеднички туристички пакети

На 04 и 05 Март 2019, во Хотел Скардус, Попова Шапка, Тетово, во рамките на „СТЕП – проект за зајакнување на иновативен туризам” се одржа дводневна работилница за креирање на заеднички туристички пакети од регионите Полог и Елбасан.

На работилницата присуствуваа повеќе од 50 субјекти што се занимаваат со туристички дејности, туристички агенции, хотели, хостели, ресторани но и лица кои поседуваат сопствени сместувачки капацитети во полошкиот регион и регионот на Елбасан. Како резултат на дводневната работилница беа поставени основите за развивање на на  туристички пакети кои подоцна ќе бидат презентирани на специјализирана дигиталната платформа за промоција на туризмот – Itopa.

Четири одделни групи работеа на развивање на различни туристички пакети кои се главно фокусирани на содржини кои се интересни за туристите токму во овие региони и тоа: – авантура и екологија, рурален туризам и историја, култура и гастрономија. Неколкудневните заеднички пакети од двете страни на границата ќе служат како основа за развивање на на  подпакети кои пак ќе  може да се користат од страна на туристички агенци или други профилирани субјекти за обезбедување на вакви услуги.

Проектот го спроведува Фондацијата Метаморфозис со партнерите, Центар за развој на Полошкиот плански регион и Советот на округот Елбасан, и е финансиран од страна на Европската унија 

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на проектот: “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), започна со реализација на Регионални форуми за идентификација на проектни идеи во регионот.

На 07.03.2019 година, со почеток во 12:00 часот, во ресторан Дриада, с.Гајре, Тетово, се одржа третата регионална форумска сесија во рамки на програмата Регионални форуми во заедницата.

На третата форумска сесија се направи краток осврт на претходните форумски сесии, се презентираа уште еднаш петте проектни концепти и се објасни начинот на гласање. Првите три предлог-проекти кои добија најмногу гласови од работните маси ќе се претстават пред Советот за развој на Полошкиот плански регион и истите ќе бидат предложени на донаторот – Швајцарската Агенција за развој и соработка, за финансирање.

Работните маси одлучија за трите приоритетни проекти во Полошкиот регион, односно:

1. Паметни Инфо и Промо Центри (Smart Tourist Info and Promo Offices);

2. Основање на бизнис инкубатор во Полошкиот регион; 3. Уредување на планинско рекреативни патеки на Шар Планина и Сува Гора.

The Center for Development of the Polog Planning Region has started with the realization of Regional forums for identification of project ideas in the region, one of the activities within the project: “Sustainable and Inclusive Balanced Regional Development” financially supported by the Ministry of Local Self-Government and the Swiss Agency for Development and Cooperation (SDC).

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на проектот: “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” финансиски поддржан од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), започна со реализација на Регионални форуми за идентификација на проектни идеи во регионот.

На 18.02.2019 година, со почеток во 12:00 часот, во хотел Скардус, Попова Шапка, се одржа првата регионална форумска сесија во рамки на програмата Регионални форуми во заедницата.

Првата форумска сесија беше отворена од страна на Министерот за локална самоуправа, г-дин Сухејл Фазлиу, Претседавачот на Советот за развој на Полошкиот плански регион, г-ѓа Теута Арифи и Директорот на Центарот за развој на Полошкиот плански регион, г-дин Фатмир Саити. Меѓу присутните беа и останатите Градоначалници на општините од Полошкиот плански регион, Претседателите на општинските Совети, претставници од Швајцарската Агенција за развој и соработка (SDC), претставници од Бирото за регионален развој и останати претставници од јавниот и приватниот сектор. Во рамките на оваа програма предвидени се четири форумски сесии преку кои ќе се одберат приоритетни проекти и ќе бидат предложени на донаторот – Швајцарската агенција за развој и соработка, за финансирање.

По завршувањето на форумскиот процес, Швајцарската агенција за развој и соработка ќе одобри еден проект кој Центарот за развој на Полошкиот плански регион ќе го реализира во текот на 2019 година.

Преку партиципативен пристап, претставници од единиците на локална самоуправа од Полошкиот плански регион, бизнис секторот, невладините организации и граѓаните од Полошкиот плански регион, дискутираа за приоритетните проблеми кои го засегаат регионот и за истите предложија приоритетни решенија.

Учесниците на првата форумска сесија идентификуваа проблеми и решенија од областа на животната средина, туризмот, бизнис инфраструктурата и социјалната инклузија, кои воедно се дадени како приоритети за финансирање од страна на донаторот.

Согласно предложените приоритетни проблеми и решенија за истите, беа идентификувани 5 прифатливи предлог концепти, и истите ќе бидат презентирани за време на втората регионална форумска сесија која ќе биде организирана на 26.02.2019 година. .