Skip to content

Формиран Совет за социјална заштита на Полошкиот плански регион

ДАТУМ

јуни 6, 2022

Категории

,

Формиран Совет за социјална заштита на Полошкиот плански регион

Денеска на 03.06.2022 година во просториите на Youth and Community Center во Гостивар се одржа Конститутивна Седница и се формираше Советот за социјална заштита на Полошкиот плански регион каде членови се градоначалниците на сите девет општини на Полошкиот плански регион и директорите на Центрите за социјална работа во регионот, на Тетово и Гостивар. Центарот за развој на Полошкиот плански регион има улога на административно тело.

За претседател на Советот за социјална заштита  на Полошкиот плански регион едногласно беше избран градоначалникот на општина Желино, г.Блерим Сејдиу со мандат од една година.

На Седницата беше усвоен Деловникот за работа со кој се уредува начинот на работа на Советот за социјална заштита исто така беа задолжени директорите на Центрите за социјална работа во регионот на Тетово и Гостивар што е можно побрзо да го спремат и прилагодат со податоци од општините од ППР, Предлогот за потребата од развивање на социјални услуги во Полошкиот планскиот регион, видот и начинот на воспоставување на услугите, кој преглед во иднина ќе овозможи да се искористат капацитетите на Центарот за развој и да се аплицира за проекти од областа на социјалната заштита.

Од страна на експертот од областа на социјалната заштита ангажиран од страна на СДЦ г.Јован Манасиевски, имаше воведно обраќање пред присутните пред кои го нагласи значењето на конституирањето на овој Совет и истакна дека со тоа се прави чекор кон децентрализација на социјалната заштита. Исто така се задржа и ги потенцираше потребите на Полошкиот регион од областа на социјалната заштита, како што е потребата не само од градење на старечки домови, туку и развивање на мерката помош и нега во домот со што би биле опфатени поголем број на лица на кои им е потребна оваа грижа а не само изградбата на градинките.

За Полошкиот плански регион, од големо значење е и потребата од мапирање на социјалните ризици и формирање на Совети за социјална заштита во секоја општина, со цел донесување на Годишни планови за социјална заштита. Со овие планови ќе се дефинираат потребите и општините ќе можат да аплицираат за добивање на грантови, како и користење на европските и другите расположливи фондови.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy