Соопштение Одржана прва конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот плански регион

Соопштение

Одржана прва конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот плански регион

 

Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР) сака да ја информира јавноста дека на 14 Декември 2021, во Тетово се одржа првата конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот регион.

 

На седницата беа верификувани мандатите на Градоначалниците во својство на членови на Советот за развој на полошкиот плански регион за периодот 2021-2025. За нов претседател на Советот за развој на полошкиот плански регион беше избран Градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами.

Советот за развој на полошкиот регион донесе одлука за утврдување на цена по тон за одлагање на отпад во депонијата Русино. Исто така се донесе одлука  со која се предлага и одобрува идентификација на две локации за трансфер станици за отпад, во територијата на општина Тетово, Боговиње, Брвеница и Желино, како и нивно оперативно ажурирање во Регионалниот план за управување со отпад во полошкиот регион.

Пред присатните, од страна на претставници на консултантите во проектот “Управување со цврст отпад во полошкиот регион – Фаза 1” беа презентирани постигнатите резултати од имплементацијата на проектот како и активностите кои што претстојат во иднина.

 

Исто така Градоначалниците беа информирани за текот на имплементацијата на проектот за управување со кучиња скитници во полошкиот регион.

 

Со почит,

Центар за развој на Полошки плански регион – Тетово

 

Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија

Во рамки на проектот „Подобрен капацитет за управување со кризи на општините во Северна Македонија“ кој Институт за демократија го спроведува со поддршка од Обединетото Кралство, се организираше дискусија посветена на локалните капацитети за управување со кризи во Република Северна Македонија.
Проектот цели кон зајакнување на стратешкото управување со кризи во осум избрани општини, и прикажување на процесот на развој на локални стратешки планови за намалување на ризици од несреќи и катастрофи.
Ендру Бренд, Раководител на програма во Британската Амбасада во Скопје рече:
„Ова лето бевме сведоци на големи шумски пожари во Северна Македонија. Toa има долгорочни ефекти и врз климата и врз егзистенцијата на локалното население. Националните влади треба однапред да планираат и да се подготват за вакви итни ситуации. Локалните власти треба да планираат стратешки и да можат брзо да одговорат на овие кризи. Начинот на кој јавноста реагира на криза има значително влијание врз нејзиниот исход. Граѓаните треба да бидат информирани и свесни, а ефективната координација помеѓу националните и локалните власти е од клучно значење кога се справуваме со кризи“.

Инфо сесија за споделување на искуства и научени лекции од пилотирањето на конституирањето на Советот за социјална заштита во еден плански регион

 

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Швајцарската Конфедерација и Министерството за локална самоуправа, организираше инфо сесија за споделување на искуствата и научените лекции од пилотирањето на конституирањето на Советот за социјална заштита во еден плански регион. Формирањето на Совети за социјална заштита е предвидено да се реализира во сите плански региони во државата, согласно Законот за социјална заштита. На инфо сесијата присуствуваа претставници од секоја општина во рамките на планскиот регион, како и  директори на центрите за социјална работа од подрачјето на Полошкиот плански регион. Инфо сесијата имаше за цел да ги презентира начините и чекорите кои ќе претходат на формирањето на регионалниот совет за социјална заштита, да ги претстави потребните документи кои ќе треба да бидат изработени, како и да ги запознае засегнатите страни со одговорностите и задачите за формирањето и функционирањето на ваквиот совет.

 

ИНФОРМАЦИЈА

ИНФОРМАЦИЈА

 

Почитувани,

Бизнис центарот при Центарот за развој на Полошкиот плански регион продолжува со обезбедување на менторска поддршка за аплицирање на тековниот Јавен конкурс на Фондот за иновации и технолошки развој, за инструментот за поддршка: “Ко-финансирани грантови за комерцијализација на иновации”.

Ги покануваме сите заинтересирани компании од Полошкиот регион кои планираат да аплицираат на објавениот Јавен конкурс на ФИТР, да се пријават за менторска поддршка на следниот линк:  https://forms.gle/9PfCoj512gtWsK7m6

Со пополнувањето на апликацијата на горенаведениот линк, компанијата се здобива со можност за добивање на бесплатна менторска поддршка при процесот на изработка на апликацијата за Јавниот конкурс на ФИТР.

Напомена: Бидејќи средствата за менторската поддршка се ограничени, редоследот на компаниите корисници на истата ќе се определуваат по принципот прв пријавен, прв услужен.

Детални информации за повикот можете да најдете на следниот линк:https://fitr.mk/komercijalizacija2021/или да се обратите до Центарот за развој на Полошкиот плански регион преку е-пошта на info@rdcpolog.mkили на телефон 044/618-062.

 

Со почит,

Центар за Развој на Полошкиот Плански Регион

Повик за проекти за меѓуопштинска соработка

Повик за проекти за меѓуопштинска соработка

УНДП во соработка со Бирото за регионален развој објавува повик за доставување апликации за грантови, во рамки на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“.

За потребите на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“, канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува повик за проекти за меѓуопштинска соработка (МОС).

Општата цел на проектот е да се обезбеди регионален и локален развој кој е инклузивен, родово-сензитивен, заснован на докази и целосно одговара на развојните потреби на најнеразвиените општини чии заедници се најпогодени од пандемијата со КОВИД-19.

Целта на повикот за проекти е зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа преку поддршка на иновативни модели на соработка утврдена во Законот за локална самоуправа како и/или постоечките законски облици на МОС како алатка за спроведување на политиката за регионален развој и подобрена испорака на услуги кон граѓаните. Дополнително, со цел да се подржи најавеното подобрување на целокупната законска рамка за МОС, преку воспоставување, функционирање и анализа на постигнатите резултати на иновативни модели на МОС, ќе се придонесе кон подготовка на сеопфатна оценка за можноста за проширување на постоечкиот број на облици на МОС како и измена и дополна на другите релевантни елементи на Законот.

Повикот за проекти за меѓуопштинска соработка ќе даде поддршка на општините во воспоставувањето и функционирањето на меѓуопштинската соработка во следниве области:

  • финансиско управување,
  • заштита на животната средина,
  • транспортот,
  • намалување на ризикот од катастрофи и
  • други области што традиционално се предмет на политиката за регионален развој на ЕУ.

Исто така, во рамки на овој повик, општините можат да аплицираат и ќе бидат поддржани да спроведуваат пилот-проекти кои се однесуваат на родовата еднаквост и проблемите идентификувани на инклузивен и партиципативен начин. Посебен фокус ќе се стави врз иновации при испораката на локални услуги на технолошко ниво, што ќе придонесе за искористување на можностите создадени со дигитализацијата и ќе ги подигне меѓуопштинската соработка и придобивките од ефикасноста на ново ниво. Дополнително, иновативни и традиционални облици на меѓуопштинска соработка ќе бидат подржани и во останатите области кои се во надлежност на единиците на локалната самоуправа.

Времетраењето на еден проект во рамките на оваа грант шема изнесува 9 (девет) месеци. Вкупниот износ за овој повик изнесува 350.000 УСД. Општините може да поднесат апликации за грантови за проекти за МОС во висина од 30.000 до 50.000 УСД (изразени во МК денари). Финансиските средства кои избраните ЕЛС ќе ги добијат во рамки на овој повик административно ќе се управуваат од страна на УНДП.

Општините кои изразуваат интерес да аплицираат на овој повик, на следните веб страници можат да ги превземаат Оперативните насоки заедно со Формуларот за апликација, образец за буџет како и потребните документи поврзани со пополнување на Индексот за општински развој:

Пријавите се примаат најдоцна до 13 август 2021 година, до 14:00 часот. Ниедна пријава нема да биде примена по истекот на рокот. Со цел за детално презентирање на оперативните насоки и формуларот за аплицирање, во периодот од 19 до 23 јули 2021 година, ќе се оддржат 8 инфо сесии на ниво на планските региони.

Симнете ги потребните документи

Јавен Повик

Јавен Повик

За постојан развој на руралните средини и руралните заедници потребно е здружување на сите
засегнати страни кои преку своите можности и активности можат да допринесат на развојот на
руралните средини посебно и на регионот поопширно.
Едно такво здружување е и здружението за рурален развој Локална Акциона Група Полог Лидер
Тетово кое се организира и делува на подрачјето на територијата на Општините Тетово, Желино и
Брвеница.
Центарот за развој на полошкиот плански регион – како носител на иницијативата на јавните
институции, покрај општинa Тетово, Желино и Брвеница, сега веќе членки на Локалната Акциона
Група Полог Лидер Тетово, ги охрабрува сите бизнис ентитети како и невладини организации од
подрачјето на овие три општини, да се приклучат кон здружението и да дадат свој придонес во
развојот на руралните средини.
Се објавува овој Јавен Повик со цел приклучување на сите заинтересирани страни на јавниот,
приватниот и невладиниот сектор кон Локалната Акциона Група Полог Лидер Тетово.
За зачленување во здружението може да не контактирате преку емаил адресата –
info@rdcpolog.mk, преку телефонскиот број – 044/618062 или директно во просториите на
Центарот за развој на полошкиот плански регион на ул. Његошева бр. 2 / кат I.
Јавниот повик ќе биде отворен до 08.06.2021.

Информација

Почитувани,

 

Бизнис центарот при Центарот за развој на Полошкиот плански регион продолжува со обезбедување на менторска поддршка за аплицирање на тековниот Јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој, за финансирање под Инструментот за поддршка „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин оф – СТАРТАПУВАЈ 3“.

Ги покануваме сите заинтересирани компании од Полошкиот регион кои планираат да аплицираат на објавениот Јавен повик на ФИТР, да се пријават за менторска поддршка на следниот линк:  https://forms.gle/wak9Yjw5e3MWTbGA7

Со пополнувањето на апликацијата на горенаведениот линк, компанијата се здобива со можност за добивање на бесплатна менторска поддршка при процесот на изработка на апликацијата за Јавниот повик на ФИТР.

Напомена: Бидејќи средствата за менторската поддршка се ограничени, редоследот на компаниите корисници на истата ќе се определуваат по принципот прв пријавен, прв услужен.

Детални информации за повикот можете да најдете на следниот линк: https://fitr.mk/startapuvaj3/   или да се обратите до Бизнис центарот при Центарот за развој на Полошкиот плански регион преку е-пошта на info@rdcpolog.mk или на телефон 044/618-062.

 

Со почит,

Центар за Развој на Полошкиот Плански Регион

Takim për realizim të bashkëpunimit mes Qendrës për Zhvillim të Rajonit Planor të Pollogut dhe Universitetit të Europës Juglindore

 

Sot, në hapësirat e UEJL, Qendra për Zhvillim të Rajonit Planor të Pollogut së bashku me Byronë për Zhvillim Rajonal të RVM, zhvilluan takim me rektoratin e Universitetit të Europës Juglindore, ku u diskutuan mundësitë e bashkëpunimit mes institucioneve publike dhe akademike, me qëllim të përpilimit dhe implementimit të projekteve për zhvillim rajonal të Pollogut dhe zhvillimin lokal të komunave të rajonit. Në takim prezent ishin Rektori i UEJL, Dr.Prof. Abdylmenaf Bexheti, Drejtori i Byrojosë për Zhvillim Rajonal, z. Ramiz Rexhepi, Drejtori i Qendrës për Zhvillim të Rajonit Planor të Pollogut, z. Fatmir Saiti, Pro-Rektori për Planifikim dhe Sipërmarrje Dr.Prof. Besnik Fetahi, si dhe Sekretari i Përgjithshëm i UEJL, z. Xhevair Memedi.

 

Стакленик и метеоролошка станица во Полошкиот регион за подобрување на земјоделското производство

За развојот на земјоделството во Полошкиот регион инвестираме во стакленик за едукативни цели, метеоролошка станица за следење на параметрите како и бројни обуки за одгледување на различни земјоделски култури и изработка на бизнис планови за развој.

– Иако Полошкиот регион има долга традиција во земјоделското производство, одгледувањето на култури во стакленик не е достапно за голем број на земјоделци поради потребните инвестиции. Стаклениците од друга страна овозможуваат одгледување на култури во контролирани услови, со примена на нови научни сознанија и технологии, а со тоа и оптимизирање на производство. Овој проект поддржан од Швајцарска агенција за развој и обнова, ќе придонесе за зголемување на производството во земјоделието преку подобрување на компетенциите на жителите на Полошкиот плански регион со воведување на нови и попрофитабилни методи и култури, појасни тој.

Според него со проектот во вредност од 2.169.000 денари направена е инвестиција во функционален стакленик за едукативни цели, доедукација и помош на заинтересираните страни за да можат да истражуваат во одгледувањето на земјоделски култури и истото да го применат во пракса.

Јавен Оглас

Врз основ на Член 25 од Законот за рамномерен регионален развој (Сл.Весник на РСМ бр.63/07, 187/13, 43/14, 215/15 и 64/18), Член 6, став 1 и 2, Член 7 став 1, 3, Член 10 став 1, 2 и 3, Член 11 став 1 и 2, од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (Сл. Весник на РСМ, број 47/06, 86/08, 51/2011, 28/14 и 153/15), и врз основ на Одлуката на Советот за развој на полошкиот плански регион бр.0801-355/6 од 01.12.2020 за изработка на физибилити студија за склучување на договор за Јавно Приватно Партнерство (понатаму ЈПП) за управување со Паметни Туристички Инфо и Промо Центри (понатаму ПИП-Ц или ПИПЦ) полошкиот регион, Центарот за развој на полошкиот плански регион (понатаму ЦРППР), објавува:

Јавен Оглас

“Паметни Инфо и Промо Центри ” е проект од стратешка важност за развој на туризмот во Полошкиот регион, а кој стреми промовирање на туристичките потенцијали и релевантно информирање на туристите. Важноста на овој проект е од аспект на економскиот развој. Имајќи го предвид се поголемиот удел и брзиот раст (3,9% раст 2018) на туристичката индустријата , како во глобалниот БДП (10.4%, 2018) така и во БДП-то на нашата земја, Полошкиот регион креираше стратешки документи и проекти за искористување на туристичкиот потенцијал кој го поседува. На тој начин, активностите од овој проект се дел од стратешките програми и активности, кои треба да придонесат за развој на оваа индустрија а со тоа и во економскиот развој. Преку понуда на правилно, навремено, релевантно информирање на повеќе канали (онлајн и офлајн) се поставува рамка за привлекување на нови и задржување на постоечки посетители. Понатаму, со промоција на туристички производи, не само што се привлекуваат посетители, туку и се охрабруваат потенцијални претприемачи да се вклучат во пазарот на труд со сопствени бизниси. Сметаме дека бројот на инвестиции, преку стартап иницијативи ќе се зголеми околу 6% од вкупната туристичка понуда, додека вработувањата во регионот со 1-2% во првите 18 месеци. Согласно сето ова, се очекува зголемување на пристигнуваѓањата на туристи да се зголеми од 7 до 12%

Со проектот “Паметни Инфо и Промо Центри /ПИП-Ц” (Smart Tourist Info and Promo Offices) поставении се три (3) ПИП-Центри во Полошкиот регион, односно на териториите на општина Тетово, Гостивар и Маврово и Ростуша, а преку ЕУ ИПА Проектот ФРЕТ СТИК, поставен е еден (1) Паметен Инфо Центар во Тетово (вкупно четири во полошкиот регион). ПИП-Центрите се функсионално поврзани во единствена платфома (Smart Tourism Info platform) која ги опслужува ПИП-Центрите, истовремено собираќи и преработувајќи податоци од опслужените посетители. Од друга страна, секој ПИП-Центар промовира производи својствени на микро-локалитетот во кој е стациониран. Како такви, ПИПЦентрите преставуваат целини со следните карактеристики:

– Физички објекти -железна кострукција/контејнер- со површина од 15 до 30 м2 (7-15м2 за информирање и 7-15 м2 за промоција, респективно) 

-Ентитет поврзан на СТИЦ платформа која се користи за опслужување со релевантни информации, преку: непосреден човечки контакт, автоматизирани киосци на допир, онлајн канали на комуникација

– Ентитет кој ја храни СТИЦ платформата со податоци генерирани од самото опслужување

– Ентитет кој промовира релевантни туристички производи од регионот, општината и самиот микро/локалитет. Секој ПИП-Центар е предвидено да функсионира со вработени за обучени вработени за информирање и промоција. Работното време е дефинирано од општината, а кое се одредува согласно географската позиција и сезоната.

Мисија на ПИП Центар е охрабрување на подобрена услуга, посакувајќи добредојде не само на туристот, туку и на неговите барања а истовремено поврзувајќи ги со аутентичноста на туристичките производи.

Визија на ПИП Центар е:

– овозможување на квалитени, навремени ажурирани информаци, поврзани со сместувањето, угостителството, настаните и други релевантни информации за туристите

– Контиунирано ажурирање на базата на податоци со информации од важност за туристите

– Поддршка на маркетинг и промо иницијативи

– Продолжување на престојот на посетителите

– Помагање со информации во креирање на иновативни и атркативни туристички пакети и производи

– Промоција на локални произвиди и ракотворби

Финансискта одржливост на резултатите ќе се обезбедува преку јавните буџети на ЕЛС и ЦРППР, или преку јавни приватни партнерства на ПИП Центрите, обезбедено со продажни активности.

За ПИП Центарот кој ќе се управува јавно, вработувањата, обуките, тековното работење на ПИП Центрите, како и другите активности ќе бидат обврска на општните, согласно законските прописи. Доколку, се склучува договор за  ЈПП, правата и обврските за управување ќе се дефинираат согласно заклучоците на Физибилити Студија произлезена од оваа иницијатива на ЦРППР. Обврските и правата ќе се верифицираат преку Одлука на  Совет за развој на полошки плански регион. Дигиталните Системи предвидени за вмрежување на ПИП Центрите се обврска на ЦРППР.

Софтверските решенија ќе се оддржуват од поединечните договори со партнерите, односно општините и/или приватниот партнер. 

Цел на овој документ, е Центарот за развој на Полошки плански регион (понатаму ЦРППР) да изработи Физибилити Студија за основање на јавно приватно партнерство за Паметните Туристички Инфо- Промо Центри, поставени како времени објекти во три (3) општини на регионот, односно:

– две ПИП Центри во општина Тетово  (еден во Жена Парк, еден на Попова Шапка)

– еден ПИП Центар во општина Маврово и Ростуша (кај локалитетот Кораб Трница) 

– еден ПИП Центар во општина Гостивар (најавен за јавно управување)

Физибилити Студијата ќе претставува основ за ЦРППР да заснова правно-финансиски договори за оддржливи форми на управување и фунскионирање на сите ПИП Центри во полошкиот регион.

Опис на работни задачи

Понудувачот/ Понудувачите, ќе достават предлог за изработка на  Физибилити Студија за склучување на договори за јавно партнерство (ЦРППР), односно јавно-приватно партнерство помеѓу ЦРППР и приватен партнер, за работата на ПИП Центрите: две (2) во о. Тетово,  еден (1) во о.Гостивар, еден (1) во о. Маврово-Ростуша.

Изработената физибилити студија ќе биде во согласност со специфичните потреби на локалниот контекст, локалните одлуки и решенија и позитивната нацонална законска регулатива .

Задачи и одговорности

Под директна супервизија и во соработка со одговорниот тим за Физибилити Студија (за ПИП Центрите) од редот на вработените во ЦРППР и општините од регионот, ангажираната страна ќе биде одговорна за следното:

  • Подготовка на ситуациона анализа;
  • Подготовка на финансиско-економска оправданост;
  • Подготовка на оцена за влијание врз животната средина
  • Подготовка на документација и наоди, согласно законските прописи за изработка на физибилити студија

Финансирање за изработка на физибилити студијата:

Средствата,  односно трудот на правниот субјект, односно трудот на физичките лица кои ќе го изработат овој документ (понатаму изработувачи) е предмет на донација. Во неможност да се обезбедат финансиски средства за изработка на овој документ, а кој се појавува како нужност од висок приоритет, ЦРППР одлучи за изработката на овој документ да побара помош од субјекти и лица, спремни да го сторат тоа преку своите програми за општествена одговорност, и/или други програми, и/или други цели на организациите, односно физичките лица. Изборот на изработувачи на Физибилити Студијата за ПИП Центри, ќе се врши преку пат на јавен оглас.

Временска рамка за реализација на активностите:

Понудувачот  ќе достави предлот методологија со временска рамка за изработка на физибилити студијата, а која нема да биде повеќе од 45 календаарски дена.

Очекувани продукти:

Главните очекувани продукти и резултати од овој ангажман се:

 Физибилити Студија за ПИП Центри во полошкиот плански регион, согласно националната регулатива за воспоставување на јавни и/или јавно-приватни партнерства.

Услови за обезбедување на услугите:

Комуникација:

Во текот на реализација на ангажманот, ангажираната страна ќе гарантира редовна и непречена комуникација и размена на информации со одговорното лице од ЦРППР, како и сите други релевантни локални чинители.

Доставување на извештаи: 

  • Драфт студија и акциони планови
  • Финален извештај

Дел I

За времен ангажман на следните позиции:

1. Еден (1) Експерт од областа на Јавното Приватно Партнерство

2. Еден (1) Експерт од областа на туризам и/ или туристичката промоција

Ангажманот на горенаведените позиции е со цел да се обезбеди стручнo советување, експертиза и помош на работната група на ЦРППР, при спроведување на физибилити студија  за склучување на договор за ЈПП за управување со Паметни Туристички Инфо Центри во полошкиот регион.

Работните задачи кои треба да ги исполнат експертите се следни, за секоја област засебно:

– Конципирање на областите според работните задачи, согласно на потребните експертизи

– Давање насоки, помош при подкотовка и надзор на задачите произлезени од горенаведената рамка.

– Пренесување на работното искуство (know-how) на членовите на работните групи преку совети и кратки обуки.

Работните квалификации кои треба да ги поседуваат експертите, се следни:

1. Екеперт од областа на Јавното Приватно Партнерство

–           VII / 1 степен (240 EKTС)  – Правен Факултет

-Препорачливо – Магистар по корпоративно финансово право – со посебен акцент Јавно приватно партнерство  

-Работно искуство од најмалку 4 години во областа на анализа на Законите и подзаконските акти, анализа на правните процедури поврзани со процесот на децентрализација, активно учество во креирање на подлога за проекти за ЈПП. 

-Познавање на позитивните законски прописи, подзаконските акти и Владините регулативи релевантни за ЈПП,- (препорачливо работно искуство во централна државна институција) 

– Искуство со менаџирање и реализација на проекти, – (препорачливо соработка во имплементирање на проекти со меѓународни организации во СР Македонија)

-Познавање на Законите и подзаконските акти поврзани со процесот на децентрализација на власта, искуство во реализација на процесот на децентрализација, анализа на ефктите на Законите и другите подзаконски акти за локалната власт како и ефектот за локален економски развој  –           

– Поседување на искуство за методологија за изработка на физибилити студија

-Одлични аналитички, комуникациски и организациски вештини.

2. Екеперт од областа на туризмот и/ или туристичката промоција

–           VII / 1 степен (240 EKTС)  – факултет од областа на општествените насоки и стручна наградба со сертифицирани обуки од областа на туризмот – предност имаат обуки и методологии  во рамките на реномирани меѓународни и странски институции

–           Работно искуство од 4 години во областа на медиумска промоција (телевизиски медиуми), маркетинг, менаџмент или комерција  и продажба на дестинации

–           Портфолио со минимум 2 авторски дела, проекти, предавања или достигнувања и признанија  во областа на афирмацијата на националните вредности (природно и културно наследство) и туризмот.

– Познавање на иновативни  и прогресивни модели на маркетинг и менаџмент на дестинации

– Познавање на туристичката слика, преку теренска работа

–           Познавање на рамките, практиките и концептите, релевантни за ЈПП во областите на промоцијата и менаџирањето на туристичките дестинации (пожелно релевантен или интернационален сертификат),

–           Работни ангажмани во консултантски услуги

–           Одлични аналитички, комуникациски и фасилитаторски вештини.

Потребни документи за аплицирање:

За донацијата:

  • Изјава од правно/физичко лице за предлог донација (зависно од начинот на донирање)
  • Договор или Пред-договор на правно лице со квалификуваните експерти (зависно од начинот на донирање)  

За експертите:

  • Биографија (CV);
  • Копии од документите кои го потврдуваат стекнатото работно искуство
  • Референци

Пликот, односно пликовите –во зависност од начинот на аплицирање- да бидат затворени и со назанака НЕ ОТВАРАЈ” и да има видлив напис ЗА ПИПЦ ЈПП КОНКУРС”

Дел II

Во недостиг на наменски финансиски средства, а со намера на поттикнување општествена одговорност, Советот за развој на Полошки плански регион ја донесе Одлуката бр.—— на 01.12.2020 за прибирање донаторски услуги и/или финансиски средства за извршување на рабоните задачи предвидени во Дел I, во овој јавен оглас.

  • Доколку фирмата/физичкото лице донатор пријавува желба да донира финансиски средства, истото може да го стори на следната ж-ска на ЦРППР: 880006115878915 ,приходна шифра: 000000,програма:00 со назнака  “За ЈПП за ПИПЦ”.
  • Доколку фирмата/физичкото лице донатор пријавува желба да донира услуги согласно критериумите од Дел I на овој јавен оглас, истото треба да го стори преку достава на предлог- договори со експерти согласно стручните критериуми од Дел I од овој јавен оглас.

Краен рок за аплицирање:

Рокот за доставување на пријавите изнесува (5) дена, сметано од од денот на објавувањето на огласот (сметајќи го денот на објавувањето). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.