Покана за презентација

ФИТР  Ве поканува на презентација на условите за аплицирање на отворениот јавен конкурс по редовна постапка за Кофинанисрани грантови за новоосновани трговски друштва „старт-ап“и „спин-оф“ 4.

 

Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка:

до 90% (деведесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 40.000 (четириесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва до 3 (три) години постоење до моментот на аплицирање или за трговско друштво кое ќе се основа во рок од 30 дена по прием на Известување за селекција на предлог проект (во случај кога како апликант се јавува тим), односнодо 85% (осумдесет и пет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 60.000 (шеесет илјади) евра во денарска противвредност за трговски друштва со над 3 (три), а помалку од 6 (шест) години постоење до моментот на аплицирање.

 

Преостанатиот износ од 10% (десет проценти), односно 15% (петнаесет проценти) од вкупниот буџет за проект треба да биде обезбеден од страна на апликантот.

Целта на овој повик е да се поттикне развој на иновативност кај новооснованите трговски друштва преку обезбедување на неопходната финансиска поддршка за активности поврзани со истражување и развој. Дополнително, се очекува да се поттикне развој на културата на преземање на ризик и воведување иновации, да се обезбеди поддршка за правните лица кои сакаат да развијат нов или подобрен производ, процес, и/или услуга, како и да се поттикне комерцијализација на резултатите од истражувања спроведени во рамки на високообразовните односно научно-истражувачките установи.

 

На повикот сите заинтересирани може да аплицираат најдоцна до 8-ми август 2022 година, до 14.00 часот, а целата проектната документација и начинот на аплицирање се целосно достапни на веб страницата: https://fitr.mk/startapuvaj4/

 

‼ Презентацијата на инфо сесијата ќе ја реализираат надлежните лица од ФИТР, преку Бизнис центарот на Центарот за развој на Полошки плански регион, која ќе се одржи на ден 05.07.2022 година (вторник) со почеток од 12:00 часот преку

апликацијата ЗООМ, на следниот линк:

 

https://us06web.zoom.us/j/87377289308?pwd=VHVoTWxKb0RzZ0dkdnQ0cVhod1RMQT09

 

Meeting ID: 873 7728 9308
Passcode: 071905

 

За сите останати информации поврзани со конкретниот повик може да се обратите и на емаил адресата: manager@rdcpolog.mk или директно да се јавите на следното лице за контакт: Александра Ѓорѓеска Ашовска тел. број 075 246 951

ЈАВЕН ПОВИК за обука за Информациско Моделирање на Згради  ( Building Information Modelling)

Центaр за развој на Полошки плански регион и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово објавуваат Јавниот повик  за обуки за Информациско Моделирање на Згради ( Building Information Modelling).                                                                                                                                             Јавниот повик се објавува во рамки на проектот Power Partnership for Polog ( PP4P ), за активност обуки за студенти, вработени во општинска администрација и бизнис ентитети (претплатено користење на ГИС).

ЈАВЕН ПОВИК
за обука за Информациско Моделирање на Згради  ( Building Information Modelling)

Се повикуваат сите кандидати кои се заинтересирани за вклучување во обука  за Информациско Моделирање на Згради  ( Building Information Modelling) , да се пријават на јавниот повик и изразат интерес за учество.

Кандидатите треба да поседуваат:

  • Персонален компјутер со ревит инсталација (autodesk revit 2022 installation)
  • Брза интернет конекција
  • Искуство со CAD/BIM апликации

Наставата ќе се одвива online преку платформата Microsoft Teams, во период од 01.06.2022 со почеток od 17:00h и вкупниот број на целата обука ќе изнесува 40 работни часа. Динамиката на наставата ќе се одвива два пати неделно по 4 часа дневно.

Напомена* времето и динамиката на одржување на обуките има можност да биди променето доколку се утврди таква потреба.

Право на учество имаат кандидати кои се Архитекти, градежници или ГИС специјалисти од следните групи на кандидати:

  • студенти од  3 или 4 година од горе наведените струки од универзитети од Полошкиот регион;
  • вработени во општините на Полошкиот регион;
  • вработени во приватен сектор во Полошкиот регион.

Рок за пријавување : Јавниот повик е отворен до 23.05.2022 година. Пријавувањето е предвидено по принципот прв пријавен прв услужен до искористување на предвидениот број на кандидати.

Заинтересираните кандидати да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик и тоа задолжително:

  • Пријава по Јавниот повик во која се наведени податоци за кандидатот (полн назив и контакт податоци) и докази согласно критериумот со доставување на кратка биографија на кандидатот.

Пријавите по Јавниот повик со потребните документи да се достават по електронска пошта на manager@rdcpolog.mk.

Нецелосната документација и онаа доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. Врз основа на јавниот повик, комисија за спроведување на Јавниот повик ги разгледува доставените пријави и составува листа на кандидати кои ги исполнуваат критериумите од огласот за учество на обуката.

 

 

Претседател на комисија

Славко Костоски

 

ЈАВЕН ПОВИК за обука за Microsoft Power BI

Центaр за развој на Полошки плански регион и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово објавуваат Јавниот повик  за обуки за Microsoft Power BI. Јавниот повик се објавува во рамки на проектот Power Partnership for Polog ( PP4P ), за активност обуки за вработени во општинска администрација и студенти.

ЈАВЕН ПОВИК
за обука за Microsoft Power BI

Се повикуваат сите кандидати кои се заинтересирани за вклучување во обука  за Microsoft Power BI, да се пријават на јавниот повик и изразат интерес за учество.

Кандидатите треба да поседуваат:

  • Kомпјутер
  • Интернет конекција
  • Основно познавање на работа со релациони податоци.
  • Основно познавање на работа со не-релациони податоци.
  • Основно познавање на концепти за анализа на податоци и визуелизација.

 

Обуката ќе се одвива online преку платформата Microsoft Teams, во период од 30.05.2022 со почеток od 17:00h и вкупниот број на целата обука ќе изнесува 40 работни часа.Динамиката на наставата ќе се одвива пет пати неделно по 4 часа дневно.

Напомена* времето и динамиката на одржување на обуките има можност да биди променето доколку се утврди таква потреба.

Право на учество имаат кандидати кои се Информатичари, ГИС Специјалисти или Бизнис Аналисти од следните групи на кандидати:

  • вработени во општините на Полошкиот регион;
  • студенти од 4 година од горе наведените струки од универзитети од Полошкиот регион

Рок за пријавување : Јавниот повик е отворен до 23.05.2022 година. Пријавувањето е предвидено по принципот прв пријавен прв услужен до искористување на предвидениот број на кандидати.

Заинтересираните кандидати да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик и тоа задолжително:

  • Пријава по Јавниот повик во која се наведени податоци за кандидатот (полн назив и контакт податоци) и докази согласно критериоумот со доставување на кратка биографија на кандидатот.

Пријавите по Јавниот повик со потребните документи да се достават на електронска пошта на manager@rdcpolog.mk.

Нецелосната документација и онаа доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. Врз основа на јавниот повик, комисија за спроведување на Јавниот повик ги разгледува доставените пријави и составува листа на кандидати кои ги исполнуваат критериумите од огласот за учество на обуката.

 

 

Претседател на комисија

Славко Костоски

Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

До:

Планинарски клуб Љуботен-Тетово, ул. Кузман Јосифоски Питу бр.6 Тетово

Врз основа на член 21 став 13, 14 и 15 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ број 24/21 и 174/21 ) и член 6 од Одлуката за распишување на јавен повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата бр. 08-409/7 од 14.12.2021 годинаПретседателот на Комисијата за спроведување на јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата, упатува: 

Покана за состанок до здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

Почитувани,

Како апликанти по Јавниот повик за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Полошкиот плански регион, Ве покануваме на состанок на ден 07.03.2022 година (понеделник) во почеток во 12:00 часот, во просториите на Центарот за развој на Полошкиот плански регион на адреса УЈИЕ, објект 701.07, 1200 Тетово.

На состанокот може да учествува само овластено лице на здружението или лица ополномоштени од нив кои се должни да достават:

  • полномошно за учество на состанокот за здруженијата кои се пријавиле по Јавниот повик, но не ги исполнуваат критериумите назначени во повикотво оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице или
  • полномошно за учество и одлучување за здруженијата кои се пријавиле и кои ги исполнуваат условите од Јавниот повикво оригинал со печат и своерачен потпис од овластеното лице.

На состанокот, пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од Јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Полошкиот плански регион, како член – претставник од здруженијата, без право на глас, со мандат од 4 (четири) години.

Здружението која ги исполнуваа критериумите од Јавниот повик е:

1.Планинарски клуб Љуботен-Тетово

 

Со почит,

03.03.2022 година

Комисија за спроведување на Јавниот

повик за избор на член во Советот за развој

 на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

Претседател,

Ирфан Одаи

Покана за состанок:

1.Pokana za sostanok-Ftes per takim

 

Соопштение Одржана прва конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот плански регион

Соопштение

Одржана прва конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот плански регион

 

Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР) сака да ја информира јавноста дека на 14 Декември 2021, во Тетово се одржа првата конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот регион.

 

На седницата беа верификувани мандатите на Градоначалниците во својство на членови на Советот за развој на полошкиот плански регион за периодот 2021-2025. За нов претседател на Советот за развој на полошкиот плански регион беше избран Градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами.

Советот за развој на полошкиот регион донесе одлука за утврдување на цена по тон за одлагање на отпад во депонијата Русино. Исто така се донесе одлука  со која се предлага и одобрува идентификација на две локации за трансфер станици за отпад, во територијата на општина Тетово, Боговиње, Брвеница и Желино, како и нивно оперативно ажурирање во Регионалниот план за управување со отпад во полошкиот регион.

Пред присатните, од страна на претставници на консултантите во проектот “Управување со цврст отпад во полошкиот регион – Фаза 1” беа презентирани постигнатите резултати од имплементацијата на проектот како и активностите кои што претстојат во иднина.

 

Исто така Градоначалниците беа информирани за текот на имплементацијата на проектот за управување со кучиња скитници во полошкиот регион.

 

Со почит,

Центар за развој на Полошки плански регион – Тетово

 

Повик за проекти за меѓуопштинска соработка

Повик за проекти за меѓуопштинска соработка

УНДП во соработка со Бирото за регионален развој објавува повик за доставување апликации за грантови, во рамки на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“.

За потребите на проектот „Пост-КОВИД: општините како двигатели за одржливиот развој“, канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавува повик за проекти за меѓуопштинска соработка (МОС).

Општата цел на проектот е да се обезбеди регионален и локален развој кој е инклузивен, родово-сензитивен, заснован на докази и целосно одговара на развојните потреби на најнеразвиените општини чии заедници се најпогодени од пандемијата со КОВИД-19.

Целта на повикот за проекти е зајакнување на капацитетите на единиците на локалната самоуправа преку поддршка на иновативни модели на соработка утврдена во Законот за локална самоуправа како и/или постоечките законски облици на МОС како алатка за спроведување на политиката за регионален развој и подобрена испорака на услуги кон граѓаните. Дополнително, со цел да се подржи најавеното подобрување на целокупната законска рамка за МОС, преку воспоставување, функционирање и анализа на постигнатите резултати на иновативни модели на МОС, ќе се придонесе кон подготовка на сеопфатна оценка за можноста за проширување на постоечкиот број на облици на МОС како и измена и дополна на другите релевантни елементи на Законот.

Повикот за проекти за меѓуопштинска соработка ќе даде поддршка на општините во воспоставувањето и функционирањето на меѓуопштинската соработка во следниве области:

  • финансиско управување,
  • заштита на животната средина,
  • транспортот,
  • намалување на ризикот од катастрофи и
  • други области што традиционално се предмет на политиката за регионален развој на ЕУ.

Исто така, во рамки на овој повик, општините можат да аплицираат и ќе бидат поддржани да спроведуваат пилот-проекти кои се однесуваат на родовата еднаквост и проблемите идентификувани на инклузивен и партиципативен начин. Посебен фокус ќе се стави врз иновации при испораката на локални услуги на технолошко ниво, што ќе придонесе за искористување на можностите создадени со дигитализацијата и ќе ги подигне меѓуопштинската соработка и придобивките од ефикасноста на ново ниво. Дополнително, иновативни и традиционални облици на меѓуопштинска соработка ќе бидат подржани и во останатите области кои се во надлежност на единиците на локалната самоуправа.

Времетраењето на еден проект во рамките на оваа грант шема изнесува 9 (девет) месеци. Вкупниот износ за овој повик изнесува 350.000 УСД. Општините може да поднесат апликации за грантови за проекти за МОС во висина од 30.000 до 50.000 УСД (изразени во МК денари). Финансиските средства кои избраните ЕЛС ќе ги добијат во рамки на овој повик административно ќе се управуваат од страна на УНДП.

Општините кои изразуваат интерес да аплицираат на овој повик, на следните веб страници можат да ги превземаат Оперативните насоки заедно со Формуларот за апликација, образец за буџет како и потребните документи поврзани со пополнување на Индексот за општински развој:

Пријавите се примаат најдоцна до 13 август 2021 година, до 14:00 часот. Ниедна пријава нема да биде примена по истекот на рокот. Со цел за детално презентирање на оперативните насоки и формуларот за аплицирање, во периодот од 19 до 23 јули 2021 година, ќе се оддржат 8 инфо сесии на ниво на планските региони.

Симнете ги потребните документи

Јавен Повик

Јавен Повик

За постојан развој на руралните средини и руралните заедници потребно е здружување на сите
засегнати страни кои преку своите можности и активности можат да допринесат на развојот на
руралните средини посебно и на регионот поопширно.
Едно такво здружување е и здружението за рурален развој Локална Акциона Група Полог Лидер
Тетово кое се организира и делува на подрачјето на територијата на Општините Тетово, Желино и
Брвеница.
Центарот за развој на полошкиот плански регион – како носител на иницијативата на јавните
институции, покрај општинa Тетово, Желино и Брвеница, сега веќе членки на Локалната Акциона
Група Полог Лидер Тетово, ги охрабрува сите бизнис ентитети како и невладини организации од
подрачјето на овие три општини, да се приклучат кон здружението и да дадат свој придонес во
развојот на руралните средини.
Се објавува овој Јавен Повик со цел приклучување на сите заинтересирани страни на јавниот,
приватниот и невладиниот сектор кон Локалната Акциона Група Полог Лидер Тетово.
За зачленување во здружението може да не контактирате преку емаил адресата –
info@rdcpolog.mk, преку телефонскиот број – 044/618062 или директно во просториите на
Центарот за развој на полошкиот плански регион на ул. Његошева бр. 2 / кат I.
Јавниот повик ќе биде отворен до 08.06.2021.