Центaр за развој на Полошки плански регион и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово објавуваат Јавниот повик за обуки за Информациско Моделирање на Згради ( Building Information Modelling). Јавниот повик се објавува во рамки на проектот Power Partnership for Polog ( PP4P ), за активност обуки за студенти, вработени во општинска администрација и бизнис ентитети (претплатено користење на ГИС).
ЈАВЕН ПОВИК
за обука за Информациско Моделирање на Згради ( Building Information Modelling)
Се повикуваат сите кандидати кои се заинтересирани за вклучување во обука за Информациско Моделирање на Згради ( Building Information Modelling) , да се пријават на јавниот повик и изразат интерес за учество.
Кандидатите треба да поседуваат:
- Персонален компјутер со ревит инсталација (autodesk revit 2022 installation)
- Брза интернет конекција
- Искуство со CAD/BIM апликации
Наставата ќе се одвива online преку платформата Microsoft Teams, во период од 01.06.2022 со почеток od 17:00h и вкупниот број на целата обука ќе изнесува 40 работни часа. Динамиката на наставата ќе се одвива два пати неделно по 4 часа дневно.
Напомена* времето и динамиката на одржување на обуките има можност да биди променето доколку се утврди таква потреба.
Право на учество имаат кандидати кои се Архитекти, градежници или ГИС специјалисти од следните групи на кандидати:
- студенти од 3 или 4 година од горе наведените струки од универзитети од Полошкиот регион;
- вработени во општините на Полошкиот регион;
- вработени во приватен сектор во Полошкиот регион.
Рок за пријавување : Јавниот повик е отворен до 23.05.2022 година. Пријавувањето е предвидено по принципот прв пријавен прв услужен до искористување на предвидениот број на кандидати.
Заинтересираните кандидати да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик и тоа задолжително:
- Пријава по Јавниот повик во која се наведени податоци за кандидатот (полн назив и контакт податоци) и докази согласно критериумот со доставување на кратка биографија на кандидатот.
Пријавите по Јавниот повик со потребните документи да се достават по електронска пошта на manager@rdcpolog.mk.
Нецелосната документација и онаа доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. Врз основа на јавниот повик, комисија за спроведување на Јавниот повик ги разгледува доставените пријави и составува листа на кандидати кои ги исполнуваат критериумите од огласот за учество на обуката.
Претседател на комисија
Славко Костоски
No comment yet, add your voice below!