|
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2025
|
| за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЗЈП “Русино / Полог |
| 1) Центарот за развој на Полошкиот плански регион на предлог на Директорот на ЗЈП “Русино/ Полог, на веб страницата на ЦРППР https://rdcpolog.mk/ и на веб страницата на јавното претпријатие www.rusinolandfill.mk, објавува јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на управен одбор и 1 (еден) член на надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на ЗЈП “Русино”– Полог, со седиште на Сушица, Гостивар. |
| 2) За член на управниот одбор на јавното претпријатие, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: |
– финансиското работење – правните работи – – техничките науки |
| 3) За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови: |
– областа на дејноста на јавното претпријатие ЗЈП Русино/Полог – финансиското работење – правните работи. – технички науки |
4) Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
|
| 5) Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Центар за развој на Полошкиот плански регион или по пошта на адреса: ул.Илинденска бр. 335 Објект 602 1200 Тетово, со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен одбор/ надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење со назнака за позицијата за која се аплицира и јавното претпријатие за кое се аплицира“ |
| 6) Членовите на Управниот одбор/ надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува Советот за развој на Полошкиот плански регион
7) Член на управен/ надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор. 8) Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија. 9) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни денови, сметано од денот на објавување на јавниот повик. 10) Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Центарот за развој на Полошкиот плански регион и на веб страницата на јавното претпријатие. 11) Краен датум за пријавување е 06.08.2025 година до 16.00h. 12) Кандидатите кои аплицираат за членови на повеќе управни/надзорни одбори за контрола на материјално – финансиско работење, потребно е да поднесат поединечно пополнета пријава за секоја позиција за која аплицираат. 13) Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана. |
No comment yet, add your voice below!