Работилница од областа на урбано и транспортно планирање -за проектот План за одржлива урбана мобилност

Работилница од областа на урбано и транспортно планирање за проектот План за одржлива урбана мобилност

 

На ден 20.12.2022 година се одржа работилница организирана од страна на Центарот за развој на Полошки плански регион со тема: „Просторната трансформација на регионот, во однос на урбаниот развој на општините и мобилноста во и меѓу општините во регионот“, на која присуствуваa градоначалниците на општините, претставници на општините од секторот урбанизам и сообраќај, претставници на Министерство за внатрешни работи и засегнати страни од Полошкиот регион. На работилницата извршена е презентација за развој на урбаната мобилност од страна на консултанти на општина Тетово претставници на фирмата, Open Urban Practice- OUP, како и презентација на од извршената анлиза на постојна состојба и транспортен модел (base scenario) од страна на консултантот на ЦРППР, 24 ИНГ дооел Битола – APPIA doo Ljubljana, Slovenia.

VII- Сотанок на Советот за развој на Полошки плански регион

 

VII– Сотанок на Советот за развој на Полошки плански регион

На 15.12.2022 година во салата за состаноци на УЕЈЛ се одржа седмата седница на Советот за развој на Полошки плански регион.

На оваа седница се разговараше за многу значајни прашања поврзани со развојот на планскиот регион Полошки, каде како точка на дневен ред беше изборот на нов директор на Центарот за развој на Полошки плански регион за периодот јануари 2023. – јануари 2027 година, каде со гласање на сите градоначалници беше избран досегашниот директор Фатмир Саити.

Исто така на оваа седница беше одлучено претседтел на Советот за развој на Полошки плански регион за втората година да биде избран градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.

На овој состанок беше одобрен и проектот за грантовата шема, кој беше приоритизиран на вториот регионален форум од учесниците на форумот.

ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2023 ГОДИНА

ВТОРА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2023 ГОДИНА

На 13.12.2022 (Вторник) со почеток во 11:00 часот во просториите на „Ресторан Електра Гарден“ во с.Брвеница се одржа втората (последователна) сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“- II фаза, што се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој е подджан на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ.

На оваа форумска сесија беа презентирани 5 (пет концепт решенијата за предлог проектите за Грантова шема и презентација на 5 (пет) концепт решенија од листата на предлог проекти за Програмата за рамномерен регионален развој на БРР/МЛС за 2023.

На втората форумска сесија се образложија критериумите за избор на проекти како и начинот на гласање од Грантова шема. По презентирање на проектите се изврши избирање т.е рангирање на концептните решенија од грантовата шема.

Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.

Одржана обука за подобрување Комуникациските Вештини

Одржана обука за подобрување Комуникациските Вештини

 

На 29.11.2022 година, Центарот за развој на Полошки плански регион, го организираше работилницата за ефективно комуницирање и подигнување на видливоста на регионалниот развој на која учествува вработените од Центарот заедно со претставници од општините, невладиниот сектор и бизнис заедницата каде меѓу другото имаа можност да се запознаат со креирање на ПР план и бриф, како и тренининг за јавни настапи.

Беше истакнато и беа донесени заклучоци дека сите засегнати страни со подобрување на личните и на заедничките комуникациски вештини заедно можат да придонесат кон подобра транспарентност и промоција на регионалниот развој и развојните ресурси.

Работилницата беше дел од предвидените активности во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2, финансиски поддржан од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа.