Skip to content

  Покана за првата форумска

ДАТУМ

ноември 11, 2022

Категории

,

 

Покана за првата форумска

Центар за развој на Полошки плански регион во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој II-фаза“ кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Бирото за регионален развој во соработка со Центарот за развој на Полошкиот регион, почнува со реализација на новиот циклус на  Регионални форуми 2022.

Ни претставува посебна чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на првата форумска сесија која ќе се одржи на 16.11.2022 година со почеток од 11 часот, во просториите на Ресторан Електра Гарден с.Брвеница.

На овој форум ќе се работи со две програми: Програмата за инвестициски проекти со дигитална компонента од грантовата шема и Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година со индикативно планирани средства за 2023 година.

Бараме од општините за да испратат максимум 7 (седум) претставници, и тоа (2 претставници од општината, и 5 (пет) од другите засегнати страни: општински советници, претставници од невладини организации, претставници од бизнис секторот, преставници од месните заедници, претставници од стопанските комори, претставници од општински јавни претпријатија.

При изборот на претставниците треба да имате во предвид структурата да биде минимум 40% жени и најмалку 20% млади.

 

Во прилог Ви ја испраќаме Поканата и  Агендата за форумот.

1.Покана за првата форумска сесија 

2.ДНЕВЕН РЕД

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy