Центарот за Развој на Полошкиот Плански Регион (ЦРППР) е основан во Мај 2008год. според Законот за рамномерен регионален развој. Центарот за развој на Полошки плански регион е правен субјект кој што го основаат сите единици на локална самоуправа кои што влегуваат во состав на Полошкиот плански регион.

Центарот е регистриран пред компетентните државни институции според Законот за рамномерен регионален развој.

Центарот за развој на Полошки плански регион ги врши следниве активности:

  • Подготвува предлог-програма за развој на Полошкиот плански регион,
  • Подготвува предлог-акционен план за имплементација на програмата за развој на Полошки плански регион,
  • Подготвува предлог-проекти за развој на Полошкиот плански регион,
  • Ги координира активностите кои што се поврзани со имплементацијата на Програмата за развој на Полошкиот плански регион,
  • Подготвува годишен извештај за реализација на програмата за развој на Полошкиот плански регион,
  • Обезбедува информаци до заинтересираните странки во текот на реализација на Програмата за развој на Полошки плански регион,
  • Обезбедува професионална и техкнична поддршка за сите единици на локалната самоуправа во Полошкиот плански регион во текот на реализација на Програмата за развој на регионот,
  • Поттикнува меѓуопштинска соработка во рамките на планскиот развој,
  • Обезбедува професионална помош за заинтересираните организации за подготвување на проекти од областа на регионалниот развој,
  • Ги промовира развојните можности на регионот и
  • Врши професионална техничко-административна работа за потребите на Советот за развој на Полошкиот плански регион.

Вработени

Fatmir

Фатмир Саити

Директор на Центарот за развој на Полошки плански регион
Shefik

Шефик Зендели

Раководител на Сектор за финансиски прашања-Помошник Директор
Bojana

Бојана Младеновиќ

Координатор во Бизнис Центарот на Полошки Плански Регион
Enes

Енес Синани

Раководител на Сектор за правни работи и човечки ресурси-Помошник Директор
Bekim

Беким Нухии

Координатор за регионален развој во Центарот за развој на Полошки плански регион
Ali

Али Зејнули

Координатор за правни работи во Центарот за развој на Полошки плански регион
Slavko

Славко Костоски

Проектен специјалист Управување со цврст отпад во Полошки регион/Фаза I
Aleksandra

Александра Ѓорѓеска Ашовска

Архивски службеник во Центар за развој на Полошки Плански Регион