Одржана работилница за Советот за социјална заштита

  Одржана работилница за Советот за социјална заштита

 

За потребата од ефективна имплементација на целите и начелата за поттикнување на рамномерниот регионален развој од одредбите на Законот за рамномерен регионален развој, Центарот за развој на Полошки плански регион во рамки на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој II-фаза“ одржа работилница за Советот за социјална заштита. Работилницата ја водеше Елена Кочова, активист и експерт за човекови права и попреченост. На работилницата беа идентификувани и презентирани  постоечките услуги за обезбедувањето на инклузивна заедница, беа презентирани и принципи и пристапи кон користење на социјалните услуги на регионално ниво. Главната цел на работилницата беше идентификување на потребата и вмрежување на сите засегнати страни во една функционална инклузивна заедница и интегрирање на  Советите за социјална заштита како значајна алка во системот. На работилницата присуствуваа претставници од областа на социјални услуги на сите општини од регионот како и од Центрите за социјална работа.