ЈАВЕН ОГЛАС

Врз основа на член 30 од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 24/21), и врз основа на потпишаниот Договор за реализација на проектот “Урбано трансформиран регион (студија за трансформација на просторот и е-услуги преку грантирање на стартап компании) 08-78/6 (2)”, помеѓу Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР) и Бирото за регионален развој бр. 09-377/1 од 27.11.2023 година, а со цел спроведување на активноста “Грант за развој на временски и просторен тракер во реално време”, Центарот за развој на Полошкиот плански регион на ден 27.01.2024 година, објавува:

 

ЈАВЕН ОГЛАС

за “Грантирање на правни лица –стартап компании- за развој, имплементација и пазарен пробив на решенија”

 

  1. ЦЕЛ И ОПИС НА ГРАНТИРАЊЕТО

Вовед

Градежните проекти на општините и регионот играат витална улога во подобрувањето на инфраструктурата и услугите во нашата заедница. Успешното извршување на овие проекти бара прецизно планирање, ефикасно искористување на ресурсите и прецизно следење на различни фактори, вклучувајќи време и други ресурси. Во контекст на ова, постои потреба од специјализирано софтверско решение прилагодено на уникатните предизвици на регионалните, општинските и јавните комунални претпријатија во градежните проекти.

Тековните практики за управување со проекти често вклучуваат методи за рачно следење, хартиени форми и градежни дневници, пробивање на рокови и буџети, при што доведува до неефикасност, потенцијални грешки и предизвици во исполнувањето на временските рокови на проектот и целите за распределба на ресурсите. Комплексноста на регионалните и општинските градежни проекти, кои вклучуваат различни засегнати страни, строги регулативи и повеќеслојни барања за ресурси, бара софистицирано софтверско решение кое може да ги насочи процесите, да ја подобри видливоста и да обезбеди усогласеност, а на крај од денот и да заштеди во голема мера.

 

Очекувани резултати

За потребите на овој повик потребно е да се изработи апликација која ќе опфаќа детална бизнис анализа, бизнис план како и развој на софтверско решение со минимум барања согласно краткиот опис во продолжение.

 

Бизнис анализа

Бизнис анализата потребно е да се спроведе во првите 60 дена од потпишување на договор, а од истата потребно е да произлезат следните докоменти

BRD (Business Requirements Document) документ во кој треба да бидат опишани детално сите функционални барања за непречена работа на решението

Проектен план – Проектен план за развој на решението

Предлог бизнис план за следните 36 месеци со кои што ќе се прикаже одржливоста на решението

Краток опис на софтверско решение

Веб софтверското решение за следење на градежени активности е платформа која е потребно да овозможи ефикасно и детално следење на сите аспекти на градежниот процес. Ова решение има за цел да го олесни и усоврши управувањето на градежниот проект, нудејќи различни функционалности и инструменти за следење, преглед, анализа и комуникација.

Исто така при менаџирање на целокупниот процес на изведба софтверското решение потребно е да ги запази градежните нормативи и стандарди. Платформата потребно е да биде SOA (сервисно ориентирана архитектура) која ќе овозможува интерконекциија со трети системи.

Главни каректеристики кои треба да ги поседува софтверското решение се следните:

 

  • Податоци
  •         Чување на податоците во централна база на податоци
  • Ефикасно внесување на податоци:
  •         Веб интерфејс за лесно внесување на податоци и секаде каде што е возможно да се предвидат паѓачки менија со предефинирани вредности

 

  • Следливост:
  •         Следливост на догвори, дневна книга, градежен дневник вклучувајќи информации за работни часови, материјали и задачи.

 

  • Проектен менаџмент
  •         Автоматско креирање на проектен план
  •         Можност за креирање на работни задачи и следливост на иситите
  •         Интегриран календар што овозможува планирање на активности, преглед на роковите и пратење на важни датуми

 

  • Известувања
  •         Можност за известување и предупредување за важни настани, приближување до крајни рокови и промени во проектот.

 

  • Фотографии и документи
  •         Можност за корисниците да прикачуваат фотографии и документи кои го прикажуваат напредокот на работата.

 

  • Графикони и извештаи
  •         Генерирање на графикони и извештаи за напредокот на проектот, трошоците и временската рамка.

 

  • ГИС прегледник 
  •         Апликацијата потребно е да поседува ГИС прегледник преку кој ќе може да ги означува зоните на рабоење и кои ќе бидат врзани со целосната докуемнтација за проектот.
  • Мобилна компатибилност:
  •         Веб апликација која е компатибилна со мобилни уреди, што треба да овозможи преглед и внесување на податоци директно од теренот.
  • Интеграција со трети системи:
  •         Можност за интеграција со други системи за управување со документи, електронски потписи, итн.
  • Интеграција со хардверски компонети
  •         Апликацијта потребно е да овозможи интеграција и конзумирање на податоци преку кои ќе се овозможи следливост на градежните активности преку камера, гпс уреди, картички за раборно време и слично.
  • Безбедност и пристап:
  •         Заштита на податоците и дозволи за пристап, овозможувајќи само на овластените корисници да ги видат и изменуваат информациите.
  • Комуникација и колаборација:
  •         Можности за комуникација и колаборација меѓу членовите на тимот, вклучувајќи коментари и чат.

 

 

  1. ИЗНОС НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА

Износот на финансиска поддршка не е ограничен и ќе се дефинира во фаза на пичинг (презентација на предлог-решенијата) со правното лице кое ќе има најподобно решение согласно бизнис анализата и другата барана документација. Апликантите се должни да обезбедат 10-20% сопствено учество во кофинансирање на проектот. 

 

  1. ПОДОБНИ АПЛИКАНТИ И КВАЛИФИКАЦИИ ЗА КЛУЧНИ ЕКСПЕРТИ

На овој оглас може да аплицира:

  •         Старт ап компанија, регистрирана во Полошкиот плански регион, не постара од 3 години

Потребен тим и квалификации за клучни експерти

Фаза 1 (до 2 месеци) – бизнис анализа со проектен и бизнис план (стручен и финансиски)

 

  • Проектен Менаџер x 1 лице
  •         Универзитетска диплома во областа на техничките науки, економија, бизнис или менаџмент
  •         Задолжително познавање на англиски јазик
  •         Одлично познавање на MS Office пакетот (предност: познавање на MS Project или други алатки за проектен менаџмент)
  •         Одлични комуникациски и организациски вештини и ориентација кон тимска работа
  •         Искуство во имплементација на нови проекти
  •         Работно искуство во раководење со проекти, процеси и стремеж за континуирано подобрување 
  •         Минимум 7 години работно искуство

                        ИТ Бизнис аналист со искуство во градежни проекти x 1 лице

  •         Универзитетска диплома во областа на техничките науки, архитектура или градежништво
  •         Задолжително познавање на англиски јазик
  •         Одлични комуникациски и организациски вештини и ориентација кон тимска работа
  •         Искуство во имплементација на нови проекти
  •         Предност е искуство со статистиката или деловна интелигенција како генерирање и обработка на податоци и презентација на заклучоци
  •         Аналитичност, проактивност со особена грижа кон детали и почитување рокови 
  •         Минимум 7 години работно искуство
  • Сениор солушн архитект x 1 лице
  •         Завршен факултет или постдипломски студии во ИТ
  •         Дефинирање и документирање на целокупната архитектура на решениeто
  •         Работа заедно со засегнатите страни за да се разберат нивните потреби и барања
  •         Оценување и избор на соодветни технологии и платформи за решението
  •         Развивање и одржување на најдобри практики
  •         Обезбедување дека решението ги исполнува барањата за перформанси, приспособливост и безбедност
  •         Обезбедување технички насоки и поддршка за развојните тимови
  •         Идентификување и ублажување на потенцијалните ризици и прашања поврзани со решението
  •         Минимум 7 години работно искуство 

Фаза 2 (од 2 до 8 месеци) – развој и имплементација на софтверското решение

Напомена: Предлог – Тимот од подолу е индикативен. Истиот може да се смени и прилагоди согласно прифатените предлог документи од првата фаза на овој повик. 

 

  • Проектен Менаџер x 1 лице
  •         Универзитетска диплома во областа на техничките науки, економија, бизнис или менаџмент
  •         Задолжително познавање на англиски јазик
  •         Одлично познавање на MS Office пакетот (предност: познавање на MS Project или други алатки за проектен менаџмент)
  •         Одлични комуникациски и организациски вештини и ориентација кон тимска работа
  •         Искуство во имплементација на нови проекти
  •         Работно искуство во раководење со проекти, процеси и стремеж за континуирано подобрување
  •         Минимум 7 години работно искуство

 

 

  • Тим лидер на софтверскиот тим – Senior level x 1 лице
  •         Завршен факултет или постдипломски студии во ИТ
  •         Поставува јасни стандарди и процедури за развој
  •         Воведува јасни упатства на дневна основа
  •         Го мотивира го тимот и создава добра атмосфера за конструктивен развој
  •         Работи на градење тим и поттикнува добра комуникација помеѓу членовите на тимот
  •         Го следи развојот на решението и креира извештаи
  •         Се осигура дека тимот има соодветни технички компетенции
  •         Минимум 7 години работно искуство 
  • Програмери – mid level x 2 лица
  •         Завршен факултет или постдипломски студии во ИТ
  •         Познавање на избраната технологија
  •         Дизајнира, развива и одржува чист код
  •         Да биде во тек со најсовремените програмски техники и софтверски технологии;
  •         Да ги документира и да ги комуницира софтверските решенија со интегрирани, меѓу функционални инженерски тимови 
  •         Минимум 5 години работно искуство 
  • Програмери – junior level x 2 лица
  •         Завршен факултет или постдипломски студии во ИТ
  •         Познавање на избраната технологија
  •         Дизајнира, развива и одржува чист код
  •         Да биде во тек со најсовремените програмски техники и софтверски технологии;
  •         Да ги документира и да ги комуницира софтверските решенија со интегрирани, меѓу функционални инженерски тимови 
  •         Минимум 3 години работно искуство

Се докажува со кратка биографија (CV и референци) и Изјава за достапност за цело времетраење на проектот.  

 

  1. ВРЕМЕТРАЕЊЕ

Времетраењето на целосната имплементација на предвидените активности е 2-8 (два до осум) месеци.

  1. КРИТЕРИУМИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ

Апликации кои ќе бидат оценети како подобни и се сметаат за успешни во исполнување на подобноста на критериумите наведени во повикот ќе бидат оценувани во Чекор 1 од процесот. 

Предлози кои поминуваат на проверката на подобноста, ќе се оценуваат преку транспарентен процес на евалуација кој ќе биде управуван и предводен од објавувачот на огласот во партнерство со надворешни експерти од областа.

Секоја апликација ќе биде разгледана од најмалку тројца оценувачи. Ова ќе обезбеди подобра конзистентност низ процесот на евалуација и дополнително ќе им овозможи на оценувачите со искуство во бизнисот, индустријата и технологиите да го разгледа и оцени секој пристигнат предлог.

 

Критериумите за оценување во Чекор 1 се следните:

  • Иновативен производ или услуга базирана на технологија
  1. Почеток на здрав менаџмент тим и/или тим за развој на производи
  2.  Изразена посветеност на комерцијализација на предложениот бизнис 
  3. Изразени финансиски, технички и човечки ресурси
  4. Производ или услуга што е на околу 12 месеци од комерцијализација на пазарот
  5. Реални буџетски и финансиски проекции кои ја демонстрираат способноста за генерирање на идна продажба
  6. Покажана приемчивост кон советодавните, менторските и другите понудени услуги од страна на организаторот и партнерите

 

Оценувачите ќе го следат системот за бодување наведен подолу – важи за Чекор 1:

 

  • Оценка 0: Неуспешно – Предлогот не ги опфаќа критериумите што се испитуваат или не може да се суди поради недостиг на или нецелосни информации
  • Оцена 1: Многу слаба – Креиериумите се третирани на незадоволителен начин
  • Степен 2: Слабо – Има сериозни вродени слабости
  • Оценка 3: Добро – Иако предлогот општо се однесува на критериумите, постојат значителни слабости кои би требало да се поправат.
  • Оценка 4: Многу добро – Предлогот добро се вклопува во критериумите, иако се можни идни подобрувања
  • Оценка 5: Одлично – Предлогот успешно се однесува на сите релевантни аспекти на критериумите и секој недостаток е од помал карактер

 

Општиот минимален праг за поминување во Чекор 2  ќе биде минимална оценка – Оценка 3: Добро.

 

Ова ќе овозможи да се изберат најперспективните стартапи во однос на техничките и

критериуми за подготвеност на пазарот, со силна поддршка на организаторот на повикот и неговите партнери.

Стартапите кои ќе бидат избрани во Чекор 2 од фазата на предселекција, ќе имаат можност да го презентираат своето детално решение пред комисијата за селекција, но и ќе имаат време детано да го изработат 1) бизнис моделот, 2) техничко-технолошките спецификации, 3) буџетот и 4) предвиденото време за креирање на предложеното решение.

По завршување на Чекор 2 од процесот на селекција, најдоброто решение/решенија ќе бидат повикани да потпишат договор за доделување на средствата, врз база на финалната селекција на стручната комисија, која својата завршна селекција ќе ја донесе спрема горенаведените критериуми и деталните резултати од Чекор 1 и Чекор 2 од фазата на селекција.

  1. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА И НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ

 

Потребна документација:

Фаза 1

– Документ со бизнис анализа

– Документ со проектен план

– Документ со бизнис план

 

Фаза 2

– Дијаграм за структура на дата база

– Целосно функционален изворен софтверски код на целокупната платформа 

– Техничка документација за изворниот код, опис на решението и опис на базата на податоци

– Кориснички упатства и документација

– Тренинг материјали

 

– Кратка биографија (CV и референци) и Изјава за достапност за цело времетраење на проектот, за бараните човечки ресурси

– Тековна состојба, издадена од Централен регистар на РСМ 

 Документацијата се доставува на македонски или англиски јазик, по електронски пат на следната електронска адреса:

manager@rdcpolog.mk

  1. РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Рокот за аплицирање е 30 календарски денови, од датумот на објава на Јавниот оглас, заклучно со 27.02.2024 година.  

  1. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

За сите дополнителни информации можете да ни се обратите во писмена форма на следната електронска адреса: manager@rdcpolog.mk. 

На ден 22.02.2024 година, Центарот за развој на Полошкиот плански регион донесе Одлука за продолжување на крајниот рок на Јавниот оглас за грантирање на правни лица –стартап компании- за развој, имплементација и пазарен пробив на решенија.
Крајниот рок за достава на апликации за грантирање на правни лица -стартап компании- за развој, имплементација и пазарен пробив на решенија е 28.03.2024 година.