Skip to content

Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

ДАТУМ

февруари 11, 2022

Категории

Согласно член 21 став 7 – 15  од Законот за рамномерен регионален развој („Службен весник на РСМ“ бр.24/21 и 174/21), Советот за развој на Полошкиот плански регион распишува:

 

Јавен повик

за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата

Основни критериуми за избор на член – претставник од здруженијата во Советот за развој на Полошкиот плански регион се:

  • правните лица, апликанти да бидат регистрирани најмалку две години, со седиште и делување на подрачјето на општина во состав на планскиот регион,
  • правните лица, апликанти согласно со Статутот на организацијата да делуваат во областа на локалниот и на регионалниот развој и
  • правните лица, апликанти да имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.

 

Членот – претставник од здруженијата во Советот за развој на Полошкиот регион се избира со мандат од 4 (четири) години и нема право на глас.

Рок за пријавување: Јавниот повик е отворен до 24.02.2022 година.

 

Заинтересираните правни лица/ апликанти да достават документи со кои ќе докажат дека ги исполнуваат критериумите за избор наведени во Јавниот повик и тоа задолжително:

 

  • Пријава по Јавниот повик во која се наведени податоци за правното лице/апликант (полн назив и контакт податоци) и контакт податоци за овластеното лице, со потпис на овластено лице и печат на правното лице, во оригинал;
  • Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 месеци сметано од крајниот рок за аплицирање по јавниот повик наназад, во оригинал;
  • Статут на организацијата, фотокопија;
  • Копија од Договори со кои се докажува дека правните лица – апликанти имаат имплементирано најмалку два проекти од областа на локалниот и регионалниот развој.

 

Пријавите по Јавниот повик со потребните документи да се достават до Архивата на Центар за развој на Полошкиот плански регион – Тетово, на адреса ул. „Његошева 2“ кат-1, 1200 Тетово, со назнака:

 

„Пријава по Јавен повик за избор на член во Советот за развој на Полошкиот плански регион – претставник од здруженијата“.

 

Пријавите испратени по електронска пошта или факс нема да бидат земени во предвид.

 

Нецелосната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Лице за контакт за јавниот повик: Енес Синани тел: 076/479-210 и 044/618-062.

Врз основа на јавниот повик, комисија за спроведување на Јавниот повик ги разгледува доставените пријави и составува листа на здруженија кои ги исполнуваат критериумите од огласот.

 

Пријавените кандидати кои ги исполнуваат критериумите од јавниот повик, со мнозинство гласови одлучуваат кој од нив ќе ги претставува во Советот за развој на Полошкиот плански регион, на состанок организиран од претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик во рок од 15 дена од денот на завршување на јавниот повик.

 

Претседателот на комисијата за спроведување на јавниот повик упатува официјална покана до здруженијата кои се пријавиле на јавниот повик.

 

Поканата се објавува на веб-страницата на Центарот за развој на Полошкиот плански регион (https://rdcpolog.mk/) најмалку три дена пред датумот на одржување на состанокот.

 

 

 

            Совет за развој на Полошкиот плански регион

                                                             Претседател,

        Биљал Касами

 

 

Целосниот текст на Јавниот повик како и пријавата може да се превземат од следниве линкови:

1.Јавен повик

2.2.1.ПРИЈАВА-на-здружение-апликант-Aplikacion-i-shoqatës-aplikant-MK-AL (1)

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy