Проект за реконструкција на коритото на река Непроштенска

Проект за реконструкција на коритото на река Непроштенска

Главниот проект за реконструкција на коритото на река Непроштенска е со вкупна должина на предметната делница од 981 метри. Со проектот се придвидува да се подобрат хидрауличките карактеристики на речното корито. Реката поминува низ средина с. Непроштено и селото го дели во два дела. Со овој проект е предвидено чистење на коритото од дрвја и растенија – по целата ширина и оформување на проектираното корито на реката. Во тек е постапката за тендерирање и истата треба да заврши до крајот на 2024 година. Финансиските средствата во износ oд 4.135.171 денари се обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање – програмата за води за 2024 година и со тие средства може ќе се реализира дел од трасата на проектот.

Проектот “Smart Led Lighting Project”

Проектот “Smart Led Lighting Project”

Во соработка со МЛС и Центарот за развој на регионот План на Полог во рамките на проектот „ Smart Led Lighting Project” заменивме 900 неон cијалици со Smart Led сијалиците со кои значително се подобри мрежата за јавното осветлување. Износот на проектот е околу 20.000.000 денари и се спроведуваше на 13 население места на општина Теарце.

 

Филтер станица за третман

Филтер станица за третман

Филтер станица за третман – прочистување на водата за пиење, финансиран од страна на општина Теарце со вкупен износ од 765,840 денари. Проектот е реализиран во текот на 2024 година и е во функција на снабдување со квалитетна вода за пиење на детската градинка.

 

 Изградба на локален пат во с. Теарце  

 Изградба на локален пат во с. Теарце

Изградба на локален пат во с. Теарце – Финансиран од Бирото за Регионален Развој во
координација со општина Теарце со вкупен износ од 3.200.000денари. Патот е асфалтиран во должина од 434 метри и со променлива ширина од 4-5 метри.

Изградба на систем за канализација за отпадни води во с. Теарце

Изградба на систем за канализација за отпадни води во с. Теарце

Изградба на систем за канализација за отпадни води во с. Теарце – Финансиран од Владата на РСМ
и МЖСПП во координација со општина Теарце со вкупен износ од 51.902.591денари. Проектот е
завршен во 2024 година за делот за кој е договорен. Вкупната реализирана должината на мрежата е 10км.

Филтер станица за отпадни води за детска градинка

Филтер станица за отпадни води за детска градинка

Филтер станица за отпадни води за детска градинка – Финансиран од МЖСПП во износ 2.282.535
денари , проектот е реализиран во текот на 2022 година и e во функција за прочистување на одпадните води од функсионирањето на објектот на детската градинка.

Изградба на детска градинка

Изградба на детска градинка

Изградба на детска градинка – Финансиран од ЕУ ИПА фондови, МФ и МТСП во координација со
општина Теарце. Објектот е завршен, во тек се финалните и формалните активности. Вкупниот износ е 49.624.954 денари без ДДВ средства од Европската Унија, имплементирано од Министерството за финансии и Министерствотот за труд и социјална политика и кофинансирано до страна на општина Теарце дополнително со 6.000.000 денари непредвидени работи. Предвидениот максимален капацитет е за 180 деца од предшколска возраст.

Изградба на нискотрошковен систем за наводнување во с. Теарце

Изградба на нискотрошковен систем за наводнување во с. Теарце

Изградба на нискотрошковен систем за наводнување во с. Теарце – Финансиран од ЕУ ИПА
фондови и МЗШВ во координација со општина Теарце, во тек на изградба, вкупен износ 104.500.000
+ 17% анекс за непредвидени активности. Должината на мрежниот систем е 25.716 метри со 191
хидранти и ќе служи за наводнување на 335ха земјоделско земјиште во атарот на с. Теарце. Проектот уште не е реализиран во целост.

Социјални услуги нега на стари лица во домашни услови – Финансиран од Светска Банка и МТСП, се реализира преку провајдерот НВО Милениум во координација со општина Теарце. Проектот е
започнат во 2022 година. Нуди услуги за 30 стари лица кои имаат потреба со ангажман на 10 лиценцирани негуватели.