ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2025  

ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2025

 

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на управен одбор и членови на надзорен одбор за контрола на материјално –  финансиското работење на  ЗЈП “Русино / Полог
1)               Центарот за развој на Полошкиот плански регион  на предлог на Директорот на ЗЈП “Русино/ Полог, на веб страницата на ЦРППР https://rdcpolog.mk/ и на веб страницата на  јавното претпријатие www.rusinolandfill.mk, објавува јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на управен одбор и 1 (еден) член на надзорен одбор за контрола на материјално –  финансиското работење на  ЗЈП “Русино”– Полог, со седиште на Сушица, Гостивар.
2) За член на управниот одбор на јавното претпријатие, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. 1.Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. 2.Да има најмалку  240  кредити стекнати по ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие;
  3. 3.Во моментот на именување со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна  или прекршочна санкција забрана на вршење професија,дејност или должност;
  4. Да има најмалку пет години работно искуство од областа на дејноста на јавното претпријатие ЗЈП Русино/Полог или три години работно искуство во една од следните области:

–       финансиското работење

–       правните работи

–       – техничките науки

3) За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на јавното претпријатие, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Да има најмалку  240  кредити стекнати по ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки, економските науки или од областа на дејноста на јавното претпријатие;
  3. Во моментот на именување со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна  или прекршочна санкција забрана на вршење професија,дејност или должност;

 

 

 

  1. Да има најмалку пет години работно искуство во една од следните области:

–       областа на дејноста на јавното претпријатие ЗЈП Русино/Полог

–       финансиското работење

–       правните работи.

–       технички науки

4) Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:

  1. Образец за пријавување;
  2. Кратка биографија;
  3. Уверение за државјанство;
  4. Уверение или диплома за завршено високо образование и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за местото за кое се пријавува,
  5. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
  6. Доказ дека има соодветно работно искуство за соодветно место за кое се пријавува (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и потврда заверена од работодавец)
  7. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.
5) Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Центар за развој на Полошкиот плански регион или по пошта на адреса: ул.Илинденска бр. 335 Објект 602 1200 Тетово, со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен  одбор/ надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење со назнака за позицијата за која се аплицира и јавното претпријатие за кое се аплицира“
6) Членовите на Управниот одбор/ надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на јавното претпријатие ги именува, односно разрешува Советот за развој на Полошкиот плански регион

7) Член на управен/ надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управниот одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на Управниот одбор.

8) Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.

9) Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 10 работни денови, сметано од денот на објавување на јавниот повик.

10) Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Центарот за развој на Полошкиот плански регион и на веб страницата на јавното претпријатие.

11) Краен датум за пријавување е 06.08.2025 година до 16.00h.

12) Кандидатите кои аплицираат за членови на повеќе управни/надзорни одбори за контрола на материјално – финансиско работење, потребно е да поднесат поединечно пополнета пријава за секоја позиција за која аплицираат.

13) Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

Формулар за Аплицирање