Прва Седница на Советот за развој на Полошки плански регион

Прва Седница на Советот за развој на Полошки плански регион

На 04.04.2024 година, во салата за состаноци при општина Боговиње, со почеток во 12:00 часот, се одржа првата Седница на Советот за развој на Полошки плански регион за 2024 година.

На оваа Седница беа одобрени важни документи за тековното работење и функционирање на Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР). Исто така, се дискутираше и за потребата од реализација на регионални, развојни проекти во иднина.

Усвоени точки:

  1. Завршна сметка на ЦРППР за 2023 година,
  2. Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Полошки плански регион 2021-2026 за 2023 година,
  3. Финансиски план на ЦРППР за 2024 година.