ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2024 ГОДИНА

ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2024 ГОДИНА

Одржувањето на првата форумска сесија на 10.11.2023 година го најави започнувањето на процесот на Регионални форуми во заедницата во Полошкиот плански регион, на кој учествуваа околу 50-тина претставници од деветте општини од Полошкиот плански регион (невладини организации, претставници од бизнис секторот, советници од Советите на општините), кои активно дискутираа, презентираа реални проблеми, а воедно предлагаа и решенија како да се надминат проблемите со цел да се подобрат условите за живот на сите жители во регионот, што е од особено значење за успешна реализација на регионалниот форумски процес. Процесот е поддржан и финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ, преку проектот ,,Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј’’ – 2 фаза, а имплементиран од страна на Центарот за развој на Полошкиот плански регион.

На оваа сесија учесниците предлагаа проектни идеи за Програмата за рамномерен регионален развој за 2024 година, каде на располагање се околу 55 милиони денари за имплементација на проекти од регионално значење.

Во периодот кој што следува, врз основа на идентификуваните проблеми од првата форумска сесија ќе се развијат концептни решенија кои понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Полошкиот плански регион, како и пред присутните учесници на втората форумска сесија, која е планирана да се одржи на 01.12.2023 година.

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

Центарот за развој на Полошки плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Бирото за регионален развој во соработка со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, почнува со реализација на новиот циклус на  Регионални форуми 2023.

За таа цел ќе ни претставува особена чест и задоволство да присуствувате на форумските сесии.

Првата форумска сесија ќе се одржи на 10.11.2023 година (петок) со почеток од 13:00 часот, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (објект 814.01).