FORGOT YOUR DETAILS?

INFRASTRUCTURE

ИНФРАСТРУКТУРА

Инфраструктурата во Пелагонискиот регион има огромно значење за регионот, бидејќи истовремено претставува и можност за дополнителен економски развој.

Регионот има добра географска положба, близина со земја членка на Европската Унија и две земји членки на НАТО. Регионот има релативно добрата патна инфраструктура и поврзаност во рамките на регионот. За развој на економијата голема можност претставува повторното активирање на железничкиот премин кај Кременица. Односно, функционалноста на железничката врска Велес - Битола – Лерин со пристап до Солунското пристаниште ќе има огромно влијание врз развојот на економијата и врз протокот на луѓе, стоки и капитал. Отворањето на граничниот премин Маркова Нога со Република Грција  и изградбата на експресниот пат Прилеп - Велес. Подобрувањето на добрососедските односи со Р. Грција и повторното отворање на граничниот премин кај село Кременица (граница со Република Грција).

На територијата на регионот има значајни поволности во однос на транспортот и инфраструктурата.

  • Добра комуникациска поврзаност внатре во регионот и на меѓународно ниво. Сепак дел од тие комуникации е потребно да се подобрат (пругата Битола – Лерин), патниот правец Прилеп – Битола – Ресен итн.
  • Енергетскиот комплекс РЕК Битола е од огромна важност за регионот. Со инсталираната моќност од 3 блока х 225 MW, во одредени моменти произведува над 70% од вкупно произведената ел. енергија во Република Македонија.
  • Рудните наоѓалишта во Пелагонија и Мариово кои денес се искористуваат во трите блока на ТЕЦ Битола.
  • Обезбедување енергија од стабилни, сигурни, чисти и обновливи извори е огромен потенцијал кој се должи на поволните климатски услови во регионот за производство на енергија од вода (Чебрен и Галиште), сонце, ветар и биомаса.
  • 100% покриеност со надземен дигитален катастар.
  • Висока покриеност со системи за водоснабдување (недостаток на вакви системи во дел од руралните подрачја).

Како неповолни состојби во Пелагонискиот плански регион се

  • Недостаток на локални/регионални цевководи за снабдување со вода за пиење во руралните средини
  • Непостоење на детална анализа на сообраќајната поврзаност во регионот, соодветно интегрирано управување и контрола на сообраќајот (вертикална и хоризонтална сигнализација), пешачки и велосипедски патеки (во смисла на сигурност).
  • Недоволниот капацитети за одведување и пречистување на отпадните води освен негативните ефекти врз населението се одразува и на животната средина, како и на земјоделството и земјоделското производство (органско и еко производство). Најзагрозена е ситуацијата во руралните средини, бидејќи урбаните центри се во голем процент покриени, а според динамиката и плановите за решавање на овој проблем Прилеп и Битола во блиска иднина ќе ги отстранат опасностите од оваа закана.
TOP