FORGOT YOUR DETAILS?

AGRICULTURE AND RURAL DEVELOPMENT

ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РУРАЛЕН РАЗВОЈ

Во Пелагонискиот плански регион се наоѓаат 17,7% од вкупно 650.000 хектари [1]обработливо земјоделско земјиште во Република Македонија.

Земјоделството е еден од приоритетните сектори во Пелагонискиот регион. Тоа учествува со 4% од вкупното производство во регионот и 5% во вкупното вработување во регионот. Одличната земјоделска структура и климатски услови се главни фактори кои придонесуваат за успешниот развој на земјоделството во регионот. Во табела број 59 претставена е застапеноста на земјоделски површини по категории. Од Табелата бр. 59 може да се забележи дека најзастапени се обработливите површини (53%) и пасиштата (47%).

Категорија на земјоделска површина во Пелагониски плански регион изразена во хектари

Година 2010 2011 2012 2013
1.Обработлива повр. / 112.078 111.987 115.191
1.1 Ораници и бавчи 46.182 92.839 92.712 95.858
1.2 Овоштарници 2.762 3.821 3.862 3.865
1.3 Лозја 744 942 931 980
1.4 Ливади 6.897 14.476 14.482 10.149
2.Пасишта 159.454 150.416 150.404
Вкупна земјоделска површина 56.585 383.610 374.390 376.447

Извор: Државен завод за статистика на Р. Македонија, „Регионите во Република Македонија, 2014“

Во Пелагонискиот регион се наоѓаат 14,54% од вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија (Табела бр. 60). При тоа, во овој регион се користи 97% од вкупното земјоделско земјиште, што е за 5% повеќе од  искористеноста на национално ниво.

Во Пелагонискиот регион, земјоделството е економска активност на целото семејство. Најчесто како носител на индивидуално земјоделско стопанство се јавуваат мажи (90% од случаите, исто како и на национално ниво) со просечна старост од 57 години,  додека пак  на домаќинствата ангажирани на индивидуалните земјоделски стопанства се 64% жени со просечна возраст од 45 години и 36% мажи со просечна возраст од 33 години (табела бр. 61). Значајно е да се спомене дека 30% од членовите на домаќинствата ангажирани во индивидуалните земјоделски стопанства се помлади од 35 години, за разлика од 25% на национално ниво. Ова покажува тренд на вклучување на младите во земјоделски активности.

Одличната географска положба, расположливоста со квалитетна обработлива земја, одличните климатски услови и долгата земјоделска традиција се есенцијалните фактори кои придонесуваат за успешниот развој на земјоделството во Пелагонискиот регион. Едновремено, присутно е користење на застарена механизација и технологија кое отвара можности и потреби за дефинирање на програми за поддршка при модернизација на механизацијата и имплементирање на иновациите во производството проследено со производство на здрави производи.

Иницијалните трендови за вклучувањето на младата популација во земјоделието повлекуваат потреба за заживување на руралните средини и обезбедување на адекватен квалитет на живот во селата. Подобрување на целокупната комунална и патна инфраструктура во регионот истовремено влијаат на сите аспекти на животот. Промените во пазарите и побарувачката, како и јакнењето на свесноста за критичноста на вредносните синџири повлекуваат потреба за развој на нови земјоделски култури и можност за враќање на некои земјоделски култури кои се суровинска база.

TOP