Ден на регионалниот развој
На ден 26.12.2024 година почнувајќи од 13:00 часот вo Ресторан Фиш Хаус ДЕЛФИН во с.Чегране, Центарот за развој на Полошки плански регион го реализираше настанот именуван како “Ден на регионалниот развој”, активност во рамки на проектот ,,Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој” – II фаза, финансиски поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка.
На овој настан се промовираше регионалниот развој, реализираните проекти во Полошкиот регион и резултатите од него, претставени во дигитална брошура. Целта на овој настан беше доближување и објаснување на потребата и придобивките од регионалниот развој, афирмација, зголемување на транспарентноста како и мотивација за учество во регионалниот развој.
На настанот присуствуваja градоначалниците на општините во состав на Полошкиот плански регион и вработени во општинските администрации.
No comment yet, add your voice below!