Прва Седница на Советот за развој на Полошки плански регион
На 04.04.2024 година, во салата за состаноци при општина Боговиње, со почеток во 12:00 часот, се одржа првата Седница на Советот за развој на Полошки плански регион за 2024 година.
На оваа Седница беа одобрени важни документи за тековното работење и функционирање на Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР). Исто така, се дискутираше и за потребата од реализација на регионални, развојни проекти во иднина.
Усвоени точки:
- Завршна сметка на ЦРППР за 2023 година,
- Годишен извештај за спроведување на Програмата за развој на Полошки плански регион 2021-2026 за 2023 година,
- Финансиски план на ЦРППР за 2024 година.
No comment yet, add your voice below!