РЕГИОНАЛНИ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА
Центарот за развој на Полошки плански регион, во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – II фаза, кој го реализираат Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка и Бирото за регионален развој во соработка со Центарот за развој на Полошкиот плански регион, почнува со реализација на новиот циклус на Регионални форуми 2023.
За таа цел ќе ни претставува особена чест и задоволство да присуствувате на форумските сесии.
Првата форумска сесија ќе се одржи на 10.11.2023 година (петок) со почеток од 13:00 часот, во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (објект 814.01).
No comment yet, add your voice below!