VII– Сотанок на Советот за развој на Полошки плански регион
На 15.12.2022 година во салата за состаноци на УЕЈЛ се одржа седмата седница на Советот за развој на Полошки плански регион.
На оваа седница се разговараше за многу значајни прашања поврзани со развојот на планскиот регион Полошки, каде како точка на дневен ред беше изборот на нов директор на Центарот за развој на Полошки плански регион за периодот јануари 2023. – јануари 2027 година, каде со гласање на сите градоначалници беше избран досегашниот директор Фатмир Саити.
Исто така на оваа седница беше одлучено претседтел на Советот за развој на Полошки плански регион за втората година да биде избран градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
На овој состанок беше одобрен и проектот за грантовата шема, кој беше приоритизиран на вториот регионален форум од учесниците на форумот.
No comment yet, add your voice below!