Одржана обука за подобрување Комуникациските Вештини
На 29.11.2022 година, Центарот за развој на Полошки плански регион, го организираше работилницата за ефективно комуницирање и подигнување на видливоста на регионалниот развој на која учествува вработените од Центарот заедно со претставници од општините, невладиниот сектор и бизнис заедницата каде меѓу другото имаа можност да се запознаат со креирање на ПР план и бриф, како и тренининг за јавни настапи.
Беше истакнато и беа донесени заклучоци дека сите засегнати страни со подобрување на личните и на заедничките комуникациски вештини заедно можат да придонесат кон подобра транспарентност и промоција на регионалниот развој и развојните ресурси.
Работилницата беше дел од предвидените активности во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза 2, финансиски поддржан од Швајцарската амбасада и Министерството за локална самоуправа.
No comment yet, add your voice below!