ПРВА ФОРУМСКА СЕСИЈА ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТИ ВО ПОЛОШКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН ЗА 2023 ГОДИНА
Одржувањето на првата форумска сесија на 16.11.2022 година го најави започнувањето на процесот на Регионални форуми во заедницата во Полошкиот плански регион, на кој учествуваа околу 50-тина претставници од деветте општини од Полошкиот плански регион, невладини организации, претставници од бизнис секторот, советници од Советите на општините, кои активно дискутираа а воедно предлагаа и решенија како да се надминат проблемите со цел да се подобрат условите за живот на сите жители во регионот, што е од особено значење за успешна реализација на регионалниот форумски процес. Процесот е поддржан и финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ, преку проектот “Одржлив и инклузивен рамнoмерен региoнален развoј – 2 фаза“
Првата форумска сесија беше поделена во два дела, се предлoжија проектни проблеми и идеи и по две Програми и тоа:
- Програма за проекти преку Грантова шема на МЛС/СДЦ и
- Програма за рамномерен регионален развој за 2023 година со
Во првиот дел по Програмата за Грантовата шема за Полошкиот плански регион предвидено е да се доделат средства околу 20 милиони денари. За таа цел присутните на форумот имаа можност да идентификуваат и дефинираат приоритетни регионални проблеми за секоја од претходно утврдените приоритетни области.
Во вториот дел од денот учесниците предлагаа проектни идеи и проблеми по Програмата за рамномерен регионален развој за 2023 година, каде на располагање се околу 55 милиони денари за имплементација на проекти од регионално значење.
Во периодот кој што следува врз основа на идентификуваните предизвици од првата форумска сесија ќе се развијат концептни решенија и по двете Програми кои понатаму ќе се презентираат пред Советот за развој на Полошкиот плански регион како и пред присутните учесници на втората форумска сесија, која е планирана да се одржи кон крајот на месец ноември, почеток на месец декември 2022 година.
No comment yet, add your voice below!