Центарот за развој на полошки плански регион (ЦРППР) и Центарот за истржувања (innovative Center for Applied Research and Education – iCARE-) во рамки на проектната апликација “Стратешко планирање (истражување и развој на студии) и креирање на пакет проекти за регионален развој на Полошкиот регион согласно критериумите за регионалност на БРР”, при Бирото за регионален развој во програмата за регионален развој за 2022-2023, со цел реализирање на проектната активност “Управување на знаењeто,информацииите и податоците произлезени од студиите, преку iCARE”, објавува:
Повторена објава на ЈАВЕН ОГЛАС
за ангажирање на следните експерти
- Експерт во Анализа на Податоци – ГИС/ Просторни податоци
Работни задачи:
- Спроведување на работните задачи зададени од дата науникот (Дата анализа на простор)
- Иницирање на истражувања од областа на просторното планирање
- Координација со чинителите: Дата научник и дата аналисти, ЦРППР Општини, Академија
- Насочување на истражувањата и анализа на податоците за просторот
- Кооридинација на истражувањата на iCARE во областа на просторното планирање
- Надгледување на истражувањата во областа на просторното планирање
Критериуми:
- ВСС Информатички науки/ ГИС/ Архитектура 240 ЕКТС
- Магистер на науки 120 ЕКТС – (Предност)
- Минимум 3 години работно искуство
- Експерт во Анализа на Податоци – Бизнис Анализа
Работни задачи:
- Спроведување на работните задачи зададени од дата науникот (Бизнис анализа, дата анализа на бизнис опкружување)
- Иницирање на истражувања за развој на бизнисот и условите
- Координација со чинителите: Дата научник и дата аналисти, ЦРППР Општини, Академија
- Насочување на истражувањата и анализа на податоците за бизнисот
- Кооридинација на истражувањата на iCARE во областа на бизнис анализата, развој на бизнисот, развој на услови за бизнис
- Надгледување на истражувањата во областа на бизнис анализа
Критериуми:
- ВСС Информатички науки/ Бизнис Информатика / Бизнис / Економија / Технички факултети 240 ЕКТС
- Магистер на науки 120 ЕКТС – (Предност)
- Минимум 3 години работно искуство
- Експерт во Анализа на Податоци – Животна средина
Работни задачи:
- Спроведување на работните задачи зададени од дата научникот ( Дата анализа на влијание врз ж.средина)
- Иницирање на истражувања за подобрување на животната средина (воздух, вода, отпад, бучава и метеж)
- Координација со чинителите: Дата научник и дата аналисти, ЦРППР, Општини, Академија
- Насочување на истражувањата и анализа на податоците за ж.средина на територија на општинте и регионот
- Кооридинација на истражувањата на iCARE во областа на јавна капитална инфраструктура од областа на ж.средина
- Надгледување на истражувањата во областа на ж.средина
Критериуми:
- ВСС Информатички науки/ Градежништво/ Архитектура 240 ЕКТС
- Магистер на науки 120 ЕКТС – (Предност)
- Минимум 3 години работно искуство
Исполнувањето на критериумите се докажува со соодветна документација од релевантни организации
Напомена: Ангажманот е условен со потпишување на Договор за спроведување на проектот, помеѓу ЦРППР и Министерството за Локална Самоуправа, односно Бирото за Регионален Развој на РСМ
Сите позиции се за една година од денот на потпишување на договор.
Сите позиции се хонорарни со 4 часа работно време
Бруто износот кој ќе се исплаќа изнесува 38.437 МКД
Пријавувањето е електронски на следните е-мајл адреси: info@rdcpolog.mk, manager@rdcpolog.mk или во хартиена форма преку архивата на ЦРППР.
Пријавата треба да содржи: Кратка биографија и Мотивациско писмо
Огласот е објавен на веб страната на ЦРППР: www.rdcpolog.mk
Краен рок за пријавување е 09.11.2022
No comment yet, add your voice below!