Skip to content

Повторена објава на ЈАВЕН ОГЛАС

ДАТУМ

ноември 3, 2022

Категории

Повторена објава на ЈАВЕН ОГЛАС

Центарот за развој на полошки плански регион  (ЦРППР) и Центарот за истржувања (innovative Center for Applied Research and Education – iCARE-)  во рамки на проектната апликација “Стратешко планирање (истражување и развој на студии) и креирање на пакет проекти за регионален развој на Полошкиот регион согласно критериумите за регионалност на БРР”, при Бирото за регионален развој во програмата за регионален развој за 2022-2023, со цел реализирање на проектната активност “Поддршка за истражувања и студии”

Повторно го објавува следниот повик:

За грантирање на студии по докторски науки во областите:

 

  1. Животна средина и одржлив регионален развој
  • Надомест од 307.500 МКД за школарина
  • Надомест од 615.000 МКД за истражување и пренос на знаење на студенти од прв и втор студиски циклус

 

  1. Бизнис, економија и одржлив регионален развој
  • Надомест од 307.500 МКД за школарина
  • Надомест од 615.000 МКД за истражување и пренос на знаење на студенти од прв и втор студиски циклус

 

  1. Финансии, економија и одржлив регионален развој
  • Надомест од 307.500 МКД за школарина
  • Надомест од 615.000 МКД за истражување и пренос на знаење на студенти од прв и втор студиски циклус

 

Напомена: Активноста е условена со потпишување на Договор за спроведување на проектот, помеѓу ЦРППР и Министерството за Локална Самоуправа, односно Бирото за Регионален Развој на РСМ

 

 

  1. Студија на системи зa управување со индустриски и друг вид на отпад – Регионален развој поттикнат од зачувување на животната средина ЕЕЕ

Преку грантирање на еден кандидат за докторски науки на тема “Индустриски отпад и регионален развој”  се стреми кон подобрување на капацитетите на локалната самоуправа и регионалната власт во:

– креирање на политики за подобрена животна средина на локално и регионално ниво на Полог

– креирање на локални и регионални политики за управување со индустриски и комерцијален отпад

– класификација на индустрискиот и комерцијалниот отпад во ниво на општини на полошкиот регион

– зголемен капацитет на локалните самоуправи во спроведување на законите и подзаконските акти од областа на животната средина, со посебен акцент во управувањето со отпад (А, Б Интегрирани дозволи)

– зголемен капацитет на локалните, и регионалното претпријатие во управување со отпад, со посебен акцент на индустрискиот и комерцијалниот отпад

– креирање на локални и регионални тарифни модели за зголемени приходи на локалните и регионалните власти

– воспоставување на систем и методологија за регистрација на индустрискиот отпад во информационите ситеми на полошкиот регион

– воспоставување на систем и методологија за квантитативно мерење на влијанието врз животната средина, согласно политиките за управување со индустриски и комерцијален отпад

– воспоставување на систем и методологија за квантитативно мерење на влијанието врз локалниот/регионалниот развој и квалитетот на живот во регионот, од предлог мерки за управување со индустирски отпад

 

Понатаму, студијата ќе ја анализира постоечката состојба со управување на индустриски отпад во општините од полошкиот регион, преку анализа на индикаторите на успешност при спроведување на политики за управување со индустриски отпад.

 

Како исход, студијата ќе треба да подготви  и прирачник за општините и центарот за користење на воспоставените системи, како и програма за обучување на вработените од овие институции, во спроведување на политики за управување со индустриски и комерцијален отпад.

 

Услови за пријавување: 

Кандидатот за оваа позиција треба да ги исполнува минимум следните услови:

  • ВСС во технички науки 180 ЕКТС
  • Магистер на технички науки 120 ЕКТС
  • Минимум 5 години университетско предавање или 10 години работно искуство од релевантната област
  • Минимум еден (1) сертификат релевантен за студијата, од областа предмет на истржување
  • Мотивационо писмо до 1000 збора

 

Напомена: Предност за оваа позиција ќе имаат кандидатите вработени во ЕЛС од полошкиот плански регион и ЦРППР.

 

  1. Студија за влијанието на јавните капитални инвестиции врз регионалниот развој на Полог

 Преку грантирање на еден кандидат за докторски науки на тема “Јавни капитални инвестиции и регионален развој”  се стреми кон подобрување на капацитетите на локалната самоуправа и регионалната власт во:

– подготовка на грантови апликации, и апликации за заеми од МФИ за јавни капитални инвестиции

– привлекување и питчинг при национални и меѓународни финансиски програми

– спроведување и управување со јавните капитални проекти

– воспоставување на систем за регистрација на проектите во информационите ситеми на полошкиот регион

– воспоставување на систем и метедологија која ќе овозможи синергија помеѓу спроведени и идни капитални проекти

– воспоставување на систем и методологија за квантитативно мерење на влијанието врз локалниот/регионалниот развој и квалитетот на живот во регионот, од спроведени и идни проекти

 

Понатаму, студијата ќе ја анализира постоечката состојба со капиталните инвестиции во општините од полошкиот регион, преку анализа на:

– индикаторите на успешност при привлекување на програми за финансиска поддршка на јавни проекти ( период  2015-2022  )

– индикаторите на успешност  при спроведување на јавни капитални инвестиции (период  2015-2022)

 

Како исход, студијата ќе треба да подготви  и прирачник за општините и центарот за користење на воспоставените системи, како и програма за обучување на вработените од овие институции, во приовлекување и спроведување на јавни капитални проекти.

 

Услови за пријавување: 

Кандидатот за оваа позиција треба да ги исполнува минимум следните услови:

  • ВСС во економски/бизнис науки 180 ЕКТС
  • Магистер на економски/бизнис науки 120 ЕКТС
  • Минимум 5 години университетско предавање или 10 години работно искуство од релевантната област
  • Минимум еден (1) сертификат релевантен за студијата, од областа предмет на истржување
  • Мотивационо писмо до 1000 збора

 

Напомена: Предност за оваа позиција ќе имаат кандидатите вработени во ЕЛС од полошкиот плански регион и ЦРППР.

 

  1. Студија за оддржлив регионален развој, преку одржливо управување со јавни финансии во ниво на локалните самоуправи во полошкиот регион

 Проектот ќе се фокусира во зголемување и понатамошен развој на фискалниот капацитет на општините во Полошкиот регион, пред и се во креирање на база на податоци за локалните даноци, ажурирање и сведување на ниво на пазарна вредност на даночните основи почнувајќи со даноците на имот и даноците на промет на недвижностите, кај кои постои најголем фискален простор.

Студијата ќе се фокусира во неколку аспекти, а посебно во:

-Зголемување на опфатот на даночните обрзници во смисла на проширување на даночната база и имплементирање на најновите законски решениа од оваа област кои се на сила од почетокот на 2022 година

-Зголемување и исчистување на постојната база на податоци преку ревалоризација на вредностите на имотите и нивно совпаѓање со пазарната вредност како основица за оданочување, како кај правните субјекти (компаниите и деловните простории) така и кај имотите на физички лица.

– Ажурирање на методологијата за утврдување на пазарната вредност, и

-Поедноставување на постапката и процедурата за поефикасна наплата како и решавање на ,,спорните,, решениа.

 

Сите овие активности во еден процес и во динамика во фази. Првата фаза ќе се фокусира во опфатот, утврдување на минимална вредност на имотот како и менаџирање на жалбената постапка. Во втората фаза, во сите жалбени постапки, да се праќаат на лице место проценителите и истите да проценуваат во детали сите елементи на имотот за да дојдаат до уште повисоко утврдување на реалната пазарна вредност. И во трета фаза, да се ревалоризираат и сите другу случаи кои претхподно ги прифатиле минималните пазарни вредности на општината.

 

Паралелно со овие аспекти ќе се опфати и примената на новото законско решение за втора куќа/стан или викендичка со новата пропишана (три пати повисока) даночна стапка.

 

Услови за пријавување: 

Кандидатот за оваа позиција треба да ги исполнува минимум следните услови:

  • ВСС во економски науки 180 ЕКТС
  • Магистер на економски науки 120 ЕКТС
  • Минимум 5 години университетско предавање или 10 години работно искуство од релевантната област
  • Минимум еден (1) сертификат релевантен за студијата, од областа предмет на истржување
  • Мотивационо писмо до 1000 збора

 

Напомена: Предност за оваа позиција ќе имаат кандидатите вработени во ЕЛС од полошкиот плански регион и ЦРППР.

 

Студии за магистерски науки

 

Центарот за развој на полошки плански регион  (ЦРППР), во рамки на проектната апликација “Стратешко планирање (истражување и развој на студии) и креирање на пакет проекти за регионален развој на Полошкиот регион согласно критериумите за регионалност на БРР”, при Бирото за регионален развој во програмата за регионален развој за 2022-2023, со цел реализирање на проектната активност “Подршка за истражувања и студии”

Повторно го објавува следниот повик:

 

За грантирање на едногодишни студии по магистерски науки во областите:

 

  1. Зелена економија и оддржлив развој

Една (1) стипендија за школарина во износ од по 123.000 МКД

 

  1. Владеење и управување во јавниот сектор

Една (1) стипендија за школарина во износ од по 123.000 МКД

 

  1. Е-Влада

Три (3) стипендии за школарина во износ од по123.000 МКД

Напомена: Активноста е условена со потпишување на Договор за спроведување на проектот, помеѓу ЦРППР и Министерството за Локална Самоуправа, односно Бирото за Регионален Развој на РСМ

 

 

 

 

Услови за пријавување:

Кандидатите за позициите од овој повик, треба да ги исполнуваат минимум следните услови:

  • ВСС во бизнис-економија или технички науки 240 ЕКТС
  • Минимум 7 години работно искуство од релевантната област
  • Мотивационо писмо до 1000 збора

 

Напомена: Предност за позиците ќе имаат кандидатите вработени во ЕЛС од полошкиот плански регион и ЦРППР.

Магистерските тези ќе се дефинират во соработка со iCare и ЦРППР.

 

 

Пријавувањето е електронски на следните емајл адреси: info@rdcpolog.mkmanager@rdcpolog.mk или во хартиена форма преку архивата на ЦРППР.

Огласот е објавен на веб страната на ЦРППР: www.rdcpolog.mk

 

Краен рок за пријавување е 14.11.2022

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy