Skip to content

Покана

ДАТУМ

мај 20, 2022

Категории

,

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Ве поканува на презентација на условите за аплицирање на отворениот јавен повик за инструментот за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст. Сите  информации поврзани со конкретниот повик се достапни на следниот линк: Јавен конкурс  за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст по редовна постапка – Фитр (fitr.mk)

 

Целта на овој инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи (ПЗУ) за забрзан економски раст, кои ги исполнуваат условите од Правилникот за инструментот за поддршка Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.

Презентацијата ќе ја реализираат надлежните лица од ФИТР, преку Бизнис центарот на Центарот за развој на Полошки плански регион, на инфо-сесија која ќе се одржи на ден 23.05.2022 година (понеделник) од 10:00 до 12:00 часот со апликацијата ЗООМ, на следниот линк:

 

https://us06web.zoom.us/j/87803491701?pwd=cVZNT2hKVXJycFhGYVBndU1YUHdxUT09 Meeting ID: 878 0349 1701

Passcode: 436393

Воедно, Ве информираме дека за да Ви се зголемат можностите за добивање финансиски средства, нашиот Бизнис Центар обезбедува БЕСПЛАТНА МЕНТОРСКА ПОДДРШКА за сите заинтересирани компании и приватните здравствени организации, во процесот на изработка на Вашата предлог апликација.

Остварувањето на правото за бесплатна менторска поддршка се добива по принципот – “прв пријавен, прв услужен”. За да ја искористите оваа извонредна можност, потребно е да се пријавите на следниот линк:

https://forms.gle/grQZTjpieqgCqa6H8

 

За дополнителни информации за повикот и менторската поддршка може да се обратите и на емаил адресата: manager@rdcpolog.mk  или директно да се јавите на  тел. број 075 246 951.

Ве молиме најдоцна до 23.05.2022 година (понеделник) до 09:00 часот да го пријавите присуството на претставник од Вашата компанија или здравствена организација на инфо-сесијата, на било кој од гореспоменатите контакти.

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy