Skip to content

III- Сотанок на Советот за развој на Полошки плански регион

ДАТУМ

мај 6, 2022

Категории

III- Сотанок на Советот за развој на Полошки плански регион

 

На 26.04.2022 година во просториите на Хотел Меркуре со почеток во 17:30 часот се одржа третата седница на Советот за развој на Полошки плански регион, на која меѓу другото како една од поважните точки на дневниот ред беше: Одобрување на Приоритетната листа на предлог-проекти, за повикот во БРР за проекти од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022 година , кои ќе бидат приоритет за аплицирање годинава, проекти кои се во интерес на граѓаните на сите општини кои се дел од Полошки плански регион.

 

Се дискутираше и за зголемување и зајакнување на техничките капацитети на Регионалното претпријатие за управување со отпад Русино/Полог, како и за изработка на одредени физибилити студии и техничка документација кои ќе бидат во согласност со Програмата за развој на полошкиот плански регион i во согласност со регионалните критериуми од БРР.

 

Едно од поважните прашања на оваа средба беше локацијата на станицарот за кучињата скитници. Исто така, СРППР се согласи да се започне со подготовки за проекти за канализација, водоснабдување и други проекти поврзани со подобрување на инфраструктурата и создавање поповолни услови за сите граѓани бидејќи е можно овие проекти да се реализираат преку Бирото за регионален развој и од други извори на финасирање.

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy