Skip to content

Втора (последователна) сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“- II фаза

ДАТУМ

мај 6, 2022

Категории

,

Втора (последователна) сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“- II фаза

На 21.04.2022 (четврток) со почеток во 11:00 часот во просториите на „Ресторан Електра Гарден“ во с.Брвеница се одржа втората (последователна) сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“- II фаза, што се организира во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, кој е подджан на Министерството за локална самоуправа на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ.

На оваа форумска сесија беа презентирани 3 (три) концепт решенијата за предлог проектите за Грантова шема и презентација на 4 (четири) концепт решенија од листата на предлог проекти за Програмата за рамномерен регионален развој на БРР/МЛС за 2022, индикативно за 2023 година.

На втората форумска сесија се образложија критериумите за избор на проекти како и начинот на гласање од Грантова шема. По презентирање на проектите се изврши избирањее т.е рангирање на концептните решенија од грантовата шема.

Регионалниот форум во заедницата е програма која има за цел вклучување на граѓаните во процесот на донесување одлуки и зголемување на транспарентноста и одговорноста на општините и регионот.

 

Споделeте:

Email
Facebook
Twitter
LinkedIn
WhatsApp
Telegram

No comment yet, add your voice below!


Add a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

I accept the Privacy Policy