Соопштение
Одржана прва конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот плански регион
Центарот за развој на Полошкиот плански регион (ЦРППР) сака да ја информира јавноста дека на 14 Декември 2021, во Тетово се одржа првата конститутивна седница на Советот за развој на полошкиот регион.
На седницата беа верификувани мандатите на Градоначалниците во својство на членови на Советот за развој на полошкиот плански регион за периодот 2021-2025. За нов претседател на Советот за развој на полошкиот плански регион беше избран Градоначалникот на општина Тетово г. Билал Касами.
Советот за развој на полошкиот регион донесе одлука за утврдување на цена по тон за одлагање на отпад во депонијата Русино. Исто така се донесе одлука со која се предлага и одобрува идентификација на две локации за трансфер станици за отпад, во територијата на општина Тетово, Боговиње, Брвеница и Желино, како и нивно оперативно ажурирање во Регионалниот план за управување со отпад во полошкиот регион.
Пред присатните, од страна на претставници на консултантите во проектот “Управување со цврст отпад во полошкиот регион – Фаза 1” беа презентирани постигнатите резултати од имплементацијата на проектот како и активностите кои што претстојат во иднина.
Исто така Градоначалниците беа информирани за текот на имплементацијата на проектот за управување со кучиња скитници во полошкиот регион.
Со почит,
Центар за развој на Полошки плански регион – Тетово
No comment yet, add your voice below!