Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Швајцарската Конфедерација и Министерството за локална самоуправа, организираше инфо сесија за споделување на искуствата и научените лекции од пилотирањето на конституирањето на Советот за социјална заштита во еден плански регион. Формирањето на Совети за социјална заштита е предвидено да се реализира во сите плански региони во државата, согласно Законот за социјална заштита. На инфо сесијата присуствуваа претставници од секоја општина во рамките на планскиот регион, како и директори на центрите за социјална работа од подрачјето на Полошкиот плански регион. Инфо сесијата имаше за цел да ги презентира начините и чекорите кои ќе претходат на формирањето на регионалниот совет за социјална заштита, да ги претстави потребните документи кои ќе треба да бидат изработени, како и да ги запознае засегнатите страни со одговорностите и задачите за формирањето и функционирањето на ваквиот совет.
No comment yet, add your voice below!