Skip to content

Објава за јавни консултации на документи за заштита на животна средина и социјални аспекти во рамки на проектот “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог”

ДАТУМ

март 13, 2020

Категории

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на „Проектот за локална и регионална конкурентност“ поддржан од страна на ЕУ, администриран од Светска Банка и спроведуван од Кабинет за Заменик Претседател на Владата задолжен за Економски Прашања – КЗПВЕП, проектна компонента „Инвестиции во туристичка инфраструктура и поврзувања во дестинациите“ изготви проект “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог” каде што главната цел е зајакнување на економскиот развој со зголемување на конкурентноста на Полошкиот регион како туристичка дестинација со ефикасно прилагодување на барањата на домашниот и на странските пазари и придонесување во создавање на нови работни места.

Центарот за развој на Полошкиот плански регион во рамките на апликацијата, изготви План за управување со животната средина за проектот “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог”  со цел навремено да се идентификуваат и оценат потенцијалните влијанија врз животната средина од проектните активности. Планот содржи и мерки за спречување, минимизирање и ублажување на можните негативни влијанија од реализација на предвидените проектни активности.

Електронската верзија од Планот за управување со животна средина за проектот е достапна на:

Печатена верзија од Планот за управување со животна средина е достапна на следните локации:

  1. Единица за спроведување на проектот (ЕСП)

Проект за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Адреса:  Ул. Ѓуро Ѓаковиќ бр. 60/1, Скопје

Телефон: 02 32 53 818

Експерт за животна средина: Љубомир Петковски   

E-маил: ljubomir.petkovski@lrcp.org.mk

  • Центар за развој на Полошкиот Плански регион – Тетово

Адреса: ул. Његошева бр.2 Кат-1 1200 Тетово

Телефон: 044/618-062

Одговорно лице: Славко Костоски

Е-маил: info@rdcpolog.mk 

Ве молиме доколку имате коментар/сугестија или дополнување на предложените мерки од Планот за управување со животната средина доставете го до назначените одговорни лица во период од 14 дена по денот на објавување на Планот за управување со животната средина

(дата на објава: 13.03.2020).

Ве молиме Вашите коментари за подобрување на Планот за управување со животната средина за проектот “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог” да ги доставите на наведените е-маил адреси или во Центарот за развој на Полошки плански регион и/или Проектот за локална и регионална конкурентност.

Однапред Ви благодариме

Важно известување:

Поради прогласената вонредна состојба во државата, рокот за доставување на коментари и сугестии  за подобрување на Планот за управување со животна средина на проекот “Зајакнување на алтернативниот туризам во руралните подрачја на Полог” е продолжен до 24 Април 2020. Имајќи ги во предвид вонредните мерки на Владата,Ве молиме Вашите коментари да ги поднесете со пополнување на приложениот формулар и истиот испратете го исклучиво по електронски пат на е-маил адресите наведени погоре.

(Последна измена: 15 Април 2020)

Однапред Ви благодариме

Споделeте:

Share on email
Email
Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on whatsapp
WhatsApp
Share on telegram
Telegram