FORGOT YOUR DETAILS?

СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ОБРАЗОВАНИЕ И РАЗВОЈ

Секторот Социјална Политика, Образование и Развој во Пелагонискиот регион има силни страни кои истовремено претставуваат и можност за дополнителен развој на регионот. Освен географската положба, регион има развиени високо образовни институции, развојни агенции и истражувачки центри, НВО, зајакната свест за прептприемништво и користење ИТ технологија и кооперативен бизнис сектор создава поволна основа и потенцијал за развој.

Од демографските карактеристики по значајни се:

- Вкупен број на население од 232.367 или 10,94% од населението во Р. Македонија (Проценка за 2013 година). Македонија (Проценка за 2013 година).

- Вкупен број на населени места 343 и 93.976 живеалишта (податок од Пописот 2002 година). Голема концентрација на населението во урбаните центри и голем диспаритет помеѓу урбаните и руралните подрачја во кристењето социјални услуги.

- Нагорен тренд на миграции. Иако регистрираниот број на доселени е висок, сепак тоа не ја покажува реалната ситуација поради процедурите и голем број лица кои не се регистрираат особено при отселување од регионот.

Пелагонија претставува високо-образовен центар, со државен универзитет (ДУ Св. Климент Охридски) и неколку приватни високо образовни институции (Меѓународен Славјански Институт “Гаврило Романович Державин”.) Сепак, “создадената“ работна сила не е според потребите на пазарот на труд.

- Во регионот постојат доволен број основни училишта. Сепак апсолутниот број на ученици се намалува (основно и средно). Подобрувања се можни, особено во обезбедување модерни нагледни средства и помагала, подобрување на инфраструктурата, подобрување на меѓународната соработка, поголема синергија со бизнис секторот, развивање на истражувачките дејности на високо-образовните институции и поголема соработка со реалниот сектор.

- Подобрувања во однос на инфраструктурата и помошните средства се потребни и во урбаните и во руралните подрачја. Загрижува фактот на континуираното намалување на бројот на ученици, како и разликата од 0,5% од запишани ученици во средно образование и завршени ученици.

- Задоволувачки услови за високо образование. Доста висок бројот на дипломирани студенти со позитивен тренд во последните три години.

Во однос на образованието (средното и високото) е потребна поголема соработка и синергија со бизнис секторот и создавање нови програми (курикулуми) во средните училишта и факултетите сразмерно на потребите на бизнис секторот и побарувачката на работна сила.

Од социјалните парамери кои е вредно е да се напоменат:

- Висок процент на лица корисници на социјална помош и зголемување на категориите граѓани приматели на социјална помош. Трендот има надолна линија и континуирано се намалува.

- Од информациите во 2013 година во регионот има 189.136 работоспособно население. Регионот има високи параметри во однос на активно население со 64,4% што е повисоко од национален просек од 57,2% (само Југоисточниот регион има повисок процент). Доста висока стапка на вработеност од 50,1% (национален просек од 40,6%) и мала невработеност од 22,2% (29,0% на национално ниво).

Овие факти се добра основа за развој на регионот преку промоција на претприемништвото, развојот на човечките ресурси преку формални инеформални облици, а со тоа и подобрување на животниот стандард на населението.

Воспоставените добри практики на меѓуопштинско ниво треба да ја подобрат комуникацијата и соработката на регионално ниво во секторите Социјална политика и Образование. Подобрувањето на условите во социајалната сфера и образованието преку вклучување на бизнис секторот (донации).

Постојат добри услови за јавно приватно партнерство во сферата на социјалните услуги и образованието

Восопоставувањето институционални и неформални облици на образование (обуки, преквалификации и доквалификации), поголемо вклучување на наставниците и студентите во програмите на мобилност треба да овозможат создавање конкурентна работна сила.

TOP