FORGOT YOUR DETAILS?

ЖИВОТНА СРЕДИНА

Животна Средина

Чистата животна средина и заштитата на природните ресурси се значаен предуслов за развој на Пелагонискиот плански регион. Чистата животна средина влијае кон подобрување на квалитетот на животот и здравјето на луѓето, така што општините од овој регион своите активности треба да ги насочуваат кон заштита и унапредување на животната средина.

Разумното користење на ресурсите и одржување на националните богатства како, националните паркови Галичица и Пелистер, Меѓународниот парк – биосферен резерват Преспа, Преспанското Езеро, реките Црна и Драгор, убавите предели на Баба Планина, Илинска Планина, градот Крушево, островот Голем Град се главен сегмент за развој на здрава животна средина.

Пелагонискиот регион располага со три пречистителни станици во Ресен, Кривогаштани и Могила, а во тек е изградбата на пречистителна станица во Прилеп. Покриеноста на населението со пречистителни станици за отпадни води изнесува 5.4%, што е доста под националниот просек кој изнесува 12.5%. Покриеноста на населението со канализациона мрежа во урбаните средини се движи од 75% до 100% во градот Крушево, додека во руралните средини се движи од 0% до 80% 17, каде во најголем број случаи како решение за отпадните води се користат септичките јами. Проблемот со отпадните води освен загадувањето на почвите влијае и на загадувањето на подземните води, тоа пак придонесува до контаминирање на приносите од земјоделското производство бидејќи отпадните води од септичките јами се одложуваат во суводолици и потоци.

Податокот е извлечен од “ Извештај за завршна оценка на имплементацијата на Програмата за развој на Пелагониски плански регион 2009- 2013 година“ изработен од проектот ГИЗ- Регионален економски развој како дел од институционалната поддршка Министерството за локална самоуправа

TOP